Свет
ФБИ: Севернокорејски хакери одговорни за кражба на 100 милиони долари
Две хакерски групи поврзани со Северна Кореја, „Лазарус“ и „АПТ 38“, биле одговорни за кражба на 100 милиони долари во јуни минатата година од американската крипто-компанија „Хармонија“, соопшти Федералното биро за истраги, како што објави „Ројтерс“.
На 13 јануари овие хакерски групи користеле протокол за приватност наречен „Раилган“ за да ја исперат криптовалутата едер, вредна повеќе од 60 милиони долари, присвоена за време на кражбата во јуни и претворена во биткоин, се вели во соопштението на ФБИ.
ФБИ тврди дека Северна Кореја користи кражба и перење криптовалути за да ги поддржи своите програми за балистички ракети и оружје за масовно уништување, пренесе „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

