Свет
Барањето за санкции против Анкара e надвор од реалноста
Турција оцени дека барањето на Европскиот парламент (ЕП) да воведе санкции против Анкара е надвор од реалноста.
Санкциите се бараат поради неодамнешната посета на претседателот Реџеп Таип Ердоган на турскиот дел на Кипар.
Вчера ЕП усвои необврзувачка резолуција за поддршка на Кипар, кој бара од лидерите на ЕУ да преземат мерки и да воведат остри санкции против Турција.
Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Хами Аксој, ја критикува резолуцијата и го обвини Европскиот парламент дека е пристрасен и надвор од реалноста за кипарското прашање, пренесува „Ројтерс“.
„Ако се уништи овој пристап и менталитет, органите на ЕУ нема да може да дадат конструктивен придонес во решавањето на кипарското прашање“, рече Аксој.
Турција е во спор со Грција и Кипар поради истражувањето на резервите гас во источен Медитеран.
Покрај тоа, Ердоган неодамна го посети Варош, место на Кипар, кое по турската инвазија во 1974 година, е оградено и напуштено на ничија земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

