Свет
(Фото+видео) Голем пожар во Анталија, евакуирани гости од неколку хотели
Шумскиот пожар во округот Аксу во Анталија (Турција) е ставен под контрола, а поради претпазливост синоќа биле евакуирани гости од неколку хотели.
Пожарот избувнал околу 21 часот синоќа. Засега не е утврден причинителот, јавува TRT Haberler.
Поради силен ветер, пожарот брзо се проширил и зафатил голема територија. Противпожарни екипи веднаш биле испратени на терен.
Belek Antalya turizminin kalbi
Şu an cayır cayır yanıyor#Antalya #yangın #yangınvar #Belek #cumartesi #FileninEfeleri #SONDAKİKA pic.twitter.com/5gOyDuHPa9— Muallime (@FatosGzde) September 20, 2025
Гувернерот на Анталија, Хулуси Шахин, рече дека веројатно пожарот избувнал кога земјоделци изгореле отпад близу шумата. Напомена дека пожарот се случил на атрактивна туристичка локација — на границата помеѓу Аксу и Серик, спроти хотели и голф терени. Тој апелираше до граѓаните да бидат особено внимателни во периодот на силни ветрови.
Пожар избувнал и синоќа во округот Алиефенди, близу летувалиштето Аланија. Локалните власти во петок најавиле евакуација на 150 куќи во околината, каде пожарот зафатил пет окрузи.
Alanya saatlerdir yanıyor yeterli müdahaleler yapılmadı yangın söndürme ucaklari gelmedi koskoca bir şehir kaderine terk edildi gündem dahi olamadık… #yangın #alanya #antalya pic.twitter.com/s2NHY7pwOG
— Legitv7 (@Legitv7) September 19, 2025
Според податоци од Генералната дирекција за шумарство, шумски пожари има и во провинциите Мугла и Ајдн.
Во гаснењето на пожарите се вклучени вкупно 14 авиони, 20 хеликоптери и повеќе од 800 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

