Свет
Трамп нареди создавање нов државен фонд за купување на „Тик-ток“
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се наредува одделенијата за финансии и трговија да создадат владин инвестициски фонд за кој рече дека може да ја купи социјалната мрежа „Тик-ток“.
„Тик-ток“, кој има околу 170 милиони американски корисници, накратко беше отстранет од интернет непосредно пред да стапи на сила законот на 19-ти јануари со кој се бара од кинескиот сопственик ByteDance да го продаде или ќе се соочи со забрана за неговата употреба поради национална безбедност.
По преземањето на функцијата на 20 јануари, Трамп потпиша извршна наредба со која се предвидуваше 75-дневно одложување на спроведувањето на законот.
Американскиот претседател рече дека е во разговори со неколку луѓе за купување на „Тик-ток“ и дека најверојатно ќе донесе одлука за иднината на популарната апликација во февруари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран ги затвори училиштата
Сите образовни установи во Иран ќе бидат затворени до крајот на март, а наставата ќе се одвива онлајн, објави новинската агенција Тасним.
Портпаролот на Министерството за образование изјавил дека мерката е воведена како одговор на „воената агресија на ционистичкиот режим со поддршка од САД“.
Одлуката ќе важи до крајот на персиската календарска година, односно до 21 март.
Фото: Depositphotos
Свет
Израелската војска повика на итна евакуација во јужен Бејрут
Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа обемен налог за евакуација на делови од јужен Бејрут, додека продолжуваат нападите врз цели на Хезболах во Либан.
Во објава на платформата Икс, портпаролот на ИДФ, Авихај Адраеи, наведе дека лицата во зоната за евакуација се наоѓаат во близина на „објекти и интереси поврзани со Хезболах“.
„Поради ваша безбедност и безбедноста на членовите на вашето семејство, мора веднаш да ја евакуирате оваа зграда и соседните објекти и да се оддалечите од нив на најмалку 300 метри“, се наведува во пораката.
Фото: Depositphotos
Свет
Иран: Не планираме да го затвориме Oрмутскиот Теснец
Иран засега не планира да го затвори Oрмутскиот Теснец по нападите на САД и Израел, изјави министерот за надворешни работи Абас Арагчи во интервју за „Ал Џезира“.
„Во оваа фаза не планираме мерки што би ја нарушиле пловидбата“, изјави тој.
По ескалацијата на конфликтот, дел од бродските компании и осигурители го суспендираа транзитот низ теснецот.
Преку Oрмутскиот Теснец дневно минуваат околу 20 милиони барели нафта и значителен дел од глобалните испораки на течен природен гас.
Фото: Depositphotos

