Контакт

Свет

Тројца мигранти уапсени за убиството на италијанска тинејџерка

Објавено пред

Италијанската полиција уапси тројца мигранти, двајца Сенегалци и еден Нигериец, во врска со наводното дрогирање, силување и убиство на 16-годишната Дезире Мариотини, пренесува „Ил џорнале“.

Тројцата мигранти, заедно со четвртиот осомничен, кој останува на слобода, се осомничени дека ја дрогирале 16-годишнната тинејџерка до точка на онесвестување и потоа ја силувале пред да умре од предозирање. Таа била напуштена во познато дувло на зависници во областа Сан Лоренцо во Рим. Обвинителите веруваат дека уапсените ја дрогирале Дезире и дека таа спиела за време на силувањето. Исто така, тие тврдат дека мигрантите ѝ дале коктел од дрога за кој знаеле дека ќе доведе не само до предозирање, туку и до смрт.

Првиот уапсен е Сенегалецот Гара Мамаду, барател на азил роден во 1991 година, чија дозвола за престој истекла минатата година, но тој не бил депортиран. Другиот Сенегалец, Минех Брајан, роден 1975 година, се обидел да ја обнови дозволата за престој минатата година и сè уште чека да се обработи барањето. Уапсениот Нигериец, 46-годишниот Алино Чима, е нелегален мигрант. По објавувањето на апсењето, популистичкиот министер за внатрешни работи, Матео Салдини, коментира:

„Ќе сторам сè за овие виновни црви да платат за овој ужас“.

Лидерот на Браќата на Италија, Џорџа Мелони, рече:

„Нулта толеранција за овие одвратни ѕверови“.

Според друг извештај, 16-годишната Дезире не била единствената жртва на силување во областа Сан Лоренцо овој месец. „Ил џорнале“ пишува дека 30-годишна Британка, која во Рим се обучувала за учителка, била силувана од еден Северноафриканец во близина на местото на кое Дезире беше убиена на 6 октомври.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Трамп: Војниците ќе останат на границата со Мексико колку што е потребно

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војниците на границата со Мексико ќе останат таму колку што ќе биде потребно.

„Имаме голема воена сила на јужната граница, а постојат многу луѓе кои се обидуваат да влезат во нашата земја“ изјавил Трамп во Белата куќа, пред да замине во Калифорнија.

Тој додал дека војниците направиле многу голема бариера. Околу 5.900 војници се упатени долж границата со Мексико за да помогнат на граничарите во спречувањето на илегалниот влез на мигрантите.

Освен војници, ангажирани се и околу 2.100 резервисти на Националната гарда. Трамп се одлучи на таа мерка, за да го спречи караванот од неколку илјади мигранти од централна Америка да влезе во САД, пренесе РСЕ.

Прикажи повеќе...

Свет

Над 40 загинати во напад на католички камп во Централноафриканската Република

Објавено пред

Повеќе од 40 луѓе загинаа а десетина се повредени во напад на католички камп во Централноафриканската Република, во кој засолниште пронашле 20.000 бегалци.

Нападот се случил во четвртокот во Алиндау, град кој се наоѓа 300 километри источно од главниот град Банги. Илјада луѓе биле принудени на бегство од кампот кој бил запален, објави ОН. Кампот изгорел до темел. До сега, според информациите, 42-ца се загинати, а бројот би може да биде и поголем, соопштиле од локалната општина.

Илјада луѓе побегнале, а една петина од вкупно 4,5 милиони жители побегнале од своите домови за време на судирите кои избувнале откако во главно муслиманските бунтовници го симнале од власт претседателот Франсоа Бозиза во 2013 година, предизвикувајќи одговор на христијанските млиција.

И покрај тоа што во 2016 година е избран нов претседател, земјата и натаму се бори со политичка нестабилност и насилство.

Прикажи повеќе...

Свет

Протести поради климатските промени ги блокираа главните мостови во Лондон

Објавено пред

Полицијата денеска уапсила над 70 луѓе откако стотина демонстранти ги блокирале главните мостови во центарот на Лондон барајќи од владата сериозно да се занимава со климатските промени.

Групата „Бунт против изумирање“ започна протести како дел од координираните неделни акции низ земјата, пренсе АП.

Демонстрантите поголем дел од денот блокираа пет главни мостови во Лондон, по што продолжија на плоштадот пред Парламентот.

Според организаторите на протестот, над 6.000 луѓе учествувале во демонстрациите, а повеќе од 85 биле уапсени.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет13 часа

(Видео) Девојка се разнесе пред полициски пункт во Чеченија

Девојка се разнесе со експлозив пред полициски пункт во главниот град на Чеченија, Грозни. Никој друг не е убиен, ниту...

Бегството на Груевски15 часа

Бугарски „Фокус“: Груевски ја напуштил Унгарија

Според сè уште непотврдена информација, поранешниот македонски премиер Никола Груевски веќе ја напуштил Унгарија, објави бугарската агенција „Фокус“ повикувајќи се на изјава...

Македонија17 часа

(Видео) Револтирана студентка: Доста се криете зад Фејсбук, излезете и кажете дека сакате чист воздух

Доста се криете зад лажни Фејсбук профили и седите по кафулиња, излезете и кажете дека саакате чист воздух , порача...

Македонија17 часа

СЈО: Јанакиески и Божиновски се во притвор поради сознанијата дека планираат бегство

На поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, им е определен...

Македонија17 часа

Клиника за гинекологија: Намален бројот на починати предвреме родени бебиња

Според податоците на Универзитетската клиника за гинекологија и акушертво, годинава е забележан намален процент на смртност на предвреме родените новороденчиња....

Македонија18 часа

(Видео) Протест против загадувањето: Власта повеќе троши за свои ќефови отколку за животната средина

Патиме сите од загадениот воздух, а најмногу децата и повозрасните, 30 години нè трујат, некој профитира од тоа, порачаа учесниците...

Interview/Debate20 часа

(ИНТЕРВЈУ) Унгарски новинар: Се кладам дека Орбан е замешан во бегството, Груевски ќе заврши во Москва

Питер Ерделај е уредник и новинар во еден од ретките унгарски медиуми кои се независни и надвор од контрола од...

Вести20 часа

(Видео) Околу 1.000 исчезнати и 71 загинат во најсмртоносните пожари во Калифорнија

Повеќе од 1 000 луѓе се пријавени како исчезнати во пожарите во Калифорнија во кои загина најмалку 71 лице, објави...

Вести21 час

„Вашингтон пост“: ЦИА заклучи – принцот го наредил убиството на Кашоги

ЦИА заклучи дека саудискиот принц Мохамед бин Салман го наредил убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во Истанбул, објави „Вашингтон...

Бегството на Груевски1 ден

Приватниот авион на Орбан одлетал за Белград, еден ден откако Груевски објави дека побарал азил

(Фото: Илустрација „Bombardier Global 6000“) Луксузниот приватен авион што го користи унгарската владејачка и бизнис-елита, меѓу кои и премиерот Виктор...

Македонија2 дена

Канческа-Милевска за протестот пред нејзината куќа: Почитувам изразување став, но не на овој начин

Пратеничката Елизабета Канческа-Милевска им се извини на нејзините соседи, роднини и пријатели за синоќешниот протест пред нејзината куќа во населба...

Македонија2 дена

Кабинетот на Иванов бара одговор од МВР: Врз основа на што УБК ги следи активностите на претседателот

Од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов реагираат на јавно објавеното решение за притвор на поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил...

Јоханес Хан Јоханес Хан
Македонија2 дена

Хан: Македонија напредува во владеење на правото, сите членки на ЕУ треба да ја поддржат

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на „Твитер“ порача дека владеењето на правото е еден од основните критериуми за влез во...

Бегството на Груевски2 дена

(Видеоинтервју) Есмеров: ЕУ и САД нема да се мешаат во внатрешните работи на Унгарија

Поранешниот амбасадор на Македонија во Унгарија, Игор Есмеров, во интервју за „Макфакс“ тврди дека се крајно симптоматични тврдењата на премиерот...

Бегството на Груевски2 дена

Унгарската влада: Ниту унгарската држава ниту унгарските власти не помогнаа Груевски да ја напушти Македонија

Унгарската влада соопшти дека во бегството на експремиерот Никола Груевски од Македонија не помагала ниту унгарската држава ниту унгарските власти,...

Македонија2 дена

На Груевски за „Шлаканиците во Центар“ ќе му се суди во отсуство

Основиот суд Скопје 1 – Скопје, по барање на специјалното јавно обвинителство, денеска одлучи на обвинетиот Никола Груевски, кој моментно...

Свет2 дена

(Видео) Постапокалиптички сцени од пожарите во Калифорнија

Според последниот биланс на жртви од пожарите во Калифорнија, досега загинале 63 лица, а 630 се водат за исчезнати. Видеата...

Бегството на Груевски2 дена

Заев потврди: Груевски бил пренесен со унгарско дипломатско возило

Премиерот Зоран Заев ги потврди информациите што стигаа до медиумите од албанската и црногорската полиција за бегството на Никола Груевски...

Бегството на Груевски2 дена

Заев: Груевски да каже дали доброволно заминал или бил киднапиран

Дали Никола Груевски доброволно ја напуштил Македонија или бил киднапиран?! Очекувам и Груевски и Унгарија да дадат одговори на овие...

Бегството на Груевски2 дена

Унгарската влада за Груевски: Доколку се побара екстрадиција, ќе се следи правната процедура

Унгарската влада вели дека експремиерот на Македонија, Никола Груевски, кој е осуден на две години затвор, побарал азил поради закани...

Досие