Свет
Турција со објаснување зошто нема да ја купи руската вакцина
Турција ја отфрли можноста за купување на руската вакцина против коронавирусот повикувајќи се на тоа дека во текот на нејзиното создавање изостанал принципот на добра практика, соопшти денеска министерот за здравство на земјата, Фахретин Коча, во момент кога Анкара се подготвува да вакцинира 50 милиони граѓани до пролет.
Весникот „Хабертурк“ пренесува дека министерот за здравство изјавил оти руската вакцина не ги исполнува условите за добра лабораториска пракса.
„Русија не е во можност да ги исполни овие услови поради што не е можно СЗО и светот да ја купат оваа вакцина ниту, пак, да добијат лиценца од нас“, рече Коча, а пренесува „Ројтерс“.
Турскиот министер не прецизира за која руска вакцина станува збор, но Анкара претходно спомена тестирање на вакцината „спутник V“.
Турција потпиша договор за набавка на 50 милиони дози од вакцината на кинеската компанија „Синовак бајотек“ и очекува дека вакцинацијата ќе почне месецов, а приоритет ќе имаат здравствените работници.
Турскиот министер за здравство рече дека земјата не е обврзана да плаќа за оваа вакцина доколку се покаже дека таа не е доволно ефикасна.
Коча рече дека Турција, каде што живеат 83 милиони луѓе, мора да набави повеќе вакцини за да имунизира 50 милиони луѓе до крајот на април додавајќи дека работи на обезбедување испорака од 25 милиони дози вакцини произведени од „Фајзер“ и „Бионтек“.
Министерот вели дека двете компании ќе може да доставуваат 25 милиони дози до крајот на следната година, но дека Турција сака да го забрза процесот и да ги направи вакцините достапни пред летото.
„Ројтерс“ наведува дека рускиот Фонд за директни инвестиции, кој го поддржа развојот на „спутник V“, не одговорил веднаш на барањето да ги коментира овие тврдења.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така
Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со Иран и најави можни нови загуби.
„За жал, веројатно ќе има повеќе пред крајот. Тоа е така“, рече Трамп во видео објавено на неговата социјална мрежа Truth Social.
„Америка ќе се одмазди за нивната смрт и ќе им нанесе најтежок удар на терористите кои објавија војна, во основа, на цивилизацијата“, додаде тој во видео порака на социјалните мрежи.
President Donald J. Trump provides an update on Operation Epic Fury: pic.twitter.com/Vte8QKpISn
— The White House (@WhiteHouse) March 1, 2026
За потсетување, тројца американски војници беа убиени, а петмина беа тешко ранети, објави американската војска, зборувајќи за првите жртви во операциите против Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп во нова видео порака изјави дека нападите на САД и Израел врз Иран се „точни“ и „неопходни“ со цел да се елиминира „крволочниот терористички режим вооружен со нуклеарно оружје“.
„Овие неподносливи закани нема да продолжат“, рече Трамп.
Трамп рече дека САД спроведуваат „масовна операција, не само за да ја обезбедат безбедноста на нашето време и место, туку и на нашите деца и нивните деца“. Тој нагласи дека ова е „должност и товар на слободниот народ“.
Свет
(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците
Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти, изјави премиерот Кир Стармер во неделата навечер, нагласувајќи дека Лондон „нема да учествува во офанзивни акции против Иран“.
„Се сеќаваме на сите грешки направени во Ирак и научивме од нив“, рече британскиот премиер во видео објавено на Икс. „Не бевме вклучени во првичните напади врз Иран… и нема да им се придружиме сега“.
My update on the situation in the Middle East. pic.twitter.com/DvsOVcTDMy
— Keir Starmer (@Keir_Starmer) March 1, 2026
Сепак, Иран сега „спроведува стратегија на изгорена земја, а Велика Британија ја поддржува колективната самоодбрана на нашите сојузници и нашите луѓе во регионот“.
Стармер рече дека неговата земја затоа го прифатила барањето на САД за користење на британските бази за одбранбени напади против иранските ракетни складишта или лансери.
„Соединетите Американски Држави побараа дозвола за користење на британските бази за оваа специфична и ограничена одбранбена цел. Одлучивме да го прифатиме барањето за да го спречиме Иран да испукува ракети низ регионот“, рече Стармер.
Свет
Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала
Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни напади како „неселективни и непропорционални“ и рекоа дека ќе „преземат чекори“ за да ги заштитат своите национални интереси и интересите на сојузниците во регионот.
Во изјавата се вели дека овие чекори потенцијално би можеле да вклучуваат преземање неопходни и пропорционални одбранбени мерки за уништување на иранските ракети и беспилотни летала.
Лидерите се согласија да соработуваат со Соединетите Американски Држави и другите сојузници во регионот.
Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека 94.000 британски граѓани го регистрирале своето присуство во земјите од Заливот кај владата.
Фото: Депозитфотос

