Свет
Трамп одобри санкции за земјите што се мешаат во американските избори
Американскиот претседател, Доналд Трамп, потпиша уредба со која се одобрува воведување на санкциите кон земјите и поединци што се мешале во американските избори.
Советникот за национална безбедност, Џон Болтон, и директорот на американските разузнавачки служби, Ден Коутс, изјавија дека уредбата е доказ оти безбедноста на изборниот процес е еден од приоритетите на Трамп.
Болтон појасни дека уредбата не се однесува само на мешањето во изборната инфраструктура, туку и на ширењето дезинформации и пропаганда.
Коутс додаде дека уредбата налага разузнавачките агенции да утврдат дали поединец, ентитет или земја се мешале во американските избори, и ако е така, информацијата мора да ја достават во секретаријатите за правосудство и внатрешна безбедност.
Станува збор за процес што би требало да осигури дека САД прават сè што можат за да спречат мешање во нивните избори, да известат што се случува во периодот пред изборите, а потоа и да дадат целосна процена по гласањето, рече Коутс.
Тој истакна дека уредбата не е посебно насочена кон Русија, а како други можни закани ги наведе Кина, Северна Кореја и Иран.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

