Контакт

Свет

Трамп: Апсењата за смртта на Кашоги се добар прв чекор

Објавено пред

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека соопштението на Саудиска Арабија за апсењата на осомничени за смртта на новинарот Џамал Кашоги се голем прв чекор.

Како што рече, тој со конгресот ќе работи на одговорот на САД.

„Саудиска Арабија е наш голем сојузник, но ова што се случи е неприфатливо“, рече Трамп.

Изјавата на првиот човек на САД следеше неколку часа откако Саудиска Арабија соопшти дека саудискиот новинар и дописник за „Вашингтон пост“, Џамал Кашоги бил убиен во тепачка во саудискиот конзулат во Истанбул.

Саудиските власти соопштија дека по тој повод уапсени се 18 лица, а разрешени се двајца високи функционери.

Свет

ОН: Светското население ќе порасне на 9,7 милијарди до 2050 година

Објавено пред

Населението во светот старее и иако бројот на жители расте со побавно темпо, сепак се очекува негово зголемување од сегашните 7,7 милијарди на 9,7 милијарди до 2050 година, се наведува во извештај на Обединетите нации.

Одделот за население на ОН во објавениот извештај наведува дека бројот на луѓе во светот би можел да достигне врв од речиси 11 милијарди до крајот на овој век.

Според новите показатели, повеќе од половина од очекуваниот раст на бројот на жители од денес до 2050 година ќе биде во само девет земји во светот.

Деветте земји во кои се очекува најголем раст на населението се Индија, Нигерија, Пакистан, Конго, Етиопија, Танзанија, Индонезија, Египет и САД.

Извештајот тврди дека населението во светот старее поради подолгиот животен век и намалувањето на плодноста.

Прикажи повеќе...

Свет

Преживеан од „Батаклан“, кој се самоуби, признат како 131. жртва во нападот

Објавено пред

Гијом Валет, кој го преживеа нападот во „Батаклан“ во 2015 година, но се самоуби две години подоцна, е официјално признат како 131. жртва на нападите, пренесува „Ле Паризиен“.

Иако не беше физички повреден за време на терористичкиот напад во ноември 2015 година, Гијом Валет доби тешко посттрауматско растројство, што се влоши до тој степен што во 2017 година се самоуби со бесење.

По неговото самоубиство, родителите на Валет извршија притисок тој да биде признат како жртва на нападот, а нивниот адвокат доведе експерт, кој сведочеше дека 30-годишникот немал психички проблеми пред нападот.

Психијатарот д-р Кетрин Вонг сведочеше пред судот во врска со случајот велејќи:

„Може да се утврди дека траумата од 13.11.2015 била причина за состојбата на посттрауматски стрес кај Гијом Валет, искомплицирана од голема депресивна епизода и дека самоубиството било компликација на ова голема депресивна епизода. Затоа, самоубиството на Гијом Валет е крајна последица на нападот“.

Сведочењето ги убедило судиите да го признаат Валет како директна жртва на нападите, а Клер Жозеран Шмит, адвокат од Француската асоцијација на жртви на тероризмот (АФВТ), ја нарече првичната пресуда огромен чекор напред.

„Приказната за Гијом мора да ги алармира властите за потребната придружба на жртвите на нападите со текот на времето“, додаде таа и рече дека менталните повреди треба да се препознаат на ист начин како и телесните.

Минатата година жртвите од „Батаклан“ добија 85 милиони евра компензација, која во голема мера беше собрана од мала такса на договорите за осигурување имот.

Прикажи повеќе...

Свет

Русија: Америка настојува намерно да предизвика војна со Иран

Објавено пред

САД намерно настојуваат да предизвикаат војна со Иран, изјави официјален претставник од руското министерство за надворешни работи, коментирајќи го соопштението на САД дека ќе испратат дополнителни илјада војници на Блискиот Исток.

Русија, која важи за близок сојузник на Иран, се бори заедно со иранските сили во Сирија.

САД неделава објавија дека ќе испратат дополнителни илјада војници на Блискиот Исток како одговор на нападите врз двата нафтени танкера во Оманскиот Залив. САД го обвинија Иран дека ги извршил нападите, додека иранските власти категорично го негираа тоа.

Обраќајки им се новинарите, заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков рече дека веќе долго време може да се забележи постојан политички, психолошки, економски и воен притисок на САД врз Иран.

„Верувам дека ваквиот начин на реакција, на некој начин е провокација. Не може да се сфати никако поинаку освен како настојување да се предизвика војна“, рече Рјабков, а пренесе државната агенција „Тасс“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

УБК прислушувала од аероклубот во Центар

Сведокот Сашо Трајковски, во продолжението на сведочењето за предметот за масовното прислушување на СЈО, ,,Таргет Тврдина”, рече дека освен во...

Регион51 минута

(Видео) Тројно убиство во Белград, жртвите биле мачени и фрлени во септичка јама

Во текот на изминатата ноќ по пријава на граѓани, српската полицијата открила три тела во септичка јама зад шопинг-центар во...

Македонија2 часа

Сведок на СЈО: Знаевме каде и како Мијалков и Грујевски се логираат за да прислушуваат

Сашо Трајковски, инженер во поранешната УБК, сведок на СЈО во предметот „Таргет – Тврдина“, во исказ пред судот рече дека...

Спорт3 часа

Мишел Платини уапсен за доделување на СП во 2022 на Катар!

Поранешниот претседател на УЕФА и легенда на францускиот фудбал, Мишел Платини, е уапсен во Нантер, предградие на Париз, поради одлуката...

Свет3 часа

(Видео) Во земјотресите во Кина загинаа 12, а повредени се 134 лица

Бројот на загинати во двата силни земјотреса во Кина се искачи на 12, а бројот на повредени на 134. Спасителите...

Свет4 часа

(Видео) Четворица повредени, пукотници и стампедо на прослава во Торонто

Четири лица се ранети при пукање на прославата на првата шампионска титула во НБА-лигата на Торонто репторс на плоштадот „Нејтан...

Македонија4 часа

Судир во ЕУ за почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Членките на ЕУ во понеделникот се судрија во однос на почетокот на преговорите за членство на Албанија и Северна Македонија,...

Македонија5 часа

Необезбедена јама демне во школски двор во Хиподром – родителите стравуваат за децата

Необезбедена јама веќе неколку месеци стои без заштитна ограда во дворот на основното училиште „Вера Јоциќ“ во населбата Хиподром (општина...

Hitech7 часа

„Хуавеј“ со загуба од 30 милијади долари

Основачот и директор на „Хуавеј“, Рен Женгфеи, потврди дека приходите на овој телекомуникациски гигант ќе бидат 30 милијарди долари помали...

Крвав четврток19 часа

Пресудата за 27 април е на 1056 страници, адвокатите се жалат на рокот

Пресудата за 27 април кога се случи насилниот упад во Собранието е напишана на 1056 страници и веќе им се...

Македонија19 часа

Поплавени подруми, непроодни улици и затнати шахти од невремето во Куманово

Oпштинa Куманово денес од 14,45 до 15,40 часот ја зафати пороен дожд кој направи проблем за собирање на водата во...

Македонија23 часа

Анкета на „Макфакс“: Шилегов направил најмалку за градот Скопје

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, на прашањето „Кој градоначалник на Скопје направи најмалку за градот?“, најголем...

Македонија1 ден

(Видео) Жителите на населбата Јака се жалат – живееме во кал и мрак, без јавен превоз

Седум години по почнувањето на изградбата на населбата Јака во Илинден, состојбата е непроменета – очајна, а општинската власт не...

Македонија1 ден

Хан: Северна Македонија направи храбри компромиси, ЕУ губи ако не ја награди земјата

Политичкиот компромис на земјите од Западен Балкан треба да биде награден, изјави комесарот за проширување, Јоханес Хан, во пресрет на...

Економија1 ден

Објавен јавниот повик за бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето-износот од 22.000 денари е...

Бегството на Груевски1 ден

(Видео) Државата ќе бара екстрадиција на Груевски како организатор на 27 април

Државата ќе бара екстрадиција на поранешниот премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски, за настаните од 27 април 2017 година...

Регион1 ден

Јадранот се задушува во пластика и е меѓу најзагадените мориња во Европа

Концентрацијата на пластичен отпад на дното на Јадранското Море е меѓу најголемите во Европа по североисточниот дел на Медитеранот и...

Вести2 дена

Помпео: САД не сакаат војна со Иран

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска изјави дека, иако Иран несомнено е одговорен за минатонеделните напади врз два танкери на...

Македонија2 дена

(Видео) СДСМ избра нов Извршен одбор

Централниот одбор на СДСМ избра нови членови на Извршниот одбор, нов организационен секретар и секретар за меѓународна соработка. Лидерот на...

Спорт2 дена

Победа и одмазда над Грција за сигурно прво место! (галерија)

Македонија ги надмина проблемите од стартот на мечот, и во Струмица ја победи Грција со 27:23 (13:11) во последното коло...

Досие