Контакт

Свет

Три лица убиени во пукање во супермаркет во САД

Објавено пред

Најмалку три лица се убиени во пукање во супермаркетот „Волмарт“ во Данкан, Оклахома, објавија американските медиуми.

Од локалната полиција наведоа дека се испратени екипи на местото на инцидентот.

Полициски извори наведуваат дека убиени се три лица, меѓу кои и напаѓачот.

Училиштата во градот се затворени.

Други детали засега не се познати.

Свет

Уште еден кинески град во карантин

Објавено пред

Слични мерки, кои беа воведени во кинескиот град Вухан заради најновиот корона вирус, се воведени во друг кинески град – Хуанган.

Градот со шест милиони жители го затвори автобускиот и железничкиот сообраќај, како и забавните објекти како што се кина и интернет-кафеа, пренесува „Скај њуз“.

За сега не постои вакцина против новата вирусна инфекција, која може да предизвика пневмонија и може да се пренесе од човек на човек.

Светската здравствена организација соопшти дека иако причината за вирусот досега не е позната, примарен извор е веројатно животно.

Прикажи повеќе...

Свет

Уапсени 23 лица за криумчарење 10.000 мигранти во Велика Британија

Објавено пред

Во Франција и Холандија се уапсени 23 лица осомничени за криумчарење на околу 10.000 мигранти кои во ладилници биле пренесувани во Велика Британија.

Француската погранична полиција во соработка со француската и холандската полиција разби ирачко-курдска мрежа на криумчари на луѓе, со поддршка на Европол и Евроџаст.

Во претреси на повеќе локации, полицијата пронашла мигранти, кои биле одведени на сигурно месо, соопшти Европол.

Во Франција се уапсени 19 лица, во Холандија четири, а одземена е и поголема количина оружје и возила. Постои сомневање дека оваа група обезбедила транспорт за околу 10.000 мигранти од Авганистан, Иран, Ирак и Сирија од Франција во Велика Британија.

Мигрантите биле пренесувани во услови опасни за живот, затворени во камиони ладилници.

Мигрантите плаќале до 7.000 евра за тоа опасно патување. Уплатите се вршеле преку тајниот банкарски систем „хавала“, со кој управувал осомничен од Холандија. Постои сомнеж дека оваа криминална група се стекнала со околу 70 милиони евра.

Прикажи повеќе...

Регион

„Индекс“ објави снимка од односот на хрватската полиција кон мигрантите

Објавено пред

Хрватскиот портал „Индекс“ објави видео на кое се прикажани хрватски полицајци без службени значки, како одземаат мобилни телефони од мигранти во воз.

Порталот посочува дека одамна е познато оти полицијата е во „лов“ по бегалци и илегални мигранти низ целата земја.

Според хрватскиот портал, полицијата не се ни обидува премногу да го скрие тоа, како што се обидува да ги скрие нелегалните протерувања и тоа што не се нуди азил на оние кои можеби ќе сакаат да останат во Хрватска.

Организации кои се занимаваат со правата на бегалците и мигрантите се повеќе укажуваат на докази дека хрватската полиција одзема мобилни телефони, пари и други вредни работи од мигрантите.

Видеото које го објавува „Индекс“ наводно е од полициска акција што се случила во воз на 17 јануари годинава, на релација меѓу Сисак и Загреб. Снимката тајно ја направил еден од патниците во возот.

На видеото се гледа дека полицаец од мигрантите одзел три мобилни телефони, без никаков отпор од нивна страна, бидејќи, како што наведува порталот, тие веќе се подготвени на таков однос од хрватската полиција.

„Сега само внимавај да не ти излезат од тука“, се слуша еден полицаец како му се обраќа на колегата, додека во рака ги држи запленетите телефони.

Патник од возот за „Индекс“ изјавил дека полицијата знаела колку мигранти биле во возот и точно каде да ги пронајде.

Според неговите зборови, полицијата се качила во возот кај станицата во Велика Горица, а машиновозоачот ги затворил сите врати освен оние на кои влегле полициските службеници.

„Еден мигрант не беше во вагонот во тој момент, па отидоа да го бараат“, изјавил неименуваниот патник.

Како што пишува „Индекс“, особено впечатливо на снимката, покрај одземањето на мобилните телефони од мигрантите, е тоа што полицајците имаат и нецелосна униформа, што пак е казниво со закон.

Во врска со овој настан од порталот побарале изјави и полицискиот оддел во Загреб, но како што наведуваат, од таму добиле непрецизен одговор.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Си-ен-ен: Откриен е изворот на корона вирусот

Изворот на новиот корона вирус кој се појави во Кина би можеле да бидат змиите кинеска кобра и кинески краит,...

Македонија2 часа

Бојан Јовановски: Не играјте си со мојот живот, 55 пати сум носен во болница

Педесет и петпати сум носен во болница. Пред малигнитет сум. Ве замолувам, не играјте си со мојот живот, изјави денеска...

Свет2 часа

Кинеското министерство: Автобусите и траектите повеќе не одат во Вухан

Кинеското Министерство за транспорт го прекина целосно автобускиот и траектниот сообраќај кон градот Вухан поради епидемијата на вирусот корона, од...

Македонија2 часа

(Видео) Рочиштето за „Рекет“ одложено вторпат

Поради влошена здравствена состојба на адвокатите на ексшфицата на СЈО, Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, вторпат се одложува...

Регион2 часа

По 20 дена, ослободени киднапираните грчки морнари

Осум члена на екипажот на грчки танкер се ослободени по 20 дена од киднапирањето од вооружени напаѓачи на брегот на...

Свет3 часа

СЗО денеска ќе одлучува дали ќе прогласи вонредна состојба

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ќе донесе одлука дали да прогласи глобална вонредна состојба поради избувнување на новиот корона вирус,...

Македонија15 часа

Изгласан Законот за младински додаток: Младите до 23 години ќе добиваат по 3.000 денари за работа во производство

Вечерва во Собранието пратениците го изгласаа Законот за младински додаток по скратена постапка. Овој закон предвидува на младите до 23...

Македонија20 часа

Раскината концесијата за Охридското Езеро, Димковски тврди дека концесионерот ги кршел законите

Владата донесе одлука за раскинување на договорот за концесија за Охридското Езеро со концесионерот „Летница-Белвица“. Причината за оваа одлука, како...

Македонија20 часа

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ со 3.000 амандмани го блокира предлог-законот за отпис на камати

ВМРО-ДПМНЕ поднел 3.000 амандмани за предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавните препријатија, за кој...

Македонија20 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја тужи Царовска за в.д. директорите во центрите за социјална работа

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе биде поведена постапка за злоупотреба на службена дожност против ексминистерката Мила Царовска поради тоа што,...

Топ21 час

Измамник во Свети Николе изнудил 2.000 евра од жена, ја излажал дека е полицаец

Седумдесет и осумгодишна жена од Свети Николе пријавила дека била измамена за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, вчера лицето...

Македонија21 час

Микиќ: Нема потреба од паника за корона вирусот во Македонија

Информативните летоци ќе бидат превентивна мерка во Македонија да не се рашири смртоносниот корона вирус. Доктор Владимир Микиќ од Институтот...

Македонија22 часа

Уставниот суд нема да ја оценува уставноста на амнестијата на обвинетите за 27 април

Нема да се оценува уставноста на амнестијата со која некои од обвинетите за упадот во Собранието на 27 април се...

Македонија23 часа

Спасовски: Во земјата не се увезува штетен отпад

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, уверува дека во државата не се увезува штетен отпад за кој нема сертификати. Тој вели дека...

Македонија23 часа

Филипче: Чекаме препораки од СЗО за заштита од корона вирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека чекаат Светската здравствена организација да даде препораки за тоа што треба да се...

Македонија23 часа

(Видео) Крпен студентски живот: 61 денар за оброк дневно, еден килограм месо месечно

Просечно по 61 денар се издвојува дневно за оброк за станарите во студентските домови. На секој станар му следуваат по...

Свет24 часа

СЗО: Постои голема веројатност корона вирусот да се прошири и надвор од Кина

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека постои голема веројатност новиот корона вирус да се прошири и во други делови на...

Свет1 ден

Сенатот на САД ги усвои правилата за постапката за импичмент на Трамп

По 13-часовна расправа, американскиот Сенат ги усвои правилата за водење на постапката за отповикување на претседателот Доналд Трамп вклучувајќи го...

Свет1 ден

Трамп: Имаме добар план за новиот корона вирус

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД имаат план за борба против корона вирусот, од коj во Кина загинаа деветмина,...

Регион1 ден

Протести на грчките острови поради преполните мигрантски кампови

Штрајкови и протести се одржаа на грчките острови Лезбос, Самос и Киос поради владиното справување со мигрантите што пристигнуваат од...

Досие