Свет
Трамп доби дозвола да се врати на „Фејсбук” и на „Инстаграм”

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп доби дозвола да се врати на социјалните платформи „Фејсбук“ и „Инстаграм“, од кои беше избркан поради инвазијата на неговите поддржувачи во Капитол во 2021 година.
Сметките на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“ на Трамп ќе бидат обновени во наредните недели, рече менаџерот на „Мета“ во изјавата во средата.
Трамп веќе може да се врати на својот омилен „Твитер“ откако мрежата ја купи иноваторот и мултимилијардер Илон Маск.
„Наше општо правило е дека не сакаме да застанеме на патот на отворена, јавна и демократска дебата за платформите на ‘Мета’, особено во контекст на изборите во демократските општества, како што се САД“, напиша претседателот за глобални прашања на компанијата, Ник Клег.
„На јавноста треба да ѝ се дозволи да слушне што имаат да кажат нивните политичари – добро, лошо, грдо – за да може луѓето да одлучат за кого да гласаат на изборите“, додаде Клег.
„Мета“ му го укина пристапот на Трамп до сметките на 6 јануари 2021 година кога стотици поддржувачи на Трамп упаднаа во Капитол и нападнаа полицајци и пратеници додека Конгресот седеше да ги потврди изборните резултати.
Основачот на „Фејсбук“, Марк Цукерберг, тогаш изјави дека се плаши од можноста Трамп со својата реторика да предизвика ново насилство.
„Мета“ најави дека ќе инсталира „нова заштита за да ја спречи злоупотребата“ во мрежата, а тоа вклучува и високи казни за прекршителите како Трамп, кој се соочува со двегодишна суспензија доколку ги прекрши правилата на компанијата, што значи и забрана за поттикнување насилство.
Не се знае дали Трамп, кој основа сопствена социјална платформа минатиот февруари, некогаш повторно ќе објави на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“.
Но, Трамп ја пофали одлуката на „Мета“ на својата мрежа Truth Social Life, пренесе „Индекс.хр“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Американски булдог го нападнал сопственикот на игралиште во Англија: реагирала и полицијата

Американски булдог го нападнал сопственикот на игралиште во Англија. Кучето според тамошните медиуми го искасало човекот, а морала реагира и полицијата.
Просторот за спорт беше евакуиран додека полицијата и експертите за животни, вклучително и оние од RSPCA, локалните зоолошки градини и паркот за диви животни, работеа на контрола на агресивното куче, стои во извештаите.
Кучето било задржано во високо ограден простор на игралиште во Торп Вилоуби, Северен Јоркшир.
Ветеринарот морал да му даде на кучето седатив, а потоа животното безбедно било префрлено во одгледувачницата, пренесуваат медиумите.
Сопственикот се здобил со рани од каснување, но никој друг не е повреден, соопшти полицијата во Северен Јоркшир.
Голем број експерти за животни биле контактирани по немилиот настан.
Се истакнува дека кучето тежело повеќе од 50 килограми.
Регион
Вучиќ за Си-Ен-Ен: Србија ги спроведе сите меѓународни обврски, Косово ниту една

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, говорејќи за американската телевизија Си-Ен-Ен, рече дека српската страна ги спроведувала сите меѓународни обврски од Бриселскиот договор, а косовската страна не ја исполнила онаа што ја имала – формирањето на Заедницата на српски општини.
Вучиќ истакна дека од доаѓањето на косовскиот премиер Албин Курти на власт имало 353 етнички мотивирани напади врз Србите, додавајќи дека ова е најголемиот број на вакви инциденти од прогласувањето на независноста на Косово.
“Само оваа година имаше пет пукања врз цивили од српска националност. Србите сакаат само безбедност и сигурност за себе и за своите семејства£, рече Вучиќ.
Тој ги негираше обвинувањата на Албин Курти дека ги уценувал Србите да не гласаат на локалните избори во северно Косово, прашувајќи ја водителката дали некогаш видела легитимни демократски избори на кои излегле нешто повеќе од 3 отсто од гласачите.
Свет
Бебе починало откако родителите го оставиле три часа во жежок автомобил во Флорида

11-месечно бебе починало откако родителите го оставиле во автомобил додека оделе во црква во Флорида.
Полицијата добила повик од баптистичката црква во Палм Беј и извештај за бебе кое не реагирало околу 13 часот во неделата.
Според властите, бебето било оставено во возилото околу три часа додека нејзините родители биле на миса, пишува „Индипендент“.
Таа била пренесена во болницата каде била констатирана смрт.
„Ова е несреќен инцидент, а нашите сочувства и молитви се упатени до семејството“, рече началникот на полицијата во Палм Беј, Марио Ауџело.
Истрагата е во тек, а полицијата не соопшти дали ќе биде поднесена пријава против родителите, кои не се именувани.
Според „KidsAndCars.org“, Флорида е на второ место во САД по смртни случаи од автомобили.
Минатата година во САД имало 36 смртни случаи на деца во жешки автомобили, а досега шест во 2023 година, според организацијата.
„Најважно е луѓето да знаат дека ова може да му се случи апсолутно на секого. Нема правила“, вели Жан Фенел, претседател и основач на „KidsAndCars.org“.