Свет
Трамп се закани со санкции кон Ирак
Претседателот на САД, Доналд Трамп се закани кон Ирак со санкции, откако вчера беше објавено дека Ирак бара американските сили да ја напуштат земјата.
„Во случај на било какво непријателство, ако направат било што кое ние ќе го сметаме за непримерно, ќе наметнеме санкции врз Ирак“, рече Трамп.
Ирачкиот парламент вчера донесе резолуција за трајно протерување на американските трупи од земјата.
Одлуката e донесена откако американските сили го убија иранскиот генерал. Парламентот во Багдад исто повика да им се забрани на странските сили да користат ирачко земјиште, воздушен простор или вода од која било причина.
САД имаат околу 5.000 воени лица во Ирак, претежно советници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

