Контакт

Свет

Трамп: Бајден ќе влезе во Белата куќа ако докаже дека законски ги добил гласовите

Објавено пред

Американскиот претседател, Доналд Трамп, на социјалната мрежа Твитер објави дека Џо Бајден може да стане претседател само ако докаже дека гласовите ги добил законски.

„Бајден може да влезе во Белата куќа како претседател само ако може да докаже дека неговите смешни „80.000.000 гласови“ не биле добиени незаконски. Кога ќе видите што се случи во Детроит, Атланта, Филаделфија, масовна измама, тоа e голем нерешлив проблем“, рече Трамп.

Претходно Трамп изјави дека ќе ја напушти Белата куќа доколку eлекторскиот колеџ ја потврди победата на демократскиот кандидат Џо Бајден на претседателските избори. Тој посочи дека тоа не значи дека прифаќа пораз.

Трамп рече дека ќе биде голема грешка ако електорите го сторат тоа, но дека тој ќе ја прифати нивната одлука.

На прашањето дали ќе ја напушти претседателската резиденција на денот на инаугурацијата, 20 јануари 2021 година, ако победата на Бајден биде потврдена, Трамп одговори:

„Секако дека ќе го направам тоа, и вие знаете дека е така. Но, мислам дека многу работи ќе се случат пред 20-ти јануари. Откриена е огромна измама“.

Регион

(Видео) Во Србија пристигнаа милион дози од кинеската вакцина, Вучиќ ќе се вакцинира со неа

Објавено пред

„Ние сме првата земја во Европа што ја доби кинеската вакцина. Јас најверојатно ќе бидам претставникот на власта што прв ќе ја прими вакцината од овој производител“, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.

Утрово тој го пречека авионот „Ер Србија“ на аеродромот „Никола Тесла“, со испораката на милион дози од вакцината „Синофарм“ од Кина. Кинеската амбасадорка Чен Бо, шефот на БИА, Братислав Гашиќ и министерот за здравство Златибор Лончар беа со претседателот на аеродромот.

„Ова е неверојатна работа. Не знам дали луѓето разбираат колку значи оваа пратка за нашата земја“, изјави Вучиќ пред новинарите.

Со пристигнувањето на кинеската вакцина, Србија ќе биде единствената што има на располагање три вида вакцини.

Доколку Агенцијата за лекови и медицински помагала (АЛИМС) издаде дозвола за употреба на кинеската вакцина веднаш, имунизацијата на здравствените работници кои изјавија дека сакаат да ја примат, може да започне в недела.

Вучиќ најави дека в понеделник ќе пристигнат уште околу 20.000 дози од вакцината на Фајзер, а потоа и уште 250.000 дози Спутник. Како што рече, Србија до јуни ќе има пет до шест различни вакцини.

Тој побара од Владата на Србија да ги стави новинарите на списокот на приоритетни групи за вакцинација.

Прикажи повеќе...

Свет

СЗО е против ковид пасоши: „Светот е збунет и парализиран“

Објавено пред

Светската здравствена организација (СЗО) ги советуваше државите да не ги условуваат меѓународните патувања со докази за вакцинација или имунитет.

Ова беше истакнато на состанокот на Комитетот за вонредни состојби на СЗО составен од 19 независни експерти.

Експертите дадоа низа препораки што беа прифатени од генералниот секретар на СЗО, Тедрос Аданом Геберјесус, и испратени до членките на Обединетите нации.

„Во овој момент, не воведувајте обврска за докажување на вакцинација или имунитет за меѓународно патување, бидејќи сè уште има клучни непознати информации за ефективноста на вакцината во намалувањето на преносот, а вакцините не се целосно достапни за секого. Доказите за вакцинација не треба да ги ослободуваат меѓународните патници од други ограничувачки мерки за намалување на ризикот од зараза за време на патувањето“, соопшти Комитетот на СЗО.

Тие истакнаа дека во моментов постои голема разлика помеѓу земјите во однос на вакцинациите, тестирањата, карантинот и забраните за патување, што доведува до тоа светот да биде малку збунет и парализиран.

Експертите сметаат дека е важно да се развијат научно засновани и јасни упатства за тоа како да се олесни патувањето на најдобар начин и да се овозможи движење на луѓето на безбеден начин преку воздух, море или копно.

„Научните докази не се целосни, нема доволно вакцини и затоа не треба да создаваме непотребни ограничувања за патувања сега. Затоа, да се обидеме да го заштитиме патничкиот простор и да осигураме дека економиите не се целосно изолирани“, рече Мајк Рајан, главен експерт за СЗО.

СЗО ги повикаа државите да ги следат видовите на вирусот, како што се идентификувани од Велика Британија и Јужна Африка, за соодветно да се процени ефикасноста на вакцините, лековите и дијагностичките тестови, пишува Ројтерс.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Србија пристигнуваат милион дози од кинеската вакцина

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ќе ја пречека испораката на милион дози на вакцината „Синофарм“ од Кина.

Како што соопшти прес-службата на Вучиќ, утрово ќе пристигне авионот „Ер Србија“ на аеродромот „Никола Тесла“.

Авионот ќе биде пречекан и од амбасадорот на Кина во Србија, Чен Бо и министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар.

Српските медиуми, претходно вчера јавија дека најверојатно в недела со кинеската вакцина ќе почне имунизацијата на здравствените работници.

Во Србија во тек е имунизација со вакцината на Бионтек/Фајзер и со руската вакцина „Спутник 5“.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион14 минути

(Видео) Во Србија пристигнаа милион дози од кинеската вакцина, Вучиќ ќе се вакцинира со неа

„Ние сме првата земја во Европа што ја доби кинеската вакцина. Јас најверојатно ќе бидам претставникот на власта што прв...

Свет1 час

СЗО е против ковид пасоши: „Светот е збунет и парализиран“

Светската здравствена организација (СЗО) ги советуваше државите да не ги условуваат меѓународните патувања со докази за вакцинација или имунитет. Ова...

Свет1 час

Бајден најави вакцинирање на 100 милиони Американци за 100 дена

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, претстави план во кој ја објасни намерата за вакцинирање на 100...

Свет13 часа

Велика Британија од понеделник ги затвора сите коридори за патување

Велика Британија ги зајакнува граничните контроли за да спречи нови видови на коронавирус да влезат на нејзината територија, суспендирајќи ги...

Свет15 часа

„Сигнал“ има технички проблеми откога за една недела стекна 40 милиони корисници

Шифрираната услуга за пораки „Сигнал“ соопшти дека има технички проблеми, но вети дека бргу ќе ги надмине. Оваа апликација, промовирана...

Свет16 часа

Трамп го напушта Вашингтон на денот на инаугурацијата

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да го напушти Вашингтон утрото на денот на инаугурацијата на својот наследник Џо Бајден, на...

Свет17 часа

Продолжени строгите мерки во Италија

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, издаде указ со кој се продолжуваат рестрикциите за контрола на ширењето на коронавирусот кога Министерството за...

Македонија17 часа

Нови 403 заболени и 10 починати од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.118 тестирања, а регистрирани се 403 нови случаи на...

Македонија20 часа

Обвинителството отвори предмет за палењето на бугарското знаме во Вевчани

Основното јавно обвинителство Струга отвори предмет по допрен глас во врска со написите во одредени медиуми дека за време на...

Македонија20 часа

Опцијата граѓаните да може да докупат стаж за пензија може да се одолговлечи до 2024 година

Закон за докуп на стаж е процес којшто ќе трае, а ние ќе го исполниме предизборното ветување до нашите граѓани,...

Свет21 час

Меѓународна анкета: Британците и Данците се најсклони на вакцинација, Французите и Полјаците многу поскептични

Денеска се објавени резултатите од големо меѓународно истражување за вакцинацијата против Ковид-19, пренесе агенцијата „Ројтерс“. Резултатите покажуваат дека подготвеноста за...

Македонија21 час

Општина Вевчани го осуди палењето на знамето на Бугарија

Општина Вевчани најостро го осудува чинот на палење на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани, соопшти...

Македонија22 часа

Во последните 24 часа нема нови ковид – пациенти на интерните клиники во Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 14 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а...

Европа1 ден

Унгарија отстапува од регулативите на Брисел, Орбан бара одобрување на кинеската вакцина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изрази надеж дека во рок од неколку дена, националниот регулатор на лекови јасно ќе одговори...

Македонија1 ден

Новите членови на ДИК дадоа свечена изјава во Собранието

Новите членови на Државната изборна комисија дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери. Нови членови на највисокото изборно...

Македонија1 ден

Пендаровски: Палењето на знамето на Бугарија е за осуда

Палењето на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани е недопустливо и за осуда. Меѓу соседите е...

Свет1 ден

Поради недостиг од кислород починале сите пациенти во болничко крило во Бразил

Гувернерот на најголемата бразилска сојузна држава Амазон, Вилсон Лима, прогласи полициски час поради извештаите за голем пораст на бројот на...

Свет1 ден

СЗО: 95 отсто од произведените вакцини се распоредени во само 10 земји

Шефот на европскиот огранок на Светската здравствена организација (СЗО), Ханс Клуге, изјави во Копенхаген дека 95 проценти од вакцините против...

Свет1 ден

(Видео) Пјонгјанг ги покажа новите ракети – „Ова е слика на нашата апсолутна моќ“

Северна Кореја организира воена парада во центарот на Пјонгјанг со цел да го одбележи крајот на осумдневниот конгрес на Работничката...

Македонија1 ден

Захариева: Остар вербален демарш за Скопје поради палењето на бугарското знаме во Вевчани

Софија упати вербален демарш за Скопје поради запаленото знаме на Бугарија на карневалот во Вевчани, објави бугарската министерка за надворешни...

Досие