Контакт

Свет

Трамп сподели видео во кое жестоко се критикува Нетанјаху

Објавено пред

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп сподели видео на својата социјална мрежа „Трут соушл“, во кое професорот од Универзитетот „Колумбија“, Џефри Сакс, ја критикува политиката на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Блискиот Исток.

Во видеото споделено од Трамп, Сакс ја нуди својата процена за причините за инвазијата на Ирак во 2003 година.

„Од каде дојде оваа војна? Дали знаете? Тоа е прилично изненадувачки. Оваа војна, всушност, почна со Нетанјаху“, вели Сакс.

Сакс во видеото го осудува Нетанјаху за вовлекување на САД во бескрајни странски војни.

Тој го обвини Нетанјаху дека влијаел на американската надворешна политика.

„Нетанјаху од 1995 година веруваше дека единствениот начин да се ослободиме од Хамас и Хезболах е да ги собориме владите како оние во Ирак, Сирија и Иран, кои ги поддржуваат. Тој нѐ вовлече во бескрајни војни и благодарение на неговото влијание врз американската политика отсекогаш го постигнувал она што го сакал. Но, војната од 2003 година беше целосно лажна“, рече Сакс.

Сакс го критикува Нетанјаху велејќи дека тој е „опседнат човек, кој сè уште се обидува да нѐ вовлече во војна со Иран“, и го нарече кучкин син.

Објавата на Трамп дополнително ги разгори дискусиите за нова ера во американско-израелските односи. Иако Трамп е поддржувач на Израел, не е тајна дека тој и Нетанјаху не се во особено добри односи и дека Трамп не се согласуваше со радикалните потези на Нетанјаху ниту за време на неговиот прв мандат.

Најново

Топ15 минути

Уапсен гостиварец: ја принудувал својата 80-годишна мајка на питачење, поднесена кривична за „трговија со луѓе“

Денеска, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за...

Македонија19 минути

„ДПМНЕ и Орце го вратија на сцена нивниот бивши портпарол Димче Арсовски и тоа како директор на МКЦ“, велат од Левица

„ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски продолжуваат да се однесуваат ненаситно и Градот да го третираат како партиски плен! По скандалозните избори...

Македонија34 минути

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради трка

Утре со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи спортско рекреативна ноќна трка на 5 км и 21 км во...

Македонија38 минути

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2026 година: „Соговорниците согласни дека се постигнати очигледни конкретни резултати“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде Извештајот наЕвропската...

Забава45 минути

Месечината во Вага менува сè: Можност за неверојатна среќа и љубов тропа на вратите на овие знаци

Положбата на Месечината носи промени во емоционалната сфера, а пет хороскопски знаци би можеле особено да го почувствуваат нејзиното позитивно...

Економија49 минути

Народната банка ги олеснува условите за располагање со средствата во АЛТА банка: Од понеделник се отвораат шалтерите и во Тетово и Струмица

Народната банка продолжува со постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, со...

Македонија1 час

Нов модел на студентско стипендирање: 3.000 стипендии, повеќе можности и поддршка за студентите

Министерството за образование и наука објавува нов Конкурс за доделување 3.000 студентски стипендии за студиската 2026/2027 година, со кој се...

Hitech1 час

SETEC ARENA 2026: Два дена. Четири игри. Една арена.

Викендов, на 7 и 8 ноември, Diamond Mall ќе биде центар на македонскиот е-спорт. SETEC ARENA 2026 носи два дена...

Свет2 часа

Песков: Европа е неопходна, но се двоуми

Кремљ изјави дека Европа не успева да се договори кој ќе ја претставува во идните разговори за безбедноста на континентот,...