Свет
Турција ги повика амбасадорите од САД и Израел на консултации
Анкара ги повика своите амбасадори од Вашингтон и Тел Авив на консултации.
Турската влада прогласи тридневна жалост за повеќе од 50-те Палестинци што загинаа на границата помеѓу Израел и Газа. Анкара го осуди насилството врз Палестинците и наведе дека регионалниот и глобалниот мир нема да постои додека не биде постигнато трајно правично решение за палестинското прашање.
„Категорично ја осудуваме одлуката на САД да ја премести Амбасадата од Тел Авив во Ерсуалим. Ваквото решение претставува кршење на меѓународното право и е спротивно на сите резолуции на Обединетите нации. Повторуваме дека оваа акција е нелегитимна“, гласи пораката на турското Министерство за надворешни работи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

