Свет
Трамп воведе нови мерки против ширењето на коронавирусот
Американскиот претседател, Доналд Трамп, воведе нова група мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, вклучително и избегнување митинзи во групи со повеќе од 10 лица и избегнување посети во ресторани, барови и трговски центри.
„Ако се чувствувате лошо, останете дома, не одете на училиште. Ако вашите деца се болни, не праќајте ги на училиште“, е една од новите мерки што ги воведе Белата куќа.
Според АП, Белата куќа ги советува американските граѓани дека ако некој во нивното домаќинство заболел од коронавирусот, сите членови на тоа домаќинство треба да останат дома.
И постарите, додаде тој, треба да останат дома и да избегнуваат други луѓе.
Истата препорака се однесува на луѓе што веќе имаат некои здравствени проблеми, како што се проблеми со срцето или белите дробови.
На американските учениции во училиштата и на факултетите им се препорачува да работат од дома секогаш кога е можно.
На граѓаните им се советува да избегнуваат јадење и пиење во ресторани и барови, но да користат услуги за испорака на храна или ресторани за брза храна.
Исто така, на Американците им се советува да се грижат повеќе за личната хигиена и да избегнуваат посети на здравствени установи без потреба.
Белата куќа, меѓу другото, препорачува да се затворат ресторани, барови и спортски сали во САД, каде што се пријавени случаи на коронавирус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелската војска: Од понеделникот погодени повеќе од 250 цели на Хезболах во Либан
Израелската војска соопшти дека почнала нов бран воздушни напади врз инфраструктура на Хезболах во либанската престолнина Бејрут.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) најавија дека дополнителни детали за нападите ќе бидат објавени подоцна. Пред ударите биле издадени предупредувања за евакуација на две згради во Бејрут.
Според ИДФ, од понеделникот, кога Хезболах се вклучил во конфликтот, израелските сили погодиле повеќе од 250 цели во Либан, од кои околу 100 во последните 24 часа.
Меѓу целите, како што тврди израелската војска, биле оперативци на милитантни групи, ракетни лансери, складишта за оружје и командни центри на Хезболах.
Во јужен Либан, според израелските процени, околу 300.000 цивили ги напуштиле своите села по наредбите за евакуација издадени од ИДФ. Во текот на ноќта биле издадени и нови предупредувања за евакуација за повеќе од десет населени места.
Фото: Depositphotos
Регион
(Видео) Српска инфлуенсерка од Дубаи: Се слушаат удари, некои луѓе не сфаќаат што се случува
Српските инфлуенсерки Сара и Ања Дамњановиќ се наоѓаат во Дубаи, каде, како што велат, изминатите денови се слушаат експлозии по нападите во регионот.
Сара во видео објава раскажа дека тие биле евакуирани од стан и се преселиле во хотел на понизок кат поради безбедност, пренесе „Б92“.
View this post on Instagram
„Последниот силен удар го слушнав вчера наутро и ме разбуди. Кога бевме на 24. кат, зградата се тресеше и се слушаше силен звук“, изјави таа.
Додава дека ситуацијата е различна во зависност од делот на градот – додека некаде се активираат аларми и има евакуации, на други места луѓето седат во кафулиња и сè изгледа нормално.
Инфлуенсерката вели дека лично не паничи, но е загрижена поради големиот број информации и лажни видеа што се шират на социјалните мрежи.
Таа опиша и момент кога, трчајќи кон гаража, видела што се случува на небото и дека хотел на околу два километри од нив бил погоден. И покрај тензијата, вели дека градот функционира релативно нормално, иако понекогаш сообраќајот кратко се прекинува по нападите.
Фото: Depositphotos
Свет
Франција испрати борбени авиони „Рафал“ во своите бази на Емиратите
Франција распореди борбени авиони „Рафал“ во своите воени бази во Обединетите Арапски Емирати со задача да го обезбедуваат воздушниот простор над базите, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.
Тој за телевизијата „БФМТВ“ изјави дека авионите спровеле операции за обезбедување на воздушниот простор, но не изнесе дополнителни детали за мисијата.
Распоредувањето доаѓа во време на ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.

