Свет
„Тој беше нашиот голем брат и заштитник“: се огласија Хамас, Хезболах и Хутите
Милитантните групи Хамас, Хути и Хезболах, поддржани од Иран, испратија сочувство до Техеран за смртта на претседателот на земјата, Ебрахим Раиси.
Раиси загина во хеликоптерска несреќа заедно со неговиот министер за надворешни работи, Хосеин Амир-Абдолахиан.
Неколку часа откако беше потврдена нивната смрт, висок функционер на Хутите, Мохамед Али Ал-Хути, испрати своето сочувство.
„Нашето најдлабоко сочувство до иранскиот народ и иранското раководство. Иранскиот народ ќе продолжи да има лидери лојални на својот народ“, рече тој.
Хамас соопшти дека го изразува своето „искрено, длабоко сочувство и солидарност до врховниот лидер, иранската влада и братскиот ирански народ“.
„Уверени сме дека Исламската Република Иран ќе може, со помош на Алах, да ги надмине последиците од оваа голема загуба, бидејќи драгиот ирански народ има силни институции способни да се справат со оваа тешка искушение“, наведуваат од Хамас.
Хезболах, со седиште во Либан, го спореди Раиси со „големиот брат“.
„Со претседателот Раиси се познаваме долго време. Тој беше нашиот голем брат, силна поддршка и непоколеблив бранител на нашите ставови и прашања за нацијата и заштитник на движењето на отпорот“, рече Хезболах.
Иран обезбеди воена и економска поддршка на Хамас, Хутите и Хезболах.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бебе застрелано од мало дете кое во паркиран автомобил посегнало по наполнет пиштол во САД
Бебе било застрелано и убиено од мало дете кое додека биле во паркиран автомобил посегнал0 по наполнет пиштол и го повлекло чкрапалото, соопшти полицијата.
Пукањето се случило на паркинг во близина на медицински центар во Сан Антонио, Тексас.
Во возилото имало три деца и една жена, изјави началникот на полицијата на Сан Антонио, Вилијам Мекманус.
„Деца на возраст од 3, 2 години и 10 или 11 месеци биле во задниот дел на возилото“, рече тој.
Едно од постарите деца се фатило за наполнет долг пиштол што бил во задниот дел на возилото и „случајно го повлекол чкрапалото“, пукајќи во најмалото дете, рече началникот.
„Ова што го имаме денес овде е ужасна, страшна трагедија“, рече Мекманус на брифинг со новинарите.
Свет
Бразилскиот претседател Лула е стабилен по повредата на главата
Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва се чувствува добро денеска откако се здоби со повреда на главата во неговиот дом во текот на викендот, кога доживеа мало крварење на мозокот, изјави бразилскиот министер за институционални односи Александре Падиља.
Според лекарите Роберто Калил и Ана Хелена Гермољо, нов контролен преглед ќе биде извршен за 72 часа, пренесува Ројтерс.
Лекарите исто така потврдија дека бразилскиот претседател може да ја продолжи својата нормална работна рутина.
Свет
Ердоган: Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС
Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС и очекува дека претстојниот самит во Казан ќе даде поттик на овој потфат, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Искрено сакаме да ја продлабочиме нашата соработка со БРИКС. Верувам дека самитот во Казан значително ќе придонесе за овие напори“, рече Ердоган во Анкара.
Според турската телевизија ТРТ Хабер, Ердоган потврдил дека „на покана на рускиот претседател Владимир Путин утре ќе го посети Казан за да учествува на проширената средба на лидерите на БРИКС“.