Свет
ФБИ: Русите ќе се вмешаат во изборите, тие имаат свој кандидат за претседател на САД

Директорот на американскиот ФБИ, Кристофер Реј, вели дека Русија не се откажува од намерата да влијае на резултатот од претседателските избори во САД во ноември. Според наодите на американските разузнавачки служби, главната цел на Москва е да ѝ наштети на кампањата на демократскиот кандидат Џо Бајден и на она што се смета како антируски естаблишмент.
Реј зборуваше пред членовите на Комитетот за национална безбедност во Претставничкиот дом и опиша дека операциите на Кремљ се многу активни на социјалните мрежи, државната телевизија во Русија и на другите платформи.
Изјавата на директорот на ФБИ е во согласност со процените што се појавија на почетокот на август, а беа објавени од највисокиот службеник за контраразузнавање во Америка, Вилијам Еванина.
Тој предупреди дека Русите сакаат да ѝ помогнат на кампањата на Доналд Трамп, што директорот на ФБИ не го кажа експлицитно и, наместо тоа, се фокусира на дезинформациите што ги погодуваат американските гласачи.
„Она што најмногу ме загрижува е постојан обид за ширење дезинформации и чести мали сајбер-напади. Загрижен сум дека ова ќе доведе до пад на довербата кај американските гласачи со текот на времето“, рече Реј.
Одговарајќи на прашања во Конгресот, Реј рече дека нема причина за грижа во врска со зголемениот број гласови што ќе пристигнат по пошта поради пандемијата.
„Досега не видовме координиран обид за измама на гласачите на изборите“, рече директорот на ФБИ.
Претседателот Трамп во серија твитови предупреди дека гласањето по пошта ќе заврши како изборна кражба и ќе доведе до масовен хаос и конфузија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа, предупредува Советот за безбедност на ОН

Спроведувањето на израелскиот план за преземање контрола врз градот Газа на истоимената палестинска територија, каде што Израел војува речиси две години, се заканува да предизвика нова катастрофа што би се почувствувала во целиот регион, предупреди денеска високиот функционер на ОН Мирослав Јенча.
Јенча, заменик-генерален секретар на ОН за Европа, Централна Азија и Америка, на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН во врска со овој план изјави дека во Појасот Газа се одвива хуманитарна катастрофа од големи размери.
Тој рече дека преземањето контрола врз градот Газа може да предизвика нова катастрофа во целиот Појас, предизвикувајќи понатамошно присилно внатрешно раселување и убивање цивили.
Израелскиот план беше остро осуден од претставникот на Словенија во Советот за безбедност и поранешниот министер за надворешни работи, Самуел Жбогар.
Во говорот во име на Данска, Грција, Франција и Словенија, тој рече дека секој обид за анексија, проширување на воените операции и кршење на меѓународното право дополнително ќе ги изложи на опасност сите цивили во Газа, вклучувајќи ги и преостанатите Израелци, заложници на милитантното исламистичко движење Хамас.
Свет
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција

Земјотрес со магнитуда од 6,1 степени е регистриран денеска во западна Турција во регионот Баликесир, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби при Министерството за внатрешни работи на Република Турција (АФАД).
Земјотресот е почувствуван и во Истанбул и низ целиот регион на Мармара и Егејот.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 11 километри, на 52 километри од градот Баликесир.
Свет
Итна седница поради планот на Израел за окупирање на градот Газа

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи итна седница во врска со планот на Израел за заземање и трајно окупирање на градот Газа, соопштено е од седиштето на ОН во Њујорк.
Седницата, чие одржување го побараа пет земји – Данска, Франција, Грција, Велика Британија и Словенија, ќе почне во 10 часот наутро по локално време, односно во 15 часот по централноевропско време.
Според извори од Советот за безбедност, сите држави-членки, освен Соединетите Американски Држави, го поддржаа барањето за одржување на седницата.