Свет
Уапсен маж во САД: Се заканувал дека ќе изврши масовен напад на свеченост на компанијата на Илон Маск
Aмериканските власти уапсија маж од Флорида за кој велат дека се заканувал дека ќе изврши масовен напад на гала настан на компанијата„Тесла“ во сопственост на Илон Маск.
Американската полиција соопшти дека Рајан Оверем (28) од Орландо, напишал во група на Инстаграм со која разговарал дека планирал да убие луѓе на јавен настан во четврток.
Мажот е уапсен во округот Тревис, каде што се наоѓа фабриката Тесла во близина на градот Остин.
Тесла бил известен на 10 ноември за групниот разговор и ја информирал полицијата, според San Francisco Chronicle.
Полициските инспектори го задолжија Инстаграм да открие кој ги пратил пораките.
Во налогот за апсење на Оверем не е наведено дали Маск бил целта, објави NBC.
Оверем е обвинет за терористички закани и бил приведен во округот Тревис.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран со ракети ја нападна канцеларијата на Нетанјаху
Иранската Револуционерна гарда објави дека нејзините последни ракетни напади биле насочени кон канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и седиштето на командантот на израелските воздухопловни сили.
Во соопштението објавено од новинската агенција „Фарс“, гардата објави: „Целите беа канцеларијата на криминалниот премиер на ционистичкиот режим и седиштето на командантот на воздухопловните сили на режимот“.
Се вели дека во нападот биле употребени ракети „Кејбар“.
Израел објави дека нема повредени во нападите.
фото/Depositphotos
Свет
САД: Три наши борбени авиони беа случајно соборени од Кувајт
Централната команда на САД објави дека три американски борбени авиони биле соборени „поради очигледен инцидент со пријателски оган“.
Кувајтската воздушна одбрана погрешно собори борбени авиони F-15E Strike Eagle доцна во понеделник навечер по источно време.
„За време на активните борбени операции, кои вклучуваа напади од ирански авиони, балистички ракети и беспилотни летала, борбените авиони на американските воздухопловни сили беа погрешно соборени од кувајтската воздушна одбрана“, се вели во соопштението.
„Сите шест члена на екипажот успешно се катапултираа, беа пронајдени безбедни и се во стабилна состојба. Кувајт го призна овој инцидент и ние сме благодарни на кувајтските одбранбени сили за нивните напори и поддршка во оваа операција.“
Причината за инцидентот е под истрага, според CENTCOM. Авионите учествувале во воена операција против Иран наречена Операција Епски бес.
Министерот за одбрана на Кувајт претходно во понеделник наутро изјави дека се урнале „неколку“ американски борбени авиони.
фото/Depositphotos
Свет
Одложен состанокот на министрите на ЕУ во Кипар поради нападот со беспилотно летало
Состанокот на министрите за европски прашања на земјите-членки, кој требаше да се одржи денес и утре на Кипар, е одложен поради нападот со беспилотно летало врз британската база Акротири на тој остров, објави кипарското претседателство.
„Во раните утрински часови имавме еден, изолиран инцидент со беспилотно летало насочено кон британската база во Акротири, Кипар, со ограничена штета. Точното потекло на беспилотното летало моментално се проверува, но е потврдено дека Република Кипар не била цел на нападот“, објави портпаролката на кипарското претседателство.
Со оглед на овој неочекуван развој на настаните, кој за жал влијаеше на денешните летови до Кипар, кипарското претседателство одлучи да го одложи неформалниот состанок на Советот за општи работи.
Советот за општи работи, кој е составен од министрите на ЕУ од земјите-членки, требаше да разговара за предлогот за повеќегодишен буџет за периодот 2028-2034 година, борбата против манипулацијата со информации и мешањето од трети земји и проширувањето на ЕУ.
На состанокот беа поканети и министри од земјите-кандидатки.
Кипар, кој беше британска колонија до 1960 година, е дом на две бази – Акротири и Декелија – кои имаат статус на британски прекуокеански територии. Британците ги задржаа овие две бази според договорот за независност на Кипар од 1960 година.
фото/Depositphotos

