Свет
Трамп тврди дека „Мајкрософт“ е во преговори за купување на „Тик-ток“
Американскиот претседател Доналд Трамп им рече на новинарите дека „Мајкрософт“ во моментот е во преговори за купување на кинескиот „Тик-ток“ и дека би сакал да почне натпревар во врска со апликацијата.
„Мајкрософт“ одби да ја коментира неговата изјава. Ниту „Тик-ток“ ниту „Бајт денс“ веднаш не одговорија на „Ројтерс“ за коментар надвор од редовното работно време.
„Тик-ток“, кој има речиси 170 милиони американски корисници, накратко беше отстранет од интернет непосредно пред да стапи во сила законот на 19 јануари, со кој се бара од кинескиот сопственик „Бајт денс“ да го продаде или ќе се соочи со забрана за неговата употреба поради национална безбедност.
По преземањето на функцијата на 20 јануари, Трамп потпиша извршна наредба, со која се предвидуваше 75-дневно одложување на спроведувањето на законот.
Американскиот претседател минатата недела рече дека разговарал со неколку луѓе за купување на „Тик-ток“ и дека најверојатно ќе донесе одлука за иднината на популарната апликација во рок од 30 дена.
Тој претходно изјави дека е отворен за можноста милијардерот и извршен директор на „Тесла“, Илон Маск, да ја купи апликацијата доколку сака, но Маск јавно не ја коментира понудата на Трамп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

