Контакт

Свет

Трамп го предупреди Ердоган: Не биди будала, ќе бидеш запаметен како ѓавол

Објавено пред

Американскиот претседател, Доналд Трамп, на 9 октомври, кога почна турската акција во североисточна Сирија, му напишал писмо на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во кое го предупредил, доколку ситуацијата во Сирија не биде решена на хуман начин, дека во историјата ќе биде запаметен како ѓавол.

На почетокот на краткото писмо, што на „Твитер“ го објави новинарката на „Фокс“, Триш Реган, американскиот претседател на својот турски клега му предлага да постигнат добар договор.

„Не сакате да бидете одговорен на масакр на илјада луѓе, а јас не сакам да бидам одговорен за уништувањето на турската економија, а ќе го сторам тоа“, навел Трамп, кој веќе воведе некои санкции кон Турција и се заканува дека ќе ги прошири на начин што тие ќе бидат уништувачки за турското стопанство. Во писмото Трамп истакнува дека тешко работел за да се решат некои од проблемите на Турција и на Ердоган му порача да не го разочарува светот.

Свет

Од недела во САД се забранети „Тик ток“ и „Вечет“

Објавено пред

„Тик ток“ и „Вечет“ од недела ќе бидат забранети во САД, освен ако претседателот Доналд Трамп не се согласи во договор во последен момент.

Министерството за трговија соопшти дека ќе им забрани на луѓето во САД да преземаат апликации за пораки и споделување видео преку која било продавница за апликации на која било платформа.

Администрацијата на Трамп вели дека компаниите ја загрозуваат националната безбедност и можат да ги пренесат податоците за корисниците на Кина. Но, Кина и двете компании го негираат ова.

„Тик ток“ соопшти дека е „разочаран“ од наредбата и не се согласува со одделот за трговија, нагласувајќи дека компанијата веќе се обврзала на „невидени нивоа на дополнителна транспарентност“ во поглед на загриженоста на администрацијата на Трамп.

Наредбата за забрана од Министерството за трговија следи по извршните наредби на претседателот Трамп потпишани во август. Тоа им даде на американските бизниси 45 дена да престанат да работат со ниту една кинеска компанија.

Прикажи повеќе...

Регион

Силен земјотрес го погоди Крит

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала го погоди грчкиот остров Крит.

Според податоците на сеизмолозите, епицентарот на потресот е лоциран на длабочина од 40,5 километри југозападно од Арви, пренесе „Спутник“.

Сè уште нема информации за жртви и материјална штета.

Според Европскиот-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил посилен – 5,9 степени според Рихтеровата скала.

Ова е шетси и најсилен земјотрес кој го погодил Крит за време на последниот месец.

Прикажи повеќе...

Регион

Украдени ретки книги во вредност од 2,5 милиони фунти, пронајдени под подот на куќа во Романија

Објавено пред

Околу 200 „незаменливи“ книги вредни повеќе од 2,5 милиони фунти (3,2 милиони американски долари), кои биле украдени од еден магацин во Лондон, се пронајдени закопани под подот на куќа во рурална Романија, соопшти полицијата, пренесе Би-би-си.

Делата вклучуваат први изданија на Галилео и Исак Њутн.

Тие биле украдени од крадци во јануари 2017 година, кои направиле дупки во покривот на магацин во Фелтам, а потоа влегле преку нив, избегнувајќи ги сензорите.

Мажите биле идентификувани како дел од романска банда за организиран криминал.

Бандата е одговорна за низата кражби на магацини со голема вредност низ Велика Британија, се вели во соопштението на лондонската полиција Метрополитен.

Полицајците ги откриле книгите под земја при претрес на куќа во регионот на Неама, во североисточна Романија.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион6 часа

Украдени ретки книги во вредност од 2,5 милиони фунти, пронајдени под подот на куќа во Романија

Околу 200 „незаменливи“ книги вредни повеќе од 2,5 милиони фунти (3,2 милиони американски долари), кои биле украдени од еден магацин...

Свет7 часа

Трамп сакал да го ослободи Асанж, ако му кажел кој стои зад хакерскиот напад на Демократската партија

Американскиот претседател Доналд Трамп му понуди помилување на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, доколку открие кој стои зад хакирањето на...

Македонија9 часа

Отказ за советникот на Чулев поради насилно и недолично однесување

Министерството за внатрешни работи му даде отказ на Зоран Ѓорѓиевски, кој беше вработен како советник во кабинетот на министерот во...

Топ10 часа

Осумгодишно дете починало на пат кон болница

Вчера во Градската болница Куманово со возило на брза помош било донесено осумгодишно дете на реанимација. Детето било од Крива...

Македонија12 часа

Осум лица починаа од коронавирус, потврдени 144 нови случаи

Во последните 24 часа осум лица починаа, а потврдени се 144 нови случаи на коронавирус од 1.545 теста, соопшти Министерството...

Македонија13 часа

Мицкоски: На Јанкулоска ѝ судеа без докази затоа што не избра да биде слуга во скутот на Заев

„Мафијата на власт потроши над 8 милиони евра за службени возила, а за набавка на едно службено возило што го...

Македонија14 часа

40 илјади деца немаат компјутери за да следат онлајн-настава

Училиштата ќе отпечатат материјали за учење од дома за 40 илјади деца, кои немаат техничка опрема за следење на онлајн-наставата....

Македонија14 часа

Интегра го тужи Мицкоски, од него бара 100 илјади евра за клевета

Партијата Интегра поднесе тужба против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку која бара 100.000 евра поради изнесени клевети и лаги...

Македонија14 часа

Обвинителството поднесе жалба за условната казна за сообраќајната несреќа кај Млечен ресторан

Основното јавно обвинителство Скопје до Апелациониот суд поднесе жалба на пресудата за условна казна за сообраќајната несреќа што пред две...

Регион15 часа

(Видео) Редок циклон пристигна во Грција, јахти летаат на сите страни

Исклучително редок медитерански циклон, „медикејн“, кого Грците го нарекоа Јанис, погоди делови oд Грција. Медиумите јавуваат дека јахтите се удираат...

Свет16 часа

Национален парк на Тајланд по пошта им го враќа на туристите ѓубрето што го оставиле зад себе

Посетителите на националните паркови на Тајланд, по враќањето дома, може да почнат да добиваат пакети во кои им е испратено...

Македонија16 часа

Јанкулоска оди во затвор, Врховниот суд ја потврди пресудата

Врховниот суд, по една година вонредно преиспитување на предметот „Тенк“, ја потврди четиригодишната затворска казна, која ѝ беше изречена на...

Регион16 часа

Балканот се подготвува за исклучително редок метеоролошки феномен

Грција почна со подготовки за редок вид бура, медитеранскиот ураган познат како медиган. Според хрватскиот „Јутарњи лист“, се очекува невремето...

Македонија16 часа

Се расчистува дивата депонија кај СЦ „Борис Трајковски“

Општина Карпош почна со чистење на теренот во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, кој изминатава недела гореше во два...

Свет17 часа

СЗО: Рекорден број нови случаи во Европа, пред нас е сериозна ситуација

Најновиот неделен биланс на бројот на нови случаи на коронавирус во Европа ги надмина бројките забележани кога пандемијата првпат го...

Свет17 часа

Кина спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против Ковид-19

Кинескиот министер за наука и технологија, Ванг Џиганг, изјави дека земјата во моментот спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против...

Економија17 часа

Жените сè уште значително помалку платени од мажите за иста работа

Надлежните институции во соработка со приватниот сектор и синдикатите да развијат ефикасен механизам кој ќе придонесе за изедначување на платите...

Топ18 часа

Тачи на Трамп ќе му додели Орден на слободата

Косово ќе му ја додели највисоката награда на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата улога во помагањето на Косово и...

Европа18 часа

Чешка соборува рекорди: за еден ден 3.130 нови случаи на Ковид-19

Во Чешка се регистрирани 3.130 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е најголем број нови случаи за...

Свет18 часа

Повеќе од 200 озлогласени криминалци избегаа од затвор

Затвореници во Уганда успеале да ги совладаат чуварите и најмалку 219 од нив успеаја да избегаат од затворот со петнаесетина...

Досие