Свет
„Фајзер“ бара дозвола за вакцинација на децата од 5- до 11-годишна возраст

„Фајзер“ побара од американската влада дозвола за имунизација со вакцината против коронавирус за деца на возраст од 5 до 11 години, што ќе биде голем чекор во борбата против големиот пораст на инфекции кај младите луѓе и ќе помогне училиштата да останат отворени.
Многу родители и педијатри бараат заштита за децата под 12-годишна возраст, што е сегашната граница за вакцинација против Ковид-19 во САД.
Агенцијата за храна и лекови ќе треба да одлучи дали има доволно докази дека вакцината е безбедна и ефикасна кај помалите деца како кај тинејџерите и возрасните. Независен експертски совет ќе расправа за одобрување на вакцината за деца под 12 години на 26 октомври.
„Фајзер“ и неговиот германски партнер „Бионтек“ соопштија дека нивното истражување покажува дека помалите деца треба да добијат третина од дозата што сега им се дава на сите други.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Длабока загриженост за ситуацијата во Косово има кај специјалниот претставник на ЕУ

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак денеска изјави дека е длабоко загрижен за ситуацијата на северот на Косово и повторно повика на смиреност, предвремени избори и враќање на дијалогот меѓу двете страни.
Лајчак синоќа заедно со американскиот претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар разговараше со косовскиот премиер Албин Курти и првиот вицепремиер Бесник Бисљими.
„Ние сме длабоко загрижени за ситуацијата на северот и повикуваме на итна деескалација на теренот, предвремени избори со учество на косовските Срби и враќање на дијалогот за нормализација на односите“, напиша Лајчак на Твитер.
На средбата со европските и американските емисари, Курти изразил безрезервна подготвеност и непоколеблива добра волја за интензивен и заеднички ангажман за деескалација на ситуацијата и нормализација на односите, соопшти претходно денеска косовската влада.
Како што се наведува во соопштението на Владата на Косово, на средбата биле разменети мислења за состојбите и последните случувања, идеи за деескалација на северот и итноста од спроведување на Основниот договор и Анексот за имплементација.
Лајчак и Ескобар на косовскиот премиер му претставија предлог од три точки за излез од кризата на северот на Косово, првата е деескалација на ситуацијата, втората е брзи избори на север и третата е враќање на дијалогот за нормализација.
Европа
(Видео) Времето истекува, а паниката никогаш поголема: Русите и Украинците имаат неколку часа за евакуација

Браната „Каховка“ на реката Днепар, која се наоѓа на југот на Украина во близина на градот Херсон, е уништена рано утринава, а водата неконтролирано се излева во околните места.
Украина прво објави дека Русите, кои ја контролираат областа Нова Каховка, каде што се наоѓа уништената брана, самите ја минирале областа и довеле до катастрофа.
Руските власти првично негираа дека браната е гранатирана, а потоа за истото ја обвинија Украина.
BREAKING: Video shows the Kakhovka hydro-electric dam in southern Ukraine has been destroyed pic.twitter.com/DePGbQUHRD
— BNO News (@BNONews) June 6, 2023
Додека стигнуваат меѓусебни обвинувања, десетици илјади луѓе се изложени на ризик поради излевањето на водата што веќе достигна ниво од десет метри и се заканува да поплави делови од самиот Херсон.
Локалните власти се во трка со времето, пренесуваат медиумите.
#Russia blew up the dams of the #Kakhovka hydroelectric power plant. The purpose is obvious: to create insurmountable obstacles on the way of the advancing #AFU; to intercept the information initiative; to slow down the fair final of the war. On a vast territory, all life will be… pic.twitter.com/rFpkDbjyhj
— Михайло Подоляк (@Podolyak_M) June 6, 2023
Хидроцентралата Нова Каховка во Украина, која е под контрола на руските сили, сега е целосно уништена поради минирањето на браната Каховка, а некои украински власти објавија драматични снимки од областа.
Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, го објави најновото видео од реката Днепар каде се наоѓала браната Каховка. Тоа покажува како нивото на водата забрзано се зголемува и како хидроцентралата Нова Каховка е целосно потопена од надојдената вода на реката Днепар.
Европа
Триесет уапсени за обид за државен удар во Киргистан

Повеќе од 30 лица обвинети за заговор за државен удар се уапсени во Киргистан, објави службата за национална безбедност во вторникот, пренесува Радио Слободна Европа.
Неколку извори од киргистанските тела за спроведување на законот изјавиле за РСЕ дека уапсените се осомничени оти наводно се подготвувале да ја преземат власта.
Од стекнувањето независност од Советскиот Сојуз во 1991 година, оваа сиромашна централноазиска земја со врски со Русија и Кина беше сведок на тројца претседатели, кои поднесоа оставки поради политички кризи поттикнати од корупцијата, непотизмот и спорните избори.
Киргистанската Агенција за државна безбедност (ГКНБ) соопшти дека разбила група луѓе што планирале да организираат немири со цел насилно да ја преземат власта.
The State Committee for National Security of Kyrgyzstan published a video with the detention of suspects in the preparation of a coup d’état. pic.twitter.com/G5ljbPJAdc
— UkraineMaps 🇺🇬 (@MapsUkraine) June 6, 2023
Во моментот во затвор се десетина политичари и активисти поради обид за преземање на власта. Тие беа уапсени во октомври минатата година додека го изразуваа својот протест против трансферот на земјиштето на акумулацијата „Кемпир-Абад“ на киргистанско-узбекската граница на Узбекистан.
Уапсените тврдат дека се прогонувани затоа што ја критикувале власта. Претседателот Садир Јапаров, пак, вели дека затворениците не може да најдат никаков друг изговор за обидот за државен удар, па го користат како изговор прашањето за „Кемпир-Абад“.
Голем број големи меѓународни организации, вклучително и УНХЦР, ги повикаа киргистанските власти праведно да го истражат овој случај.
In Kyrgyzstan at our 2nd Central Asia Leaders’ meeting with one clear message:
The🇪🇺 is strongly committed to your region & we want to deepen our cooperation. To make our regions safer, more connected & more prosperous for our people.
The🇪🇺 is a reliable partner for the long haul pic.twitter.com/U6TlX1hVTm— Charles Michel (@CharlesMichel) June 2, 2023
Апсењата доаѓаат само неколку дена по посетата на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на Киргистан. За време на срдбата, Јапаров вети подготвеност да соработува со Европската Унија.
Во петокот Киргистан беше домаќин на вториот самит на лидерите на Централна Азија и ЕУ.
„Европската Унија бара искрено партнерство со земјите од централна Азија. Им нудиме искрено партнерство на петте поранешни советски републики во регионот“, изјави Мишел на маргините на самитот додавајќи дека ЕУ ќе биде угледен партнер кој создава доверба.