Свет
„Фајзер“ најавува поскапување на вакцините

Весникот „Фанпејџ“ пишува дека Европската Унија постигнала договор со американскиот производител на вакцини „Фајзер“ за зголемување на испораката на лекот за европскиот пазар и дека контингентот од 10 милиони дози, првично планиран за втората половина на годината, ќе биде испорачан во следното тримесечје.
Весникот исто така пишува дека производителот може да ја зголеми цената на лекот, кој веќе е меѓу најскапите на пазарот на вакцини, а за една доза се плаќаат 15,5 евра.
Директорите на американскиот фармацевтски див објавија дека цената на вакцината ќе се зголеми во следната фаза кога вирусот повеќе нема да се шири пандемиски, туку ендемиски, односно ограничено на одредени области.
Весникот потсетува на неодамнешните изјави на еден од директорите на компанијата, Франк Дамели, кој рече дека вакцинацијата можеби ќе треба да се обновува секоја година и дека во тој случај, откога ќе помине вонредната ситуација, компанијата може да ја приспособи цената на вакцината според побарувачката на пазарот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лавров повика на укинување на санкциите за Иран

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, вчера повика на безусловно укинување на сите санкции наметнати од САД кон Иран, вклучувајќи ги и санкциите насочени кон странски фирми кои соработуваат со Техеран, пренесува ИРНА.
„Сите еднострани санкции што беа воведени од Вашингтон треба да бидат безусловно укинати. Ова е темата за која се разговара во Виена и спроведувањето на оваа задача од страна на САД и враќањето на САД на целосно спроведување на обврските од Резолуцијата 2231 ќе му овозможат на Иран да се врати во целосна примена на доброволните чекори што Техеран вети дека ќе ги преземе во согласност со оваа резолуција“, рече Лавров на заедничката прес-конференција со својот ирански колега Мохамад Џавад Зариф, во Техеран.
„Ова се однесува не само на санкциите кои беа незаконски воведени директно против Иран туку и на оние санкции што беа воведени против странски компании за соработка со Иран“, додаде тој.
Лавров ги критикуваше новите санкции на ЕУ против Иран, предупредувајќи дека тие можат да ги поткопаат тековните разговори околу враќањето на ЈЦПОА.
„Ако оваа одлука е намерно донесена среде преговорите што продолжуваат во Виена за да се спаси ЈЦПОА, тогаш тоа е веќе грешка, што, како што знаете, е полошо од кривично дело“, рече тој.
Лавров ги повика сите страни во нуклеарниот договор од 2015 година, вклучително и Иран, да се придржуваат до договорот и да спроведат меѓународна резолуција поврзана со него.
Во 2018 година, американскиот претседател Доналд Трамп еднострано се повлече од договорот и повторно воведе строги санкции што претходно беа укинати според договорот. Ова го принуди Иран да го зголеми збогатувањето на ураниум што беше ограничено според условите на договорот.
Свет
Судан враќа 61 затвореник во Етиопија

Суданската армија вчера соопшти дека ѝ предала на Етиопија 61 затвореник кои ги привела во последните неколку месеци, пренесува „Мидл Ист монитор“.
„Вооружените сили на Судан ѝ предадоа 61 затвореник на етиопската влада на граничниот премин ‘Калабат’ во близина на источниот град Ал-Кадариф “, се вели во соопштението на армијата.
Во соопштението се додава дека предавањето е извршено во присуство на претставници од обете страни.
Во последните месеци, границите на Судан и Етиопија се сведоци на тензии откако Картум најави контрола над пограничниот регион Тигреј. Адис Абеба ја обвинува армијата на Судан за заземање логори во рамките на нејзината територија, но Картум го негира обвинението.
Свет
Јавниот обвинител на Аризона ја тужи администрацијата на Бајден за политиките за миграција

Јавниот обвинител на Аризона, Марк Брнович ја тужи администрацијата на американскиот претседател, Џо Бајден, велејќи дека сака да ја принуди да продолжи со изградба на ѕидот на јужната граница на САД и да ја врати политиката на администрацијата Трамп „Остани во Мексико“, пренесува „Њујорк пост“.
Во тужбата се тврди дека политиката за миграција на администрацијата на Бајден е во спротивност со Националниот закон за заштита на животната средина поради нелегални мигранти кои расфрлаат отпад на границата и затоа што зголемувањето на населението ќе доведе до „ослободување на загадувачи, јаглерод диоксид и други стакленички гасови во атмосферата, што директно влијае на квалитетот на воздухот “.
„Мислам дека е императив да сториме сè што можеме за да се обидеме да се справиме со кризата на нашата граница, затоа ги користам алатките што ги имам во моето поле“, вели тој.
Брнович вели дека демократите користеле слични тактики во минатото за да запрат изградба на автопати, проширување на аеродроми итн.
Тексас и Мисури исто така ја тужат администрацијата на Бајден, оспорувајќи ја нејзината имиграциска политика, велејќи дека има пораст на криминалот во нивните држави поради враќањето на политиката „Остани во Мексико“.
Бајден, непосредно по стапувањето на должноста, прекина многу од имиграциските мерки на Трамп, вклучувајќи ја изградбата на ѕидот на границата со Мексико. Администрацијата на Трамп успеа да изгради 400 милји челична ѕидна конструкција и покрај долгите судски битки и противењето на Конгресот.
Минатата недела податоците на ЦПБ покажаа дека бројот на приведувања на границата со САД пораснал за повеќе од 70 отсто во март. Забележаните 172.331 мигрантски приведувања претставуваат највисок месечен број во повеќе од две децении, а администрацијата на Бајден е на пат да го надмине претходниот годишен рекорд поставен во 2019 година со над 977.000 приведувања. Бајден и другите претставници на администрацијата тврдат дека бранот е сезонски.
Трамп мораше да прогласи вонредна состојба во февруари за да обезбеди средства за изградба на ѕид на границата со Мексико откако масовните мигрантски каравани од земјите од Централна Америка кои бараат азил почнаа да се движат кон САД преку Мексико есента 2018 година.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш