Свет
Трамп го нападна Врховниот суд поради одлуката за пребројување на гласовите во Пенсилванија
Американскиот претседател Доналд Трамп во обраќање до медиумите во Вирџинија, во централната канцеларија на Републиканците, го нападна Врховниот суд поради одлуката за пребројување на гласовите во Пенсилванија.
Трамп рече дека резултатите од изборите во Америка треба да бидат познати уште вечерва и дека сè друго ќе биде лошо.
„Мислам дека пресудата за Пенсилванија е несреќна пресуда од Врховниот суд затоа што мислам дека треба да знаеме што се случува уште оваа вечер“, истакна тој и додаде:
„Луѓето нека гласаат рано, но мора да имате бројки. Не можете да ги одложувате тие работи толку многу денови, а можеби и со недели. Не можете да го правите тоа. Целиот свет чека“.
Трамп исто така кажа дека многу лоши работи се случуваат во врска со гласачките ливчиња.
„Многу лоши трикови, многу лоши работи се случуваат со гласачките ливчиња кога ќе кажете – О, да, ќе се посветиме на броење со денови и денови, и тогаш одеднаш, бројот на гласачките ливчиња се менува“, додаде тој.
Трамп ја нарече пресудата на Врховниот суд многу опасна одлука за земјата.
„Мора да имате датум. Тој датум испадна да биде 3 ноември”, рече американскиот претседател додавајќи:
„И треба да имаме право на 3 ноември да знаеме кој ќе победи“.
Претходно Трамп изрази уверување дека има многу солидни шанси да победи на претседателските избори со прогноза дека ќе победи и во Пенсилванија, која важи за клучна држава.
„Ќе победиме убедливо во Тексас, Флорида и Аризона. Мислам дека резултатите ќе бидат многу добри за нас и во Северна Каролина”, рече Трамп, повикувајќи се на неколку сојузни држави каде резултатите би можеле да бидат блиски, пренесува агенцијата „Франс прес“.
Меѓутоа, „Њујорк тајмс“ пишува дека Бајден е пред Трамп на бојните полиња во Висконсин и Пенсилванија, како и на Флорида и во Аризона, според анкетата што весникот ја спровел во соработка со Сиена колеџот.
Во текстот се тврди дека водството на демократскиот кандидат е најизразено во Висконсин, каде што тој има апсолутно мнозинство гласови и води со 52 спрема 41 процент.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Украина треба да го прифати мировниот план за да заврши војната
Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш го коментираше мировниот договор со САД, за кој рече дека Украина треба да го прифати за да се стави крај на руската војна во земјата.
На прашањето дали разговарал со Володимир Зеленски за мировниот план од 28 точки за Украина, Трамп рече: „Имаме план. Ужасно е што се случува. Тоа е војна што никогаш не требаше да се случи.“
„Мислиме дека имаме начин да постигнеме мир. Тој ќе мора да го одобри“, додаде американскиот претседател.
Кога еден новинар му спомна дека мировниот план наишол на критики, Трамп возврати прашувајќи: „Мислите дека [на Зеленски] не му се допаѓа?“
„Ќе мора да му се допадне, а ако не му се допаѓа, тогаш претпоставувам дека треба да продолжиме да се бориме“, рече Трамп.
Тој, исто така, се потсети на своите претходни изјави. „Во еден момент, тие ќе мора да прифатат нешто. Се сеќавате во Овалната соба, не толку одамна, реков: „Немате карти“.
„Ја наследив оваа војна. Мислев дека требаше да постигне договор пред една или две години“, заклучи Трамп.
Свет
Туск: Полска е премногу силна
Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека Русија се обидува да ја дестабилизира Полска бидејќи, како што процени, Варшава денес претставува „премногу силна држава“ за да биде директно нападната. Неговата изјава ја пренесува веб-страницата Lidovky.cz.
„Русија сака да нè ослабне по секоја цена, бидејќи денес Полска е премногу силна за да ја нападне директно“, рече Туск, додавајќи дека, според него, стратегијата на Москва е јасна и насочена кон внатрешен раздор.
Според Туск, целта на Москва е „да ја подели Полска со Европа, со Украина и пред сè – да ги натера Полјаците да се караат едни со други“, според написите.
Фото: принтскрин
Свет
Претставници на ЕУ: Трамп доби часовник и златна прачка за да ги намали царините за Швајцарија
Функционери на Европската Унија и Швајцарија денес оценија дека подароците што група швајцарски милијардери му ги дале на американскиот претседател Доналд Трамп, вклучувајќи златен часовник „Ролекс“ и гравирана златна прачка во вредност од 130.000 долари (околу 113.000 евра), биле „непочитувачки“ и дека биле дадени за Швајцарија да добие намалување на царините од Соединетите Американски Држави.
Италијанскиот член на Европскиот парламент, Пасквале Тридико, изјави дека е „згрозен“ од скапите подароци, кои биле дадени неколку недели пред Трамп да одлучи да ги намали царините од 39 проценти за швајцарскиот увоз на 15 проценти, објави „Гардијан“.
„Ова е навистина ужасно“, рече Тридико, наведувајќи дека се чини дека станува збор за „претворање на надворешната политика во политика на поединци“.
Фото: принтскрин

