Свет
Трета оставка во Германија поради аферата „Маски“

Влијателниот член на германската христијанско социјална унија, Алфред Саутер денеска поднесе оставка на сите партиски функции ,објавија германските медиуми.
Обвинителството ги истражува наводите околу земеањето на мито и неговата вклученост во договорите за јавни набавки на маски за време на ковид пандемијата.
Тој ги негира обвинувањата, пишува „Ројтерс“.
Саутер е третиот конзевративен политичар кој поднесе оставка поради скандалот со набавките на маски во Германија.
Неколкумина пратеници на германските демохристијани се осомничени дека собрале стотици илјади евра со цел да лобираат за купување маски на оваа или онаа компанија.
Аферата се случува половина година пред парламентарните избори во Германија и може да ја разниша предноста што анкетите им ја даваат на демохристијаните. Баварскиот федерален пратеник Георг Нислајн се повлече од позицијата заменик-шеф на парламентарната група и најави дека нема да учествува на следните избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Посетата на Велика Британија е една од најголемите почести во мојот живот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата посета на Велика Британија е „една од најголемите почести“ во неговиот живот, во говор на вечера во замокот Виндзор.
Доналд Трамп истакна дека е единствениот американски претседател кој ја посетил земјата двапати, последниот пат во 2019 година.
„Тоа е навистина една од најголемите почести во мојот живот“, им рече тој на кралот Чарлс и 160 гости.
Претседателот повторно ја спомена „врската“ меѓу Велика Британија и САД.
Зборувајќи за овој „специјален однос“, тој рече дека од американска перспектива, зборот „специјален“ „не е ни приближно доволен“.
Тој рече дека двете земји се обединети од голем број работи како што се историјата, јазикот и трансцендентните врски на културата, традицијата, потеклото и судбината.
Кралот Чарлс ги истакна силните врски меѓу Велика Британија и САД во говорот на државната вечера во Виндзор во чест на американскиот претседател Трамп.
„Нашите народи се бореа и умреа заедно за вредностите што ги сметаме за вредни“, рече кралот Чарлс, пофалувајќи ја посветеноста на Трамп за наоѓање решенија за „некои од најтешките конфликти во светот“, објави Би-би-си.
Тој изрази „големо задоволство“ што имаше можност да ги пречека Трамп и првата дама на САД Меланија Трамп во замокот Виндзор во свое име и во име на неговата сопруга.
Кралот ја опиша пригодата како „уникатна“ и „важна“, што ја одразува силната врска меѓу двете земји.
фото: принтскрин
Свет
(Видео) Шоуто на Џими Кимел отстрането од програмата поради коментари за Чарли Кирк: „Ова е опасна репресија“

Еј-би-си го отстрани водителот на ток-шоуто Џими Кимел од својата програма откако даде коментари за убиството на конзервативниот инфлуенсер Чарли Кирк.
„Емисијата „Џими Кимел во живо“ е суспендирана на неодредено време“, изјави портпаролот на мрежата во сопственост на Дизни. Кимел не сакаше да коментира за одлуката додека го напушташе студиото во Лос Анџелес.
Кирк, истакнат конзервативен активист и коментатор, беше застрелан и убиен на 10 септември во Аризона, а 22-годишниот Тајлер Робинсон е обвинет за убиство од прв степен.
Кимел во монолог во понеделник вечерта рече дека „екипата на MAGA очајно се обидува да го прикаже ова дете кое го уби Чарли Кирк како ништо друго освен едно од нив и да извлече политички поени од тоа“.
Водителот го критикуваше спуштањето на знамињата на половина копје во чест на Кирк и се потсмеваше на реакцијата на американскиот претседател Доналд Трамп: „Ова не е начинот на кој возрасен човек тагува за некого кого го нарекува пријател. Ова е начинот на кој четиригодишно дете тагува за златна рипка“. Сепак, истиот ден, Кимел го осуди нападот на Инстаграм и изрази сочувство до семејството на Кирк.
фото: принтскрин
Свет
(Видео) Тројца полицајци убиени, двајца ранети во Пенсилванија, осомничениот убиен

Тројца полицајци беа убиени, а двајца други беа сериозно ранети во Пенсилванија во престрелка со вооружен човек кој подоцна беше смртно застрелан од полицијата, соопштија официјални лица.
Пукањето се случило во општината Кодорус во југоисточна Пенсилванија, кога полицајците се вратиле на местото на настанот за да продолжат со истрагата што ја започнале претходниот ден, изјави комесарот на државната полиција Кристофер Парис на прес-конференција неколку часа по инцидентот.
Update: Multiple police officers shot.
Footage of the landing zone on Harr Road in Cordorus Township in #York County, #Pennsylvania #PA where Multiple officers were shot. It's being reported that they may have been responding to a domestic disturbance call. https://t.co/NSmE75KF3D pic.twitter.com/5JEN1Exm6X— SITREP: (@sitrepfubar) September 17, 2025
Тој одби да даде дополнителни детали, освен што ја опиша истрагата како „поврзана со семејни односи“.
Гувернерот Џош Шапиро ја посети болницата за да им оддаде почит на загинатите полицајци.
We need to do better. pic.twitter.com/jpUfcOUGoC
— Governor Josh Shapiro (@GovernorShapiro) September 18, 2025
„Ова е апсолутно трагичен и разорувачки ден за округот Јорк и целата држава Пенсилванија. Важно е да се знае дека овие семејства, кои сега тагуваат, се исклучително горди на своите најблиски кои ја носеа униформата за да нè заштитат“, рече тој и повика на молитви за семејствата на жртвите.
Шапиро, исто така, потврди дека добил повик од американската обвинителка Пам Бонди, која понудила секаква потребна федерална помош.
фото: принтскрин