Свет
Украинската армија: Водиме жестоки битки на исток
Војската на Украина денеска објави дека се водат жестоки борби во источниот дел на земјата додека руските сили се обидуваат да преземат целосна контрола врз делумно окупираните региони Луганск и Доњецк.
„Противникот продолжува да ги фокусира своите главни напори на обидите за целосно окупирање на областите на Луганск и Доњецк“, соопшти главниот штаб на украинската армија, додавајќи дека „жестоките борби продолжуваат“, пренесе Радио Слободна Европа (РСЕ).
Фокусот на руските сили на областите Луганск и Доњецк доаѓа во време кога украинската армија спроведува голема контраофанзива со цел повторно да ја заземе украинската територија окупирана од Москва, пренесе агенцијата Бета.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера призна дека долгоочекуваната контраофанзива започнала.
„Во Украина се случуваат контраофанзивни и одбранбени дејства, но нема да кажам детално во која фаза се тие“, рече Зеленски, велејќи им на новинарите да му пренесат на Путин дека украинските генерали „сите се позитивно расположени“.
Во меѓувреме, утрово два дрона се урнаа во руската област Калуга, објави регионалниот гувернер Владислав Шапша на апликацијата Телеграм. Едниот дрон се урна во близина на селото Стрелковка, а другиот во шумите во областа Медински во градот. Според првите информации нема жртви и причинета е минимална штета.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Гробницата на таткото на Асад во пламен, бунтовниците го извлекоа ковчегот и го запалија
На социјалните мрежи се шират снимки и фотографии на кои се гледаат бунтовнички борци како стојат до запалениот гроб на починатиот сириски претседател Хафез ал Асад.
Бунтовниците го извлекле ковчегот и го запалиле. АФП пренесува дека бунтовниците во униформи, како и локални жители, гледале како ковчегот гори.
Syrian rebels destroyed the crypt and tomb of dictator Hafez al-Assad, Bashar's father. pic.twitter.com/YwgQKezkjl
— NEXTA (@nexta_tv) December 11, 2024
Хафез ал Асад владееше со Сирија три децении. Тој почина од срцев удар во 2000 година и беше погребан во мавзолеј во неговото родно село Караха.
⚡️BREAKING:
New footage emerged showing the destruction and burning of Hafez Al-Assad’s grave in Syria by Syrian “rebels.” pic.twitter.com/i37gX6dlHV
— Suppressed News. (@SuppressedNws) December 11, 2024
На функцијата претседател го наследи неговиот син Башар, кој беше сменет минатиот викенд.
Свет
(Видео) „Си-Ен-Ен“ влезе во палатата и гаражата на Асад: Ферари, Ламборџини…
Репортерката на „Си-Ен-Ен“, Клариса Вард, го открива луксузниот живот што го живеела династијата Асад.
Палатата беше заземена од бунтовничките сили откако поранешниот претседател побегна во Русија.
Пред палатата на Башар ал Асад во Дамаск, Сиријците се собираат да се фотографираат и да го прослават неговото соборување. Граѓаните не смеат да влезат во пространиот комплекс, чиј двор е поголем од една градска четвртина.
Куршуми, испукани од бунтовниците за време на прославата кога ја презедоа контролата сè уште може да се најдат насекаде на теренот.
На самиот влез распослано е иранско знаме за да можат луѓето да газат по него. Иран беше најлојален сојузник на Башар ал Асад.
Еден бунтовник побарал од новинарката да стави шамија. Новинарката на „Си-Ен-Ен“ вели дека тоа е првпат откако стигнале таму некој да побара да си ја покрие косата.
„Стоењето во оваа палата по речиси 14 години сурова граѓанска војна е горд момент што ја заокружува сеизмичката победа“, вели новинарката.
Бунтовниците сакале да нагласат дека не ја ограбиле палатата кога првпат влегле. На прозорците се гледа графитот на првите бунтовници: „Алах да ја проколне душата на Хафез ал Асад“. Хафез ал Асад беше татко на Башар.
Кога ќе ги погледнете овие тавани, лустери, мермер и сите овие детали, можете да ги видите изобилството и богатството, луксузниот начин на живот на семејството Асад, што предизвика толкаво негодување кај многу Сиријци кои се бореле да преживеат со децении, вели новинарката.
Во гаражата има многу луксузни автомобили, Ферари, Ламборџини.
Свет
Лебот во Алепо поскапе 900 отсто
Со падот на претседателството на Башар ал-Асад хуманитарната ситуација во Сирија останува нестабилна, соопштија Обединетите нации.
Болниците во Сирија се преполни со голем број пациенти со тешки повреди и трауми, објави Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA).
Многу луѓе страдаат од огромен психолошки стрес, а особено децата покажуваат знаци на траума, објави во вторникот OCHA.
Во многу големи градови, како што е главниот град Дамаск, има недостиг од храна. Од почетокот на офанзивата на бунтовниците цената на лебот во градовите како Идлиб и Алепо се зголеми 900 отсто.
ОН проценуваат дека од почетокот на офанзивата на бунтовниците предводени од исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) околу еден милион луѓе се раселени во Сирија. Продолжува движењето на бегалците, се наведува.
OCHA предупреди на мински полиња, кои ги ограничуваат движењето на луѓето и испораката на стоки. Во изминатите 10 дена во државата се идентификувани најмалку 52 мински полиња.