Свет
Тројца американски војници загинаа при обука во Џорџија
Тројца војници загинаа, а тројца се повредени во несреќа за време на обука во воена база во американската сојузна држава Џорџија.
Американската војска соопшти дека војниците биле во оклопно возило кога се случила несреќата во неделата наутро, објави „Глас на Америка“.
„Многу сме тажни поради загубата на тројца војници и ранувањето на тројца други. Се молиме за семејствата погодени од оваа трагедија“, се вели во соопштението на генерал-мајорот Тони Агуто, командант на Третата пешадиска дивизија, чии членови биле загинатите војници.
Војската во соопштение инцидентот го нарече несреќа, но не дава повеќе детали, додека официјалните претставници на базата Форт Стјуарт не ја коментираа ситуацијата.
Базата Форт Стујарт, основана во 1940 година, е најголемата воена инсталација источно од реката Мисисипи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

