Свет
„Фокс њуз“: Трамп ќе назначи специјален претставник за мировните преговори во Украина

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп планира да назначи специјален претставник за преговорите со цел изнаоѓање мирно решение за конфликтот во Украина, објави „Фокс њуз“ повикувајќи се на неколку неименувани извори.
„Ќе видите многу искусен специјален пратеник, некој со голем кредибилитет, кој ќе има задача да најде решение за да се постигне мирно решение во Украина. Ќе го видите набргу“, изјавил еден од изворите.
„Фокс њуз“ наведува дека улогата на специјален пратеник не се очекува да биде платена улога и дека Курт Вокер ја извршувал функцијата за украинските преговори на волонтерска основа од 2017 до 2019 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Очекувам да се сретнам со Доналд Трамп во следните два месеци

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се надева дека ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во следните два месеци.
„Очекувам да ја имам таа средба. Тој е премногу зафатен, секогаш е можно нешто да се смени, датумот се уште не е одреден, но знаете дека јас сум многу внимателен кога зборувам за тоа. Тоа би било огромна чест за нашата Србија и верувам дека е изводливо“, изјави Вучиќ.
Зборувајќи за вчерашниот телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, како и за нивната средба во април, Вучиќ рече дека секогаш имаат неколку важни теми за разговор.
„Вчера поминавме низ неколку важни теми. Понекогаш разговараме ненадејно. Како што оди по државен протокол, тоа е закажано и се чека пет до седум дена“, рече Вучиќ.
Свет
Белата куќа: Секоја земја која неправедно се однесува кон САД ќе биде цел на дополнителни царини

Секоја земја што неправедно се однесува кон САД треба да очекува дека ќе биде цел на дополнителни царини, соопшти денеска Белата куќа, два дена пред американскиот претседател Доналд Трамп да ги објави, како што рече, сеопфатните, реципрочни царини.
„Секоја земја што се однесуваше неправедно со американскиот народ треба да очекува да добие царина во среда како реципрочна мерка“, им рече на новинарите портпаролката на Белата куќа Каролин Левит, одбивајќи да даде дополнителни детали, според Ројтерс.
На прашањето дали ќе има исклучоци за земјоделците, таа рече дека „во овој момент нема исклучоци“.
Свет
Силен земјотрес ја погоди Индонезија, се стравува од повредени

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 17:54 часот во Индонезија.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина -10,1246 и географска должина 119,0393.
Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓал на длабочина од приближно 37 километри под површината на земјата во близина на островот Сумба.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Во Мјанмар минатата недела беше регистриран разорен земјотрес со јачина од 7,7 степени.