Вести
Украина апелира до Русија да го дозволи коридорот во Мариупол

Украина денеска испрати нов апел до Русија да дозволи хуманитарен коридор во Мариупол и да ги пушти цивилите од овој опколен град.
Бараме отворање на хуманитарен коридор за цивили – објави вицепремиерката Ирина Верешчук на украинската телевизија, пренесува „Ројтерс“.
Верешчук нагласи и дека руските вооружени сили спречуваат хуманитарна помош да стигне до жителите на градот Херсон на југот на земјата.
Украина денеска соопшти дека нејзините напори за евакуација на цивилите од опколените градови првенствено биле насочени кон Мариупол, но не објави никаков нов договор со Русија, кој би овозможил безбеден премин за нејзините заробени жители, пренесе Ројтерс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
Русија за истрагата за експлозијата на „Северен тек“: Шведска нешто крие

Руските власти ја обвинија Шведска дека крие информации за истрагата за експлозијата што го оштети гасоводот „Северен тек“ минатата година.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија има право да ги знае деталите од истрагата и дека е збунета од одбивањето на Шведска да соработува со руските обвинители.
Имено, Москва му предложи на Стокхолм поведување заедничка истрага за експлозиите, но Шведска и Данска го одбија тој предлог.
Захарова сугерира дека зад таа одлука има скриени причини.
„Можеби, по спроведувањето на истрагата, руските истражители би можеле да дојдат до незгоден заклучок за тоа кој ја извршил саботажата. За тоа кој ја смислил и ја извршил. Шведска крие што точно открила во текот на истрагата“, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, како што објави „Гардијан“.
Вести
(Видео) Силно невреме го зафати Солун, издадено предупредување

Улиците во Солун се поплавени откако ненадејно невреме го зафати градот, придружено со силни грмежи.
Возилата беа спречени да минуваат, па сообраќајот беше запрен во голем дел од градот. Во многу случаи водата ја достигнувала висината на тротоарот, а сопствениците на продавници се обидувале со метли да спречат да влезе во објектите.
Εν τω μεταξύ στη Θεσσαλονίκη pic.twitter.com/yQLkl87XmI
— Αντιτέτοιος (@VPetsopoulos) September 2, 2022
Кога започна невремето, на улиците имало многу луѓе кои се обидувале да најдат засолниште под блиските балкони, пренесува грчкиот портал „Вориа“.
Грчката хидрометеоролошка служба за денеска издаде итно предупредување за влошување на времето и обилни дождови и невреме.
Покрај Солун, големо невреме го зафати и Халкидики, а обилни врнежи имаше и во градот Вурвур, како и во Пефкохори.
Вести
(Од минута во минута) Бајден се закани со нови санкции, Русија најави употреба на нуклеарно оружје

Денес е 27. ден од руската инвазија на Украина
Клучни настани
Бајден и ЕУ со нов пакет санкции
Русија се закани дека ќе употреби нуклеарно оружје ако биде загрозено нејзиното постоење
Спречен четврти обид за атентат на Зеленски
Украински сили: Ја вративме контролата над Макаров
Русија се повлече од преговорите за мировен договор со Јапонија
Бајден: Путин размислува за употреба на биолошко и хемиско оружје
Нови податоци од Велика Британија: Украинските градови страдаат од силни руски воздушни и артилериски бомбардирања
(Од минута во минута)
21:55 Макрон: Не е на повидок прекин на огнот
Договор за прекин на огнот во Украина не е на повидок, се вели во соопштението на Елисејската палата, по разговорот на францускиот претседател Емануел Макрон со Владимир Путин.
21:29 Русите користат забранета муниција?
Се појавија и други извештаи дека руските сили наводно користеле забранета муниција со фосфор во областа на украинскиот град Краматорск.
21:22 Руски медиуми: Путин и Макрон разговараа на телефон
Разговорот е инициран од Франција, објави државната новинска агенција „РИА новости“.
20:48 Бајден најави нови санкции: Ова е важен дел од следната фаза
Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан изјави дека во четврток САД и сојузниците ќе објават нов пакет санкции против Русија.
20:47 Службеник за одбрана на САД: Руските војници патат од смрзнатост
Руските сили продолжуваат да се соочуваат со логистички проблеми, како што е недостатокот на опрема, што доведе до смрзнатини меѓу војниците, изјави висок претставник на американската одбрана.
20:42 Ракетирана железничката станица во регионто на Днепар
Ракетни напади уништија железничка станица во градот Павлоград во централно-источниот украински регион Днепар, при што загина едно лице, изјави денеска гувернерот Валентин Резниченко.
20:26 Ердоган ја повика ЕУ да ги отвори пристапните преговори
„Очекуваме ЕУ бргу да ги отвори поглавјата од пристапните преговори и да ги почне преговорите за царинската унија, без бесрамни калкулации“, рече Ердоган по средбата со холандскиот премиер, Марк Руте, во Анкара.
20:12 Песков: Ќе користиме нуклеарно оружје, само ако биде загрозено нашето постоење
Песков наведува дека целта на руската инвазија на Украина не е окупација на земјата, пренесе руската државна новинска агенција ТАСС.
18:32 Украинската армија: Русите имаат резерви за само уште три дена
„Поради логистички неуспеси на руските сили, вклучително и неможноста да се доставува гориво за војниците на фронтот, тие се без резерви“, соопшти денеска Генералштабот на вооружените сили на Украина.
17:25 „Билд“: Спречен четврти обид за убиство на Зеленски, уапсена група руски диверзанти
Група руски диверзанти, предводени од агент на тајната служба, е уапсена во градот Ужгород во граничниот триаголник меѓу Украина, Словачка и Унгарија, јави агенцијата „Унијан“, пренесува „Билд“.
14:05 Нови силни експлозии во Киев
Неколку силни експлозии oдекнале во главниот град на Украина, додека Киев е под 35-часовен полициски час.
Една од експлозиите била толку силна што ги активирала алармите на автомобилите во центарот на градот, сведочи тимот на Си-ен-ен.
13.55 Украина апелира до Русија да го дозволи коридорот во Мариупол
Украина денеска испрати нов апел до Русија да дозволи хуманитарен коридор во Мариупол и да ги пушти цивилите од овој опколен град
13.38 Русија загуби 15.300 војници, 99 авиони, 123 хеликоптери, 509 тенкови
Независниот весник Киев објави индикативни проценки за загубите на Русија од 22 март, според Вооружените сили на Украина
These are the indicative estimates of Russia’s losses as of March 22, according to the Armed Forces of Ukraine. pic.twitter.com/lDBeHmIFX9
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) March 22, 2022
13.05 (Видео) Зеленски: Вршам притисок врз Русија да ја прекине оваа сурова војна
Драги Италијанци! Кога се обратив на собир во Фиренца и во десетици други европски градови пред нешто повеќе од една недела, ве замолив, сите Европејци, да се сеќавате на бројот 79. Толку многу деца беа убиени во Украина во тоа време. Сега е 117, рече тој.
12.30 Подољак: Се бориме против инвазијата на варварството, нечовечноста и масакрот на цивили
Украинскиот преговарач и советник на претседателот Володимир Зеленски, Михаил Подољак, се огласи на својот официјален профил на Твитер
The war is definitely not over territory, trade or oil embargoes. ?? is fighting for the 27th day for its freedom, against the invasion of barbarism, inhumanity & massacre of civilians. Against everything that symbolizes the "Russian world". Fortitude to our heroes & cities. pic.twitter.com/DAhjXJkzQx
— Михайло Подоляк (@Podolyak_M) March 22, 2022
12:14 Во близина на Чернобил избија седум шумски пожари, тврдат Украинците
Украинците тврдат дека пожарите најверојатно избувнале поради гранатирање, а можно е и да се подметнати. Пожарот избувнал во област под контрола на руските сили, што според Украинците го оневозможува гаснењето.
7 wildfires, likely caused by artillery shelling or arson, have broken out in the area surrounding the #Chornobyl NPP, @ua_parliament reports. The area is now controlled by the ?? troops, so the fires are burning unchecked, raising worries that the radiation smoke could spread.
— SSSCIP Ukraine (@dsszzi) March 22, 2022
12.10 Зеленски: За руските војници Украина е порта кон Европа
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пред италијанскиот парламент изјави дека неговата земја е на работ на опстанок поради војната со руските сили и предупреди дека целта на Москва е да се пробие до остатокот од Европа
12:00 Кога користам британско оружје ќе викам „Боже, чувај ја кралицата“, вели украински војник
Украинскиот командант Валериј Курко изјави дека кога ќе употребува противтенковско оружје кое Украина го добила како помош од Велика Британија, ќе вика: „Боже, чувај ја кралицата“ (God save the Queen).
11.45 Повеќе од 3,5 милиони луѓе ја напуштиле Украина поради војната
Агенцијата за бегалци на ОН денеска објави дека повеќе од 3,5 милиони бегалци досега ја напуштиле Украина поради руската инвазија, пренесува АП
Новите сателитски снимки објавени од приватната американска компанија за вселенска технологија „Maxar Technologies“ уште еднаш покажаа до кој степен руските сили ги оштетиле украинските градови
11.25 Руските сили го бомбардираа пристаништето во Николаев
Руските сили синоќа бомбардираа пристаниште во украинскиот град Николаев, соопшти Украинската управа на пристаништа
11.20 Руски дипломат: Американско-руските односи се на работ на прекин
Заменик-министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Рјабков изјави дека САД мора да се откажат од понатамошната ескалација на односите со Русија и да престанат да испорачуваат оружје на Украина.
11.18 Во гранатирањето на Харков загина 96-годишник кој го преживеал холокаустот
Борис Романченко (96), кој го преживеа холокаустот во Втората светска војна, почина минатата недела кога граната го погоди неговиот стан во воениот украински град Харков
11.15 Русија го гранатираше регионот Житомир: Уништени три куќи, десет оштетени
Русија не престанува со инвазијата на Украина веќе 27 дена, а утрово биле гранатирани згради во близина на Малин, соопшти утринава Украинската државна служба за вонредни состојби
11.13 Уништувањето на Мариупол продолжува
Се појавија нови видеа од уништувањето во Мариупол, а нападите на руската армија врз Украина не престануваат
11.10 Гранатирано село во Украина – уништени голем број куќи
Во украинското село Лутица, северно од Киев, од руското гранатирање уништени се голем број куќи
? RUSKA INVAZIJA / U selu #Lyutizh sjeverno od Kijeva granatiranje uništilo kuće: Stanovnici ne vjeruju da su živi ⤵️ #UkraineRussiaWar #BreakingNews
↘️ Video credit: @SkyNews pic.twitter.com/2PzlwUzNer
— Dnevni avaz (@DnevniAvaz) March 22, 2022
11.07 Украинска армија: Русите имаат храна, гориво и муниција уште три дена
Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека, според достапните информации, руските окупаторски сили во Украина имаат залихи на муниција и храна за не повеќе од три дена
11.05 Зеленски: Подготвен сум да разговарам со Путин за Донбас и Крим, но со безбедносни гаранции
Мислам дека ова е време за моја средба со рускиот претседател. Без тоа, нема целосно да разбереме што се подготвени да направат за да ја запрат војната. Тоа се многу сериозни работи
11.02 Украински парламент: 117 деца се убиени од почетокот на инвазијата
Украинскиот парламент утринава соопшти дека 117 деца се убиени, а 155 се повредени во нападите на руските сили од почетокот на руската инвазија на Украина
‼️117 УКРАЇНСЬКИХ ДІТЕЙ ВБИЛА КРАЇНА-ТЕРОРИСТ
? Станом на 22 березня загинуло 117 дітей, 155 поранено. Найбільше постраждало дітей у Київській-58, Харківській-40, Чернігівській-31, Донецькій-30, Миколаївський-24, Києві-16, Житомирській-15, Херсонській-15 і Сумській-14.
— Верховна Рада України (@verkhovna_rada) March 22, 2022
11:00 Престана со работа руската фабрика за тенкови, тврди украинското разузнавање
Во објава на „Фејсбук“, Генералштабот на вооружените сили на Украина посочи дека производителот „Уралвагонзавод“ морал да го прекине производството во фабриката поради, како што се вели, недостиг на компоненти произведени надвор од Русија.
10:37 (Видео) Британија: Наш министер разговараше со лажен премиер на Украина, тоа е руски трик
Велика Британија денеска ја обвини Русија дека стои зад видеоповикот во кој едно лице лажно се претставува како премиер на Украина во разговор со министерот за одбрана, Бен Валас, чија снимка беше објавена и на „Јутјуб“.
10:17 Предупредување од германските безбедносни служби: Неонацисти одат во Украина
Германските безбедносни служби предупредуваат дека повеќе германски неонацисти тргнале кон Украина за да се приклучат во борбата на украинските власти.
8:43 Фумио Кишида: Неприфатлив е прекинот на преговорите од Москва
Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска ја нарече неприфатлива одлуката на Русија да ги прекине преговорите за мировен договор
8:35 Бајден: Путин размислува за употреба на биолошко и хемиско оружје
Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека има јасен знак дека рускиот претседател Владимир Путин размислува за употреба и на биолошко и на хемиско оружје во Украина
Министерството за одбрана на Обединетото Кралство го објави најновиот извештај на одбранбените разузнавачки служби за ситуацијата во Украина – 22 март 2022 година.
8:25 Украинска армија: 300 руски војници одбиле да ја послушаат наредбата, се повлекле
Украинската војска соопшти дека 300 руски војници одбиле да ги почитуваат наредбите во областа Октирка во близина на Суми во североисточна Украина.
8.20 Принцот Вилијам:Солидарни сме со украинските борци
Британскиот принц Вилијам им оддаде почит на Украинците кои се борат да преживеат во својата татковина по посетата на британскиот воен камп за обука во џунглите во Белизе со неговата сопруга Кејт, како дел од неговата седумдневна турнеја на Карибите
8:15 Семејството го опиша хоророт во Мариупол: Пукаа во луѓето на ред за вода
Дмитро и Тања Шветс првите 23 дена од војната ги поминале криејќи се во подрум во Мариупол со нивната седумгодишна ќерка. Семејството успеало да побегне од Мариупол минатиот четврток, но нивните родители останале таму
8:10 Украински сили: Ја вративме контролата над Макаров
По неколкудневни борби, украинските сили ја вратија контролата врз Макаров, град на 30 милји западно од Киев, објавија украинските вооружени сили
8:05 Русија се повлече од преговорите за мировен договор со Јапонија
Русија се повлече од преговорите за мировен договор со Јапонија и ги замрзна заедничките економски проекти поврзани со спорните Курилски острови поради санкциите што и ги воведе Токио поради Украина, што предизвика лута реакција на Јапонија
8:00 Украинските сили го забавуваат напредокот на Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео порака рече дека украинската армија им пружа жесток отпор на руските сили и го забавува нивниот напредок.