Свет
Туристите ќе плаќаат 1.000 долари за да ги видат змејовите на Комодо
Индонезиските власти одлучија да не го затворат островот Комодо за туристите в година, но ќе воведат такса за посета од 1.000 американски долари.
Како што беше претходно најавено, индонезиските власти објавија дека за една година ќе ги затворат Комодо и другите соседни острови кои се дел од националниот парк за да го заштитат видот гуштери – комодо-змејови.
Минатата година Комодо го посетиле 176.000 туристи, јавува Би-би-си.
Туристите досега плаќаа 10-ина долари за билетот, а сега се најавува дека островот ќе се претвори во ексклузивна дестинација за која ќе се воведе систем на членарина од 1.000 американски долари.
Комодо-змејовите или вараните, како што уште се нарекуваат, се најголемите гуштери на светот, а нивното каснување е отровно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Данска не успеа да ја отстрани руската закана од Гренланд, време е да се направи тоа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Данска не успеала да направи ништо за да ја отстрани „руската закана“ од Гренланд, велејќи: „Сега е време и тоа ќе се направи!“
„НАТО ѝ кажува на Данска веќе 20 години дека мора да ја отстрани руската закана од Гренланд. За жал, Данска не успеа да направи ништо во врска со тоа“, напиша Трамп во објава на Truth Social.
Белата куќа, данското претседателство со Европската унија и данското Министерство за надворешни работи не одговорија веднаш на барањето на „Ројтерс“ за коментар.
Трамп постојано инсистира дека нема да прифати ништо помалку од сопственост на Гренланд, автономна територија на Данска. Лидерите на Данска и Гренланд инсистираат дека островот не е на продажба и не сака да биде дел од Соединетите Американски Држави.
Во саботата, Трамп се закани со бран зголемување на царините за европските сојузници сè додека на САД не им биде дозволено да го купат Гренланд.
Растечкото присуство на Кина и Русија го прави Гренланд од витално значење за безбедносните интереси на САД, тврди Трамп. Данските и други европски претставници истакнаа дека Гренланд веќе е вклучен во колективниот безбедносен сојуз на НАТО.
фото/Depositphotos
Свет
(Видео) Најмалку 39 загинати во судир на два воза во Шпанија
Во судир меѓу два брзи воза во Адамуз, во близина на Кордоба, Шпанија, загинаа најмалку 39 лица, а повеќе од 150 се повредени. Трагичната несреќа се случила кога еден од возовите излетал од шините и преминал на соседната пруга.
Несреќата се случила вчера околу 19:40 часот кога последните три вагони од возот Ирјо, кој превезувал 317 патници на линијата Малага-Мадрид, излетале од шините на влезот во Адамуз. Вагоните преминале на соседната пруга, на која во тој момент минувал возот Ренфе од Мадрид до Хуелва во спротивна насока, со брзина од околу 200 км/ч, што, исто така, предизвикало и негово излевање од шините.
Возот Ирјо бил произведен во 2022 година, и последен пат бил проверен на 15 јануари. Несреќата се случила на рамен дел од пругата, што го потврди и министерот за транспорт Оскар Пуенте.
Спасувачките операции за жртвите од железничката несреќа сè уште се во тек.
фото/епа
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.

