Свет
„Фајзер“: Веројатно ќе треба да се вакцинираме против Ковид-19 и во наредните години

Бен Осборн, директор на фармацевтската компанија „Фајзер“, изјавил дека веројатно ќе ни требаат засилувачки дози вакцина против Ковид-19 во наредните години, но сè уште не е познато дали тие ќе се администрираат на секои шест месеци или еднаш годишно.
Кога станува збор за омикрон-варијантата на коронавирусот, Озборн вели дека сè уште чекаме разни нови податоци за новиот сој на вирусот, и тоа не само од „Фајзер“ и „Бионтек“ туку и од владите и здравствените системи во светот.
„Мислам дека веќе имаме основни информации за вирусот, а знаењето за мутациите е многу добро документирано“, рече тој.
„Сè уште ни требаат сознанија за три фактори: прво, нивото на пренос на новата варијанта и дали ќе го измести делта-сојот, второ, треба да го знаеме влијанието на омикрон врз хоспитализациите и потенцијалната смрт при тешка болест и, трето, многу е важно да се знае колку е ефективна вакцината за оваа варијанта“.
„Во неделите што следуваат ќе имаме повеќе податоци за сите три фактори, што ќе резултира со одлуки што ќе ги донесе „Фајзер“, но и владите во светот“, рече Озборн.
„Можам да кажам дека сме подготвени. Доколку ни треба нова вакцина, можеме да ја развиеме и произведеме во големи количини. Но, во меѓувреме најважно е сите возрасни да добијат бустер-доза за да го постигнат тоа основно ниво на имунитет“.
Запрашан колку долго на луѓето ќе им требаат дополнителни (засилувачи) дози, тој рече дека е „многу тешко да се предвиди на долг рок, со оглед на тоа што никој не може со сигурност да предвиди како ќе се развие вирусот во иднина“.
„Според досегашните научни сознанија, веројатно ќе ни треба одредено ниво на вакцинација на возрасната популација во наредните години. За жал, не знаеме дали тоа ќе биде вакцинација на секои шест месеци или секоја година, како што правиме во случајот со вакцинацијата против разни видови грип“, рече Озборн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Зеленски го свика Советот за безбедност: „Ова е доказ дека Русите се терористи“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Твитер објави видео од уништената брана Нова Каховка, нарекувајќи ги руските сили во Украина „терористи“.
„Руски терористи. Уништувањето на браната во хидроцентралата Каховка само му потврдува на целиот свет дека мора да бидат протерани од секој агол на украинската територија. Не треба да се остават ниту еден метар, бидејќи секој метар ќе го користат за терор “, објави Зеленски.
Russian terrorists. The destruction of the Kakhovka hydroelectric power plant dam only confirms for the whole world that they must be expelled from every corner of Ukrainian land. Not a single meter should be left to them, because they use every meter for terror. It’s only… pic.twitter.com/ErBog1gRhH
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) June 6, 2023
„Само победата на Украина ќе ја врати безбедноста. И таа победа ќе дојде. Терористите нема да можат да ја спречат Украина со вода или проектили или нешто друго. Сите служби си ја вршат својата работа. Свикав седница на Националната безбедност и одбрана. Ве молиме ширете ги само официјалните и проверени информации“, најави украинскиот претседател.
Регион
Ердоган го постави својот портпарол за шеф на државната разузнавачка служба

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го назначи својот портпарол Ибрахим Калин за шеф на Националната разузнавачка агенција (МИТ).
Ова го соопштија од кабинетот на Ердоган.
Калин е долгогодишниот доверлив човек на Ердоган, кој од 2014 година е портпарол на претседателството и советник за надворешна политика на Ердоган.
За министер за надворешни работи, наместо Мевлут Чавушоглу, е назначен поранешниот шеф на МИТ, Хакан Фидан, кој беше на таа функција од 2010 година.
Турскиот претседател одлучи на функцијата министер за финансии во новата влада повторно да го именува Мехмет Шимшек, како и за министер за одбрана Јашар Ѓулер, кој од 2018 година е началник на турскиот Генералштаб.
Свет
(Видео)Разнесена клучна брана кај Херсон, го снабдува Крим со вода: наредена итна евакуација

Украинската јужна оперативна команда рано утринава извести дека руските сили ја разнеле хидроцентралата Каховка. На социјалните мрежи се споделуваат видеа од наводната експлозија и масата на вода што се прелева над остатоците од браната.
Руските власти ја демантираат информацијата и тврдат дека видеата се лажни.
„Се е тивко и мирно. Ништо не се случува“ – изјави за РИА Новости градоначалникот на Нова Каховка, Владимир Леонтиев.
#BREAKING: The moment that the Nova Kakhovka dam was blown up was purportedly captured on video. If this footage is real, it would certainly refute claims that there was no explosion. pic.twitter.com/GMaarExZEn
— Ukraine Front Lines (@EuromaidanPR) June 6, 2023
Подоцна, пак, рече дека од гранатирањето бил уништен само горниот дел од хидроцентралата, но дека браната на акумулацијата не е уништена.
„По уривањето на хидроцентралата низводно, нивото на водата порасна за 2,5 метри, службите се на терен“ – додаде тој.
Хидроцентралата Каховка се наоѓа на пет километри од Нова Каховка во регионот Херсон. Уништувањето на браната може да резултира со смрт на илјадници луѓе, пишува руската државна агенција РИА.
Ukraine's Southern Operational Command reported early on June 6 that Russian forces blew up the Kakhovka Hydroelectric Power Plant.
"The scale of the destruction, the speed and volumes of water, and the likely areas of inundation are being clarified," the military said on their… pic.twitter.com/xIAEivrOTq
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) June 6, 2023
Леонтиев тврдеше дека евакуацијата на населението од градот не е неопходна, но дека можеби ќе треба да ги евакуираат населбите лоцирани низводно – Корсунки и Днепар, како што прецизираше.
„Ќе бидеме подготвени, доколку треба, да извлечеме луѓе. Но, нема да има катастрофа“ – увери тој.
Браната висока 30 метри и долга 3,2 километри е изградена во 1956 година на реката Днепар како дел од хидроцентралата Каховка. Содржи резервоар кој го снабдува со вода Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година, и нуклеарната централа Запорожје, која исто така е под руска контрола.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе одржи итен состанок, објави на Твитер секретарот на Украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана Олексеј Данилов.
Руската новинска агенција Тас, повикувајќи се на итните служби, јавува дека 80 населени места би можеле да бидат погодени од поплави.
Оштетувањето на браната може да доведе до проблеми со снабдувањето на Крим, изјави прорускиот градоначалник на Нова Каховка.