Свет
Франција заплени британски рибарски брод
Велика Британија во четвртокот го осуди француското запленување на британски рибарски брод во француските води, во контекст на спорот за правата за риболов по брегзитот.
Француската министерка Аник Жирарден изјави дека бродот бил запленет при рутинска контрола во водите во близина на Л Авр во текот на ноќта и не му било дозволено да лови риба во француските територијални води. Уште еден британски брод добил усно предупредување.
Против неговиот капетан може да биде поднесена кривична пријава, а уловот му е одземен, соопшти француското министерство.
Англиската организација на риболовци смета дека пловилото можеби по грешка не фигурира на списокот на пловни објекти на кои им е дозволено да ловат.
Овој потег е знак на решителноста на Франција да не попушти во спорот со Британија доколку нема напредок во преговорите.
Париз се закани со санкции кои вклучуваат дополнителни царински проверки на британските стоки, зголемени тарифи, па дури и намалување на извозот на електрична енергија.
Британската влада оцени дека француската реакција е „разочарувачка и непропорционална“ и дека „не е она што се очекува од близок сојузник и партнер“.
Париз тврди дека Британија одбила на француските рибари да им ги даде сите дозволи за риболов во британските води на кои имаат право, додека Лондон тврди дека им издава дозволи на пловните објекти што ги исполнуваат критериумите.
„Сега мораме да зборуваме со јазикот на силата, бидејќи се чини дека тоа е единственото нешто што оваа британска влада го разбира“, изјави францускиот државен секретар за европски прашања Клемент Бон.
Жирарден нагласи дека Франција не може да го прекине извозот на електрична енергија во Британија, но може да ги зголеми тарифите.
Бари Дис, шеф на британската Национална федерација на организации на рибари, изјави за Би-би-си дека Париз сака да го ескалира спорот како што се приближуваат француските претседателски избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

