Свет
Трамп: Финансирањето на безбедноста во училиштата треба да биде приоритет, а не помагањето на Украина
За САД приоритет треба да биде финансирањето на безбедноста на училиштата, а не помагањето на Украина, изјави поранешниот претседател Доналд Трамп.
Трамп го кажа ова неколку дена по масовното пукање во Тексас, во кое загинаа 19 ученици во локално основно училиште.
„Ако САД можат да испратат милијарди долари во странство во Украина, ние би требало да можеме да направиме се’ што е потребно дома за да ги зачуваме нашите деца безбедни“, рече Трамп на конференцијата на Националната асоцијација на сопственици на оружје (НРА) во Хјустон, пренесе „Би-би-си“.
„Потрошивме милијарди долари во Ирак и Авганистан, а за тоа не добивме ништо“, рече Трамп за време на вчерашниот говор, предизвикувајќи силен аплауз од учесниците на конвенцијата на НРА.
Конвенцијата рекламира оружје и се залага за бесплатно купување и носење, а поради трагедијата во Тексас, неколку конзервативни говорници и музичари го откажаа своето учество, вклучително и производителот на оружје што напаѓачот го користел во училиштето во Јувалде.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

