Свет
Трамп смета дека е неприфатливо предупредувањето на главниот американски епидемиолог
Претседателот на САД, Доналд Трамп, рече дека предупредувањето на водечкиот експерт за заразни болести во САД е неприфатливо.
Д-р Ентони Фаучи, кој од почетокот на кризата беше во стожерот на Белата куќа за борба против коронавирусот, предупреди дека предвременото отворање држави во земјата може да доведе до сериозни последици.
„Ако ги прескокнеме контролните пунктови, ризикуваме повеќекратно повторување на инфекцијата во целата земја. Ова не само што ќе резултира во непотребно страдање и смрт туку, всушност, ќе нè уназади при враќањето во нормала“, предупреди Фаучи.
Фаучи додаде дека не смета оти училиштата ќе може да се отворат до есен и не верува дека вакцината дотогаш ќе стигне на пазарот.
„Видете, тој сака да ги задоволи сите страни. Јас сум изненаден од неговиот одговор, искрено, за мене тоа е неприфатливо, особено неговото мислење за отворање училишта. Само за професорите и наставниците би било прифатливо да добијат уште неколку недели пред да се вратат бидејќи оваа болест напаѓа стари и хронично болни“, рече Трамп.
Тој истакна дека ситуацијата во врска со децата е поинаква и дека нема потреба за загриженост.
„Кога гледаме во статистиката за студентите и децата, бројките се неверојатни“, рече Трамп и изрази поддршка за гувернерите што одат кон повторно отворање и ги критикува оние што сè уште имаат рестриктивни мерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Рубио: Нема повредени во иранскиот напад со дрон врз конзулатот во Дубаи
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека сите вработени се безбедни по иранскиот напад со дрон врз комплексот на американскиот конзулат во Дубаи.
Според него, дронот погодил паркинг покрај зградата на конзулатот, а голем број вработени го напуштиле објектот пред почетокот на американско-израелската акција против Иран, пренесе Си-Ен-Ен.
Just got a new angle of the Burjuman Dubai US Embassy Explosion pic.twitter.com/0WM65HOGW2
— Deon Menezes (@DeonMen) March 3, 2026
Претставник на Обединетите Арапски Емирати изјавил дека конзулатот бил затворен во моментот на нападот.
Во безбедносно предупредување е наведено дека Амбасадата на САД во Абу Даби и Конзулатот во Дубаи ги откажале сите термини за визи, услуги за американски државјани и нотарски услуги најмалку до 4 март.
На американскиот персонал во Обединетите Арапски Емирати му било наредено да остане на безбедно и да не доаѓа во дипломатските претставништва.
Канцеларијата за медиуми на Дубаи соопшти дека пожарот предизвикан од инцидентот со дронот е изгаснат и дека нема повредени. Видео снимки на Си-Ен-Ен покажуваат густ црн чад кој се издига над зградата на конзулатот.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА

