Свет
Трамп го одложи воведувањето нови санкции против Русија
Американскиот претседател, Доналд Трамп, наредил одложување на новите економски санкции што требаше да бидат воведени врз Русија, а во неделата ги најави амбасадорката на САД во Обединетите нации, Ники Хејли.
„Вашингтон пост“ пишува дека по најавите дека санкциите ќе влијаат врз компаниите што помагаат со опрема за извршување хемиски напади во Сирија, Трамп одржал консултации со неговите советници за национална безбедност. Тој бил вознемирен што санкциите биле јавно најавени бидејќи не се чувствувал сигурен оти постои потреба за наметнување на санкциите.
Претставници на администрацијата на Трамп соопштија дека е мала веројатноста тој да одобри дополнителни сакции против Русија, без нова провокација од страна на Москва.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

