Свет
Трамп: Мексико прави повеќе за границата на САД отколку демократите
Во понеделникот американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека во блиска иднина Мексико ќе објави договор со Вашингтон како дел од нивниот миграциски договор, пренесува „Хил“. Трамп на „Твитер“ повеќепати ги прекори демократите дека не придонесуваат за безбедноста на јужната граница на САД.
„Тажно е кога ќе помислите, но Мексико во моментот прави повеќе за САД на границата отколку демократите во Конгресот,“ напиша Трамп.
Минатата недела САД и Мексико издадоа заедничка билатерална декларација за мерки за намалување на протокот на нелегални мигранти преку границата меѓу САД и Мексико.
Мексико се согласи да ја испрати својата Национална гарда на јужната граница и да преземе чекори за да го спречи шверцот со луѓе. САД, од своја страна, ќе ги вратат барателите на азил кои се обидуваат да ја преминат границата во Мексико, каде што ќе останат додека се решаваат нивните случаи.
Таканаречениот мграциски карван од Централна Америка почна да се пробива до САД преку Мексико есента 2018 година. Во февруари Трамп прогласи национална вонредна состојба поради ситуацијата на мигрантите за да се соберат средства за изградба на пограничниот ѕид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

