Контакт

Свет

Трамп сака мексиканските наркокартели да ги прогласи за терористички организации

Објавено пред

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека мексиканските картели ќе ги прогласи за терористички групи поради нивната улога во трговијата со дрога и луѓе на што Мексико бргу одговори со барање за разговори.

„Јас работев на тоа последниве 90 дена. Не е толку едноставно, има процес и ние сме длабоко во тоа“, рече Трамп, пренесува „Ројтерс“.

Набргу потоа мексиканското Министерство за надворешни работи издаде изјава во која се вели дека бргу ќе се одржи средба на високо ниво со претставници на американскиот Стејт департмент за решавање на законоската регулатива, како и протокот на оружје и пари за организиран криминал.

„Министерот за надворешни работи ќе стапи во контакт со својот колега Мајкл Помпео за да разговара за ова многу важно прашање за билатералната агенда“, велат од Министерството.

Штом една група се прогласи за терористичка организација, според законот на САД, незаконски е луѓето во Соединетите Држави свесно да ѝ нудат поддршка и нејзините членови не може да влезат во земјата и може да бидат депортирани.

Европа

Белгија бележи рекордни бројки, 13.227 новозаразени и 50 починати за 24 часа

Објавено пред

Белгија во последните 24 часа забележа рекордни 13.227 нови случаи на инфекција со коронавирус, додека е постигнат нов врв во бројот на смртни случаи – 50.

Националниот центар за јавно здравје „Сиенсано“ вели дека бројот на заразени лица во Белгија продолжува да расте во однос на просекот на новоинфицираните на дневна основа од минатата недела, што е 9.692.

Просечниот број на смртни случаи во претходната недела беше 33 на дневна основа, а Белгија достигна бројка од 10.539 смртни случаи од коронавирус.

Експертите предупредуваат и на зголемување на бројот на хоспитализирани, што сега го надмина прагот од 3.000, а 525 пациенти се на интензивна нега.

Во Белгија дневно се тестираат околу 60 000 луѓе, а стапката на позитивност на тест е највисока во Брисел и Лиеж, каде што секое четврто испитано лице добива позитивен резултат на Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Хрватска повеќе од 1.500 новозаболени, десетмина починати во Загреб

Објавено пред

Хрватскиот кризен штаб објави нови податоци според кои има повеќе од 1.500 новозаболени од коронавирус, а во Загреб има десетмина починати.

Во последните 24 часа евидентирани се 1.563 нови случаи на инфекција со коронавирус, а бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 7.380. Меѓу нив, 661 пациент е во болница, од кои 46 се на апарати за дишење.

Тринаесет лица починаа, од кои 10 во Загреб.

Бројките објавени за Загреб укажуваат на тоа дека денес во Хрватска ќе биде соборен уште еден рекорд. Главниот град скокна од вчерашните 337 на 705 новозаболени.

Прикажи повеќе...

Свет

Примирје само на хартија, продолжуваат борбите во Нагорно-Карабах

Објавено пред

Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека борбите околу Нагорно-Карабах на целата линија на фронтот продолжиле и денес.

Според соопштението на Министерството, борбите се воделе со различен интензитет вчера и во текот на ноќта во правец Агдера-Агдам, Физули-Џабраил и Зангилан-Кубадли.

„Непријателот со лесно оружје, минофрлачи и топови ги гранатираше одбранбените позиции на азербејџанската армија“, се наведува во соопштението, јавува TАСС.
Се додава дека азербејџанските сили ја принудиле ерменската страна да се повлече од важните точки и бројните позиции во областа Кубадли, со големи загуби на луѓе и оружје.

Ерменија и Азербејџан го постигнаа вториот договор за хуманитарен прекин на огнот во саботата, кој стапи на сила на полноќ по локално време, но двете земји веднаш започнаа меѓусебно да се обвинуваат за кршење на примирјето.

Обновените судири околу Нагорно-Карабах избувнаа на 27 септември откако азербејџанските и ерменските сили се судрија на границата меѓу двете земји во текот на летото.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

Првата меѓувладина конференција ќе биде позитивен сигнал и до регионот, порача Заев на онлајн средба со Борел

Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни...

Регион26 минути

Во Хрватска повеќе од 1.500 новозаболени, десетмина починати во Загреб

Хрватскиот кризен штаб објави нови податоци според кои има повеќе од 1.500 новозаболени од коронавирус, а во Загреб има десетмина...

Свет1 час

99-годишна жена од Шпанија го победи коронавирусот

Кога 99-годишната Флорентина Мартин се заразила со коронавирус во септември, нејзината внука стравувала дека ќе заврши сама на одделот за...

Македонија2 часа

Стевановиќ: Заразените со лесни симптоми да се лекуваат дома

Сите оние кои имаат лесни симптоми да бидат дома, изолирани со симптоматска и витаминска терапија. Да им помогнеме на оние...

Свет2 часа

ФБИ: Иран и Русија се мешаат во претседателските избори

Иран и Русија собраа податоци од американски гласачи за да влијаат на претстојните претседателски избори, соопшти денеска ФБИ, додавајќи дека...

Македонија3 часа

Активни над 6.000 случаи со коронавирус, болниците се полнат

Во моментот како активни се водат 6.069 случаи на коронавирус на целата територија, од кои 2.983 се од Скопје. Само...

Свет15 часа

Починал волонтер што учествувал во тестовите за вакцина против Ковид-19

Бразилската здравствена агенција „Анвиса“ потврди дека починал волонтер што учествувал во испитувања на вакцина против Ковид-19, пренесува агенцијата „Ројтерс“. Станува...

Македонија18 часа

Дванаесетмина починати и нови 641 заразен од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.688 тестирања, а регистрирани се 641 нов случај на...

Топ19 часа

Кондовец со возило удрил во полицаец и побегнал, нападнати биле и полицајците што го пронашле

Во вечерните часови на 20 октомври, на скопската улица Ѓорче Петров, автомобил „ауди“, управуван од А. А. (26) од село...

Македонија20 часа

Инспекторите ќе можат да ги затвораат кафеаните со новите законски измени

Со новите построги мерки кои се во собраниска процедура инспекторите ќе можат веднаш да ги затвораат угостителските објекти до 30...

Свет21 час

(Видео) Силен земјотрес го прекина интервјуто на премиерката на Исланд

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, за кратко го прекина интервјуто со премиерката на Исланд, Кетрин...

Македонија21 час

Филипче: Мерките мора да се донесат во најкраток можен рок

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека обидот на ВМРО-ДПМНЕ за блокада на измените на Законот за заштита на населението...

Македонија22 часа

Владата ги осуди изјавите на Каракачанов: Тие се недолични и недостојни

Владата ги осуди изјавите на бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов, дека би можел да испрати инженерски полк за демонтирање споменици во...

Македонија23 часа

Царовска: Екскурзии годинава нема да се организираат, учениците можат на прошетка до пет километри

Екскурзии оваа година нема да се организираат, испратени се упатства од Бирото за развој на образование, истакна министерката за образование...

Македонија23 часа

Шеќеринска: И ние и Бугарија сме членки на НАТО, ова не е начин на кој треба да комуницираме

Помина времето кога министри за одбрана од нашиот регион можеа да даваат такви изјави, а некој да ги смета за...

Регион1 ден

Нов рекорд во Хрватска – 1.424 нови случаи и 11 починати

Рекордни 1.424 нови случаи на коронавирус се пријавени во последните 24 часаво Хрватска, а 11 лица починале, објави Националниот штаб...

Свет1 ден

Австралија пријави случај на повторна инфекција со коронавирус

Австралиските власти пријавија редок случај на Ковид-19 во Мелбурн, Викторија, станува збор за лице кое било позитивно тестирано во јули....

Македонија1 ден

Македонија, Албанија и Црна Гора добиваат респираторни машини од НАТО

До крајот на овој или следниот месец, НАТО ќе достави респираторни машини во нашата земја со цел да помогне во...

Свет1 ден

Приведени уште седум лица за убиството на францускиот професор

Уште седум луѓе, вклучително и двајца малолетници, ноќеска биле предадени на судијата во рамки на истрагата за минатонеделното убиство на...

Македонија1 ден

Од денеска кафулињата и рестораните ќе работат до 23 часот

Од денеска угостителските објекти ќе работат со скратено работно време. Владата на вчерашната 13. седница ги разгледа и прифати препораките...

Досие