Свет
Убиен новинар во Мексико – известувал за криминалот и насилството на бандите

Мексикански новинар почина кога бил застрелан во главата пред неговата куќа во северниот пограничен град Тихуана, соопштија официјални лица.
Маргарито Мартинез (49) работел повеќе од 10 години во Тихуана за неколку национални и меѓународни вести и известувал за криминал и насилство од бандите во градот на границата меѓу САД и Мексико, пренесува „Ројтерс“.
Канцеларијата на главниот државен обвинител соопшти дека службениците што се јавиле на повикот на брзата помош го пронашле телото на Мартинез пред неговата куќа со повреда на главата предизвикана од огнено оружје.
Еден од неговите колеги рече дека Мартинез бил вклучен во државна програма насочена кон заштита на животите на новинарите.
Неодамна влезе во програмата за заштита бидејќи добиваше закани“, изјави новинар, кој сакаше да остане анонимен.
Тихуана стана еден од градовите во Мексико со најмногу насилство поради судирите меѓу наркобандите што се борат за шверцерски рути.
Мартинез е вториот новинар убиен оваа година во Мексико по смртта на Хозе Гамбоа минатата недела во југоисточната држава Веракруз.
Од 2000 до 2021 година групата за човекови права „Член 19“ регистрирала 145 убиства на новинари во Мексико, а минатата година биле убиени седум новинари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Владата на Орбан нема да испраќа оружје за Украина

Унгарскиот шеф на дипломатијата, Петер Сијарто, во разговор за CNN ја брани одлуката на владата на Виктор Орбан да продолжи да купува руски енергенти, но и да не испраќа оружје во Украина.
Унгарскиот шеф на дипломатијата рече дека обидот за замена на руски енергенти со некои други „вклучува префрлање трошоци за унгарскиот народ“.
За одлуката да не ѝ праќаат оружје на Украина, Сијарто рече дека Унгарија „не сака да ризикува руски напад на 150.000 Унгарци кои живеат на западот на Украина“.
„За нас главна цел е да не се мешаме во оваа војна“, рече Сијарто.
Свет
Скелет од горгосаурус на аукција би можел да достигне цена од 8 милиони долари

Скелетот на диносаурусот горгосаурус ќе се најде на аукција за прв пат и се очекува да достигне цена меѓу пет и осум милиони американски долари, објави „Сотби“.
Аукциската куќа на 28 јули ќе го стави на продажба скелетот на диносаурус висок три метри и долг 6,70 метри. „Сотби“ наведува дека е еден од највредните диносауруси што некогаш се појавиле на пазарот.
Горгосаурусот талкал по земјата пред приближно 77 милиони години. Возрасен мажјак тежел околу два тона и бил малку помал од неговиот попознат роднина тираносаурус рекс.
Палеонтолозите велат дека бил пожесток и побрз од Т-Рекс, со јачина на гриз од околу 42.000 њутни, во споредба со 35.000. Скелетот е откриен во формацијата на реката Џудит во близина на Авр, Монтана, во 2018 година.
Ова е прв пат „Сотби“ да стави цел скелет од диносаурус на аукција откако го продаде T-Reкс Сју во 1997 година за 8,36 милиони долари.
Европа
Украинско обвинителство: Русите убиja најмалку 340 деца

Најмалку 340 деца се убиени во руските напади врз Украина, објавија од кабинетот на главната украинска обвинителка.
Од почетокот на војната на 24 февруари година досега се повредени 645 деца, се наведува во соопштението.
„Овие бројки не се конечни и Обвинителството работи на утврдување на точната бројка на самото место на случувањата. Поголемиот дел од овие бројки се однесуваат за регионот на Донбас, па следуваат регионот на Харков и Киев. Голем број жртви се потврдени во Чернихив, Миколаев и Запорожје“, се наведува во соопштението.