Свет
Трамп: Американците ќе мора да учат кинески ако победи Бајден
Американците ќе треба да учат кинески ако Џо Бајден биде избран за претседател на САД, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.
Во радиоинтервју за конзервативно ориентираниот новинар Хуго Хевит, тој зборуваше за себе во трето лице еднина, пренесува Си-ен-ен.
„САД ќе бидат во сопственост на Кина ако Трамп загуби. Ако не победам на изборите, Кина ќе ги поседува САД. Вие ќе мора да научите кинески“, рече Трамп.
Односите меѓу САД и Кина се во средиштето на предизборната кампања на републиканецот Трамп и демократот Бајден. Трамп ја обвини Кина за ширење на коронавирусот и прикривање информации за вирусот, а неговата администрација повлече неколку потези, што доведоа до тензии во односите со Кина, пишува Си-ен-ен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

