Свет
Турција уапси припадничка на ДАЕШ барана со црвена потерница од Франција
Полициските екипи во турската област Адана уапсиле припадничка на терористичката организација ДАЕШ за која Франција распишала црвена потерница, пренесува „Спутник“ повикувајќи се на турските медиуми.
Според добиените информации, екипите од полициската дирекција во Анкара откриле дека во градот е дојдена 30-годишната припадничка на терористичката организација ДЕАШ, Сумаја Раиши, која се бара со црвена потерница од страна на француските власти.
Полициските екипи во населбата Намик Кемал во подрачјето на Сејхан на 14 октомври ја привеле припадничката на оваа терористичка организација, по потекло од Тунис, а со фалсификувани сириски лични документи.
Раиши, која е опишана како опасна од страна на француските власти, е пренесена во полициската дирекција и два часа била сослушувана од турските безбедносни служби.
Според медиумите, Раиши, по која Франција трага четири години со црвена потерница од Интерпол за сторени опасни дејства, ги негирала обвиненијата против неа. Таа тврди дека ја напуштила Франција и отишла во Сирија во обид да избега од насилниот сопруг.
Раиши, наводно, успешно стигнала до Сирија пред четири години и таму се омажила со припадник на ДАЕШ – релативно вообичаена практика на терористичката организација во тоа време во однос на новодојдените жени.
Нејзиниот прв сопруг, Ричард Раиши, беше уапсен во јужната турска провинција Газиантеп во 2016 година и беше протеран, објави „Дејли сабах“. И деверот на Раиши, наводно, е член на глобалната терористичка организација.
Во времето кога Раиши ѝ се приклучила на ДАЕШ, организацијата контролирала значителни територии во Сирија и Ирак, но оттогаш ги изгуби сите територии како резултат на заедничките операции на сириските и руските вооружени сили, напорите на турската војска и нападите на коалицијата предводена од САД и нејзините сојузници меѓу локалната милиција.
Терористичката организација го изгуби својот последен бедем во Сирија пролетта 2019 година, но, според САД, сè уште има некои притаени ќелии во регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

