Контакт

Свет

Трамп објави фотошопирана фотографија од себе како Грета

Објавено пред

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека е смешно тоа што „Тајм“ ја избра шведската активистска за климата Грета Тунберг за личност на годината, а сега нејзината слика од насловната страница на магазинот се појави во неговата кампања.

Претседателовата кампања објави фотошопирана фотографија на Трамп како Тунберг на една од официјалните прифили на Твитер, @TrumpWarRoom.

„Кога станува збор за почитување на ветувањата, постои само една личност на годината“, се наведува во твитот, во кој понатаму се наведува листата на постигнувања на Трамп , вклучувајќи ги и „процутот на економијата“, изградбата на антиимигрантскиот ѕид кон Мексико и трговските договори.

Пред неколку дена, кога беше објавена веста дека 16-годишната активистка е личност на годината според „Тајм“, американскиот претседател го оцени како безначаен нејзиниот избор.

„Грета треба да работи на својот проблем со контролата на гневот, а потоа да отиде на некој добар старомоден филм заедно со другарка! Олади, Грета, олабави се малку“, напиша Трамп на „Твитер“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Американски бизнисмен тврди: Министерот за правда знаел сè за аферата на Трамп во Украина

Објавено пред

Во интервјуто за „Ем-си-ен-би-си“ американскиот бизнисмен со украинско потекло Лев Парнас, истакнал дека Доналд Трамп и другите републикански лидери знаеле сè за притисокот што се вршел врз Украина, за да се компромитира Џо Бајден, поранешен потпретседател на демократите и кандидат на претседателските избори во 2020 година.

Парнас истакнал дека Доналд Трамп лажел кога рекол дека не го познава. „Не бевме пријатели , но тој знаеше кои сме, особено кој бев затоа што многупати бев во контакт со него“, рече Парнас.

Трамп вчера повтори дека не го познава Парнас. „Не го познавам. Мислам дека не сум разговарал со него“, рече американскиот претседател, признавајќи дека можеби се сликал со него.

Парнас додаде дека од почетокот е јасно дека притисокот врз Украина е во целост насочен кон загрозување на изгледите на Џо Бајден на претседателските избори, а не за борба против корупцијата, што е главниот аргумент на Доналд Трамп.

Во интервју за „Њујорк тајмс“ и „Си-ен-ен“, Парнс истакнал дека некои лидери на републиканците биле свесни за овие притисоци, повикувајќи се на широк спектар на луѓе околу претседателот, вклучувајќи го секретарот за правда Вилијам Бар, калифорнискиот претставник Девин Нунс, друг член на Комисијата за разузнавање на куќата и уште две лица поврзани со финансирање на кампањата за реизбор на Трамп.

Парнас, заедно со Игор Фруман, исто така американски државјанин со украинско потекло, е обвинет дека го криел странското потекло на донациите добиени во 2018 година за изборни кампањи, а особено тоа потекло од 325.000 американски долари платени за изборната кампања во мај 2018 година на Доналд Трамп.

Прикажи повеќе...

Свет

Лансиран широкопојасен сателит, ќе има сигнали во пустините и океаните

Објавено пред

Првиот кинески широкопојасен сателит, со комуникациски капацитет од 10 гигабајти во секунда, е испратен во вселената од Центарот за лансирање сателити „Џиучуен“.

Сателитот е лансиран од ракета-носачот КЗ-1А кој го направи комерцијалната вселенска компанија „Галакси спејс“.

Во многу оддалечени области, како што се пустини и океани, не се постигнува телекомуникациски сигнал, пренесува Кинеското меѓународно радио (CRI). Овој вид сателит во ниска орбита помага да се добие стабилен и брз сигнал во пустините и океаните, како и во брзите возови и авиони.

Прикажи повеќе...

Свет

Во иранскиот напад врз американските бази повредени биле 11 војници

Објавено пред

Најмалку 11 американски војници се повредени во иранскиот напад врз двете американски воени бази во Ирак, соопшти вчера американската Централна команда, иако претходно американската војска тврдеше дека никој не е повреден.

„Ниту еден американски војник не е убиен во иранскиот напад од 8 јануари врз воздушната база Аин ал Асад, но неколкумина завршија во болница поради симптоми, како потрес на мозокот од ракетниот удар, и нивната состојба сè уште се проценува“, се вели во соопштението на портпаролот на Централната команда, Бил Урбан.

За време на нападот во бункери биле евакуирани повеќето од 1.500 американски војници во базата.

Според претходните извештаи на американската армија, при ударот била предизвикана значителна материјална штета, но нема извештаи за жртви или повредени.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, исто така по нападот изјави дека ниеден Американец не е повреден.

Сепак, Урбан рече дека во деновите по нападот некои војници биле преместени од воздухопловната база Аин ал Асад како мерка на претпазливост.

„Тогаш осуммина војници беа пренесени во ‘Ландштул’ (американска воена болница во Германија), а тројца беа пренесени во ‘Камп Арифјан’ (воена база на Кувајт)“, соопшти тој.

Ирански ракети исто така удрија во воена база во главниот град на курдската регионална влада.

„ Се очекува овие војници да се вратат во Ирак откако ќе се извршат прегледи и ќе се процени нивната подготвеност“, рече Урбан.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

Меркел: Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ

„Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ, но на тој пат двете земји можат да се...

Македонија51 минута

Усвоени измените во законот за извршување, социјално загрозените нема да плаќаат

Законодавниот дом ги изгласа најновите измени и дополнувања на Законот за извршување кои ги подготви Министерството за правда. Ова е...

Свет2 часа

Премиерот на Украина поднесе оставка

Премиерот на Украина, Олексиј Хончарук, денеска поднесе оставка, јавува „Ројтерс“. Од кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопштуваат дека...

Регион2 часа

Лајчак: Следните месеци клучни за односите помеѓу ЕУ и Западен Балкан

Шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак изјави дека следните месеци ќе бидат клучни за односите помеѓу Европска Унија и земјите...

Свет2 часа

Земјотрес со јачина од 5,6 степени го погоди Мексико

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во јужниот дел на Мексико, кој според медиумите...

Свет2 часа

Oслободени новинарите на „Анадолија“ коишто беа уапсени во Каиро

Новинарите на турската државна новинска агенција „Анадолија“, кои во средата беа уапсени во Каиро, се ослободени откако платија кауција од...

Регион3 часа

(Видео) Масовни протести – Црна Гора ги брани верските објекти

Илјадници верници на Српската православна црква и граѓани протестираа против Законот за верската слобода. Црногорскиот митрополит Амфилохие, кој ја предводеше...

Свет16 часа

Трамп го прекршил законот кога ја спречил воената помош за Украина

Белата куќа го прекршила американскиот закон кога ја прекинала воената помош наменета за Украина, одлучи независното тело кое ја надгледува...

Македонија21 час

Докторката на Трајковски ќе сведочи во „ТНТ“ за неговата дијагноза

Судот одлучил на следното рочиште за „ТНТ“ да ја повика докторката која на обвинетиот ексградоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски,...

Европа21 час

Русија доби нов премиер

Државната Дума ја потврди кандидатурата на поранешниот шеф на Федералната даночна служба, Михаил Мишустин, за нов премиер на Русија. Мишустин...

Топ23 часа

Опожарени возилата на Сузана Турунџиева и на Ребека

Автомобилот на пејачката и водителка Сузана Турунџиева бил опожарен изутринава околу 3 часот. Огнот го зафатил и возилото на пејачката...

Македонија23 часа

Шкријељ: Нема да дозволиме граѓаните поради предизборни препукувања да останат без нивните права

Дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ денеска на прес-конференција во Владата повика на конструктивност и соработка со...

Топ23 часа

Шестмина повредени во сообраќајна несреќа кај Велес

Една жена е потешко повредена додека петмина други полесно во сообраќајната несреќа што се случи изутинава околу 8 часот на...

Свет24 часа

Спасено девојче од Пакистан кое 18 часа било затрупано со снег

Едно 12-годишно девојче е пронајдено живо откако лавина ја погодила нејзината куќа во Пакистан и откако 18 часа било затрупано...

Топ1 ден

Притвор за скопјанец кој марихуаната ја чувал во тегли од лутеница и ајвар

Скопското основно јавно обвинителство покрена обвинение против 27-годишник од скопската населба Влае кој криел марихуана во тегли за зимница. Како...

Регион1 ден

Рама го тужи Харадинај за клевета

Албанскиот премиер Еди Рама  поднел тужба до Основниот суд во Приштина за клевета против косовскиот колега во заминување Рамуш Харадинај....

Свет1 ден

Седум членови од Претставничкиот дом ќе го водат случајот против Трамп во Сенатот

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес испрати резолуција за отповикување на претседателот Доналд Трамп до Сенатот.  Со тоа се создадени услови...

Свет2 дена

(Видео) Вулканот Таал направи пустош на Филипините

Ерупцијата на вулканот Таал во близина на Манила исфрли лава, а местата во непосредна близина ги покри со пепел. Аеродромот...

Свет2 дена

Путин го предложи Михаил Мишустин за нов премиер на Русија

Рускиот претседател, Владимир Путин, пред државната Дума за премиер го предложи Михаил Мишустин, претседател на Руската федерална даночна служба. „Претседателот...

Македонија2 дена

(Видео) Спасовски: Очекуваме одлука за почеток на преговорите со ЕУ пред самитот во мај

„Влегуваме во важен период во кој очекуваме сериозни исчекори напред кон реализација на една од нашите суштински стратешки цели –...

Досие