Свет
(Фото) Трамп во друштво на Маск и првиот човек на УФЦ
Републиканскиот кандидат Доналд Трамп е фотографиран во друштво на американскиот мултимилијардер Илон Маск и шефот на УФЦ, Ден Вајт.
Маск и Вајт јавно го поддржаа во пресрет на претседателските избори и често се појавуваа на неговите митинзи.
🇺🇸🇺🇸The future is gonna be so 🔥 🇺🇸🇺🇸 pic.twitter.com/x56cqb6oT5
— Elon Musk (@elonmusk) November 6, 2024
„Кога станува збор за политиката, сите знаат за моето долгогодишно пријателство и историја со Доналд Трамп. Обично не ме гледате како многу политички настроен или да се обидувам да влезам во некое од политичките шоуа. Дури и кога зборувам во политички емисии, јас им зборувам на сите. Не зборувам само со десницата, со левицата, со независните“, изјави неодамна Вајт, сопственик на најголемата организација за слободна борба.
Маск, технолошкиот претприемач, кој ги основа „Тесла“ и „Спејс икс“ и ја купи социјалната платформа X (поранешен „Твитер“), неодамна ги нарече овие претседателски избори најважните во нашиот живот.
„Другата страна сака да ви ја одземе слободата на говорот. Сакаат да ви го одземат правото да носите оружје. Сакаат да ви го одземат правото на глас“, рече Маск пред насобраните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Песков: Путин лично му даде азил на Асад
Сирискиот претседател Башар ал Асад и неговото семејство добија азил во Русија, јавуваат руските државни медиуми.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во своето секојдневно обраќање рече дека претседателот Владимир Путин лично ја донел одлуката за давање азил, но одбил да потврди каде се наоѓа моментално Асад, пренесува Фена, а пренесува Дневни аваз.
Песков исто така не кажа кога последен пат се сретнале Путин и Асад и додаде дека не планираат да се сретнат во блиска иднина, јавува Би-Би-Си.
Песков нагласи дека Русија е подготвена да одржува контакти „со оние кои ќе бидат на власт во Сирија“.
Свет
Хеликоптерска несреќа во Турција: 6 лица загинаа, повреден припадник на вооружените сили на Босна и Херцеговина
Министерството за одбрана на Турција соопшти дека шест членови на екипажот загинале при пад на хеликоптер УХ-1, кој изведувал тренажен лет во Испарта во југозападна Турција.
„Еден од нашите хеликоптери УХ-1, кој изведуваше тренажен лет во Испарта, доживеа несреќа и вкупно шест членови на нашиот персонал загинаа“, се вели во соопштението.
Забележано е дека еден член на персоналот кој бил пренесен во болница со сериозни повреди здобиени во хеликоптерската несреќа починал, со што бројот на загинати се искачи на шест.
Министерството за одбрана на Турција упати сочувство до семејствата на загинатите и турските вооружени сили, а на повредениот персонал му посака брзо закрепнување.
Меѓутоа, како што изјави генерал-мајор на вооружените сили на Босна и Херцеговина Мирсад Ахмиќ, во несреќата учествувал и припадник на вооружените сили на Босна и Херцеговина.
„Врз основа на информациите што ги разменивме со нашите колеги од Турција, во моментот на хеликоптерската несреќа во еден хеликоптер имало еден припадник на вооружените сили на Босна и Херцеговина. Нашиот член е добро и моментално сме во комуникација со него и неговото семејство. Министерството за одбрана изразува жалење за несреќата и испративме телеграми со сочувство до Република Турција во врска со смртта на припадниците на вооружените сили на Република Турција. Во контакт сме со родителите, ќе ја следиме понатамошната состојба, а моментално се на редовни лекарски прегледи“, објасни Ахмиќ за Н1.
Свет
Кадиров: Трамп не поставува услови, одлучувачкиот потег за решавање на конфликтот во Украина е на Путин
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави денеска дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп „не поставува услови“ и дека одлучувачкиот чекор во мирното решавање на конфликтот во Украина е на рускиот претседател Владимир Путин.
Кадиров рече дека Трамп може да престане да финансира и испраќа платеници „кои се испратени да го убиваат рускиот народ“, но само Путин може да го направи одлучувачкиот чекор.
„Само нашиот претседател става крај. Се друго се празни муабети“, рече Кадиров, пренесува агенцијата ТАСС.