Свет
Украинскиот министер призна: Немаме информации дека Русија подготвува офанзива

Вооружените сили на Русија досега не формирале ниту една ударна група, што би укажало дека се подготвува напад на Украина, изјави министерот за одбрана на Украина, Алексеј Резников.
Како што наведе, податоците со кои располага украинската разузнавачка служба, службите на земјите партнери на Киев, покажуваат дека состојбата е иста како и во пролетта минатата година.
„ Значи, како што сега стојат работите, не е формирана ударна група на руските вооружени сили, што би укажало дека тие утре ќе тргнат во офанзива“ – изјави Резников.
Тој нагласи дека има ризични сценарија и дека тие се можни во иднина.
„Но, денес таква демонстрација, таква закана не постои“ – нагласи Резников.
Министерот нагласи дека не го „ценел многу“ сценариото за можна руска офанзива на 20 февруари, за кое разговарал командантот на операцијата на здружените сили на Украина, Александар Пављук.
„Нашите вооружени сили, нашата команда, Генералштабот ги разработија сите сценарија на најлошите опции за да знаат што да прават во случај на офанзива“ – објасни Резник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Ослободувањето на Украина е прашање на време, ќе имаме повеќе оружје од Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ноќно обраќање рече дека ослободувањето на Украина е се поблиску секој ден и дека е само прашање на време кога Украина ќе ги врати териториите што Русија ги окупира.
„Украина ќе врати се’. Ова е императив. Тоа е само прашање на време. Секој ден сме се поблиску до ослободувањето. Сè што правиме е за таа цел“, рече Зеленски.
„Ќе имаме повеќе оружје од Русија“
Ситуацијата во Донбас се уште е тешка, особено во областите Северодонецк, Лисичанск, Бакмут и Попасна, рече тој.
„Што се однесува до снабдувањето со оружје, секој ден сме се поблиску до тоа да го надминеме нашиот непријател. Ќе доминираме над окупаторот со технолошка и конвенционална ударна сила. Многу зависи од нашите партнери. Тие се подготвени да и’ обезбедат на Украина сè што и’ е потребно за да ја одбрани својата слобода. Затоа, очекувам добри вести за ова следната недела“, изјави украинскиот претседател.
Свет
Украина: Продолжуваат борбите во Северодонецк

Борбите за источниот украински град Северодонецк продолжуваат, а руските сили вршат напади, тврди Генералштабот на вооружените сили на Украина.
„Со употреба на артилерија, руските сили извршија операции во областа на градот Северодонецк“, се вели во соопштението на Генералштабот.
„Заканата од удар од белоруската територија врз украинските инфраструктурни објекти останува можност“, заклучуваат во објавата.
Свет
СЗО: Ширењето на мајмунските сипаници може да се контролира со правилни мерки

Невообичаеното ширење на вирусот на мајмунска сипаница лесно може да се спречи со правилни мерки, изјави шефицата на одделот за пандемија при Светската здравствена организација (СЗО), Силви Брајан.
СЗО предупредува дека 200 случаи на мајмунски сипаници регистрирани во последните недели во светот, надвор од земјите каде што често циркулира вирусот, би можеле да бидат само почеток, пренесе лондонскиот дневен весник „Гардијан“.
„Не знаеме дали го гледаме само врвот на ледениот брег, т.е. дали има уште многу случаи кои не се откриени “, рече Брајан на брифингот во петокот.
Откако Велика Британија првпат го откри случајот со мајмунска сипаница на 7 мај, речиси 200 заразени лица се пријавени во СЗО од земји далеку од оние каде што вирусот е ендемичен, а Европскиот центар за превенција и контрола на болести процени 219 такви случаи.
Случаи на зараза со вирусот на мајмунска сипаница се откриени во повеќе од 20 земји ширум светот, вклучувајќи ги САД, Австралија, Обединетите Арапски Емирати и речиси десетина други земји од Европската унија.