Свет
Трамп призна дека е делумно виновен за хаосот во Капитол Хил во кој загинаа пет лица
Американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, призна дека сноси дел од вината за хаосот што се случи на 6 јануари, кога демонстрантите упаднаа во зградата на Конгресот, пренесуваат американските медиуми.
„Фокс њуз“, повикувајќи се на извор запознаен со целата ситуација, наведува дека претседателот на САД го спомнал тоа додека разговарал со лидерот на републиканците во Претставничкиот дом, Кевин Мекарти.
Според информациите, Мекарти телефонски разговарал со Трамп и за време на разговорот се согласил со претседателот дека тој е одговорен за немирите во Вашингтон во кои беа убиени пет лица, пренесува „Спутник“.
Во меѓувреме на Трамп трајно му е избришан профилот на Твитер откако беше обвинет за предизвикување насилство, а профилите на Фејсбук и Инстаграм исто така се суспендирани.
Треба да се напомене дека се појавија и други извештаи во врска со разговорот помеѓу Трамп и Мекарти. Имено, како што тврди Аксиос, претседателот во заминување наводно го обвинил левичарското движење Антифа за упад во зградата на американскиот Конгрес.
Извори од Белата куќа, кои знаат за овој разговор, наведуваат дека комуникацијата била проткаена со напнатост, главно со агресија и тврдат дека Мекарти му рекол на Трамп дека тоа не е Антифа, туку приврзаници на МАГА (Да ја направиме Америка повторно голема).
„Тие беа членови на МАГА. Го знам тоа. Бев таму“, му рече Мекарти на Трамп и го советуваше да го повика Џо Бајден, да се сретне со него или да му остави писмо за добредојде на неговото биро во Овалната канцеларија на Белата куќа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

