Свет
Уште една компанија го прекина испитувањето против Ковид-19
Американскиот производител на лекови „Илај Лили енд компани“ соопшти дека ги запреле клиничките испитувања на терапијата против Ковид-19 спонзорирани од владата, пренесува „Ројтерс“.
Според агенциите, причината е прашањето за нејзината безбедност.
„Илај Лили енд компани“ не ги коментира импликациите од прекинувањето на клиничките испитувања.
Компанијата објави претходно овој месец дека ќе аплицира за итна дозвола за употреба на терапија со антитела, лекот LY-CoV555, за пациенти со умерен до средно сериозен облик на Ковид-19, врз основа на податоците собрани во друго клиничко испитување.
„Илај Лили енд компани“ е производител на лекови против Ковид-19 кои содржат антитела, слични на оние што ги земаше американскиот претседател Доналд Трамп.
На видеото што минатата недела го објави на социјалните мрежи Трамп ја претстави терапијата со антитела произведени од „Илај Лили енд компани“ заедно со терапијата на компанијата „Регенерон“ како лек против Ковид-19.
Објавата на „Илај Лили енд компани“ дојде еден ден откако компанијата „Џонсон и Џонсон“ објави дека е принудена привремено да го прекине тестирањето на својата експериментална вакцина против коронавирусот бидејќи на еден доброволец му се слошило.
Компанијата соопшти дека сè уште не знае дали лицето примило соодветна вакцина или плацебо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

