Свет
Трамп: Бајден ќе влезе во Белата куќа ако докаже дека законски ги добил гласовите
Американскиот претседател, Доналд Трамп, на социјалната мрежа Твитер објави дека Џо Бајден може да стане претседател само ако докаже дека гласовите ги добил законски.
„Бајден може да влезе во Белата куќа како претседател само ако може да докаже дека неговите смешни „80.000.000 гласови“ не биле добиени незаконски. Кога ќе видите што се случи во Детроит, Атланта, Филаделфија, масовна измама, тоа e голем нерешлив проблем“, рече Трамп.
Претходно Трамп изјави дека ќе ја напушти Белата куќа доколку eлекторскиот колеџ ја потврди победата на демократскиот кандидат Џо Бајден на претседателските избори. Тој посочи дека тоа не значи дека прифаќа пораз.
Трамп рече дека ќе биде голема грешка ако електорите го сторат тоа, но дека тој ќе ја прифати нивната одлука.
На прашањето дали ќе ја напушти претседателската резиденција на денот на инаугурацијата, 20 јануари 2021 година, ако победата на Бајден биде потврдена, Трамп одговори:
„Секако дека ќе го направам тоа, и вие знаете дека е така. Но, мислам дека многу работи ќе се случат пред 20-ти јануари. Откриена е огромна измама“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.
Свет
Европската комисија го разгледа развојот на ситуацијата на Блискиот Исток: проценети можните ефекти од прелевањето на конфликтот
Европската комисија денес објави дека го разгледала развојот на ситуацијата на Блискиот Исток, како и дека ги проценува можните ефекти од прелевањето на конфликтот врз Европската Унија.
Комисијата во соопштението наведува дека ќе се фокусира на управување со какви било негативни последици што произлегуваат од развојот на настаните во регионот, објави Ројтерс.
ЕК истакна дека внимателно ги следи цените на енергијата и нивната испорака, како и дека ќе свика работна група за енергија во соработка со националните власти.
Во исто време, Комисијата го интензивира следењето на потенцијалните прекини во транспортот, особено во Ормутскиот теснец и Црвеното Море, се додава во соопштението.
САД и Израел го нападнаа Иран во саботата во, како што нарекоа, „превентивни напади“, кои дојдоа по неуспехот на неколку рунди преговори за нуклеарната програма на Иран.
Потоа Иран започна масовни напади како одмазда против Израел и цели поврзани со САД низ целиот регион на Блискиот Исток, објавува Танјуг.
Свет
Почина и сопругата на иранскиот ајатолах: им подлегна на повредите
Мансуре Хоџастех, сопругата на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, почина од повредите здобиени во неодамнешните американско-израелски напади, објавија иранските државни медиуми.
Медиумите потсетуваат дека Хамнеи беше убиен во заеднички американско-израелски напади насочени кон неколку локации во Техеран и неговата околина.
Според иранските државни медиуми, Хоџасте беше повредена во истиот бран напади, а денес им подлегна на повредите.

