Свет
Тимот на СЗО го посети Центарот за контрола на болестите во Вухан
Тимот на Светската здравствена организација (СЗО), кој го истражува потеклото на пандемијата на Ковид-19 во Кина, денес го посети Центарот за контрола и превенција на болестите (ЦДЦ) во централниот кинески регион Хубеј, каде што вирусот беше првпат потврден во 2019 година.
Група независни експерти поминаа околу пет часа во својата најдолга посета од почетокот на работата на терен откако во четвртокот им заврши двонеделниот карантин и не разговараа со новинарите, пренесува „Ројтерс“.
Денес, тимот на СЗО го посети Центарот за контрола на болестите на провинцијата Хубеј, а според членот на тимот Петер Дашка, состанокот бил добар и важен. Други детали не беа дадени.
Целосен план за посети за време на теренската работа на експертите не беше објавен, а СЗО најави дека членовите на тимот ќе бидат ограничени на посети организирани од нивните кинески домаќини и нема да имаат контакти со локалната заедница поради ризик од ширење на вирусот.
Тимот на СЗО досега ги посети болниците, каде што беа третирани првите случаи на Ковид-19, пазарите од кои има сомнеж дека потекнува вирусот, и изложбата за борба против избувнувањето на пандемијата во Вухан, главниот град на провинцијата Хубеј, наведува агенцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

