Свет
Трамп ја смени адресата на живеење, стана жител на Флорида
Американскиот претседател, Доналд Трамп, ја смени адресaта на живеење и сега и официјално стана жител на Флорида.
Трамп, кој живее во центарот на Менхетн во Њујорк од 80-тите, го смени своето живеалиште во резиденцијата Мар-а-Лаго на Флорида бидејќи, како што рече, градските власти лошо се однесувале кон него, пренесува бриселски „Политико“.
„Белата куќа е местото што го засакав и се надевам дека ќе останам таму во наредните пет години. Сепак, јас и моето семејство се преселуваме во Палм Бич, Флорида, кое ќе биде нашето постојано живеалиште. Секогаш ќе се грижам за Њујорк и за неговите жители, но, за жал, и покрај фактот што му плаќам милиони долари на Градот, на државните и на локалните даночни обврзници секоја година, политичките лидери на државата и Градот лошо се однесуваат кон мене“, напиша Трамп на „Твитер“.
1600 Pennsylvania Avenue, the White House, is the place I have come to love and will stay for, hopefully, another 5 years as we MAKE AMERICA GREAT AGAIN, but my family and I will be making Palm Beach, Florida, our Permanent Residence. I cherish New York, and the people of…..
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) November 1, 2019
„Политико“ наведува дека Трамп е крајно непопуларен во Њујорк и дека законодавците не вложиле многу напори да го скријат презирот кон него и неговото однесување.
Набргу по објавувањето на Трамп на „Твитер“, гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо, напиша дека тоа е добро решение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.

