Контакт

Свет

Франција ќе ги врати во земјата децата на терористите на ИД во Сирија

Објавено пред

Франција планира да врати во земјата повеќе од 100 деца на борци на Исламската држава што ги држат курдските сили во Сирија. Француските власти ќе одлучуваат на индивидуална основа дали да вратат околу 150 деца, главно на возраст под шест години, што сега ги држат Сириските демократски сили.

„Француските власти сега влегуваат во активна фаза на евалуација на можноста за враќање на малолетниците. Тоа е во најдобар интерес на децата“, изјави официјален претставник за „Телеграф“.

Мајките мора да се согласат да бидат одвоени од своите деца за тие да бидат вратени бидејќи родителите мора да останат во земјите каде што се наоѓаат и да се соочат со правен прогон од страна на локалните власти.

„На оние што извршиле злосторства во Ирак и Сирија мора да им се суди во Ирак и во Сирија“, рече француското МНР. „Исклучок се малолетниците чија ситуација ќе се разгледува одделно и постои посебна должност да се заштитат најдобрите интереси на детето“.

Француската влада соопшти дека побарала репатријација на децата поради стравот дека би можеле да станат радикализирани и да бидат милитанти ако останат во Сирија.

Процесот е комплициран од фактот што Франција не може да ги преземе децата директно од Сириските демократски сили бидејќи тие не се законски признаена власт. Франција исто така нема дипломатски врски со Сирија, што ја спречува да ги земе децата преку владата.

Дипломатски извори велат дека Франција планира да ги предаде децата на владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад во Дамаск, а потоа да бидат префрлени во Либан.

Свет

Универзитетот „Принстон“ се соочува со истрага по признавањето дека има расизам

Објавено пред

Универзитетот „Принстон“ би можел да биде принуден да врати милиони долари од федералното финансирање и да биде парично  казнет поради неодамнешното признавање на неговиот претседател дека во оваа институција од „Ајви лигата“ расизмот се уште опстојува, пренесува „Њујорк пост“.

Во писмото до претседателот на „Принстон“, Кристофер Ајзгрубер, Министерството за образование на САД вели дека отвора истрага за писмото од 2 септември во кое тој ги истакнува „напорите на училиштето да се избори против системскиот расизам“.

„Меѓу другото, рековте дека расизмот и штетата што им ја нанесува на обоените луѓето продолжуваат на „Принстон“ , а расните претпоставкиа остануваат вкоренета во структурите на универзитетот“, напиша помошник-секретарот Роберт Кинг од Канцеларијата за терцијарно образование.

„Признатиот“ расизам на „Принстон“ покренува прашања за точноста на гаранциите за недискриминација и еднакви можности што му се доставуваат на Министерството за образование во замена за повеќе од 75 милиони долари пари од даночни обврзници откако Ајзгрубер ја презеде функцијата во 2013 година, вели Кинг.

Официјалните лица се загрижени и дека многуте тврдења на „Принстон“ за недискриминација и еднакви можности дадени на учениците, родителите и потрошувачите на пазарот за сертификати за образование можеби биле лажни, погрешни и лажно прикажани.

Во писмото на Кинг се бара од „Принстон“ да даде мноштво досиеја и писмени одговори на прашања во рок од три недели, а Ајзгрубер и назначен корпоративен претставник да бидат достапни за транскрибирани интервјуа, под заклетва, во рок од четири недели.

„Врз основа на фактите, секретарот за образование, Бетси ДеВос,  може да разгледа мерки против „Принстон“ за давање лажни гаранции за недискриминација во Договорот за учество во програмата, вклучително и мерки за враќање на средствата. Исто така, таа може да разгледа мерки против „Принстон“ за дадени значителни погрешни прикази за природата на неговата образовна програма, вклучително и казнена постапка “, напиша Кинг.

Во писмото, за кое во четвртокот прво пишуваше „Вашингтон егзаминер“, Кинг истакна дека сојузните службеници биле свесни за предизвиците што ги носи Ковид-19 за високообразовните институции.

„Сепак, сериозната, дури и шокантна природа на признанијата од „Принстон“ го принудува министерството да реагира со соодветна брзина“, додаде тој.

Истрагата ќе ја спроведе Канцеларијата на генералниот совет на Министерството за образование, а предметот е упатен и до Одделот за граѓански права при Министерството за правда на САД и Канцеларијата за граѓански права на Министерството за образование за какво било дополнително дејствие што тие го сметаат за соодветно, рече Кинг.

Портпаролот на „Принстон“, Бен Чанг, во писмената изјава рече дека универзитетот ќе му одговори на Министерството за образование во догледно време.

„Жално е што министерствто навидум верува дека искрената борба со историјата на нацијата и сегашните ефекти на системскиот расизам е непочитување на постојниот закон. Универзитетот не се согласува и едвај чека да ја унапреди нашата образовна мисија со објаснување зошто нашите изјави и постапки се во согласност не само со законот, туку и со највисоките идеали и стремежи на оваа земја “, напиша Чанг.

Прикажи повеќе...

Свет

Палестински имами: Арапско-израелските мировни договори се велепредавство осудено од Алах

Објавено пред

Палестинските власти им наложиле на муслиманските свештеници на целиот Западен Брег денеска да одржат проповед со предупредување против договорите потпишани меѓу Израел и ОАЕ и Бахреин неделава, велејќи дека овие сојузи со Евреите се велепредавство и се осудени од самиот Алах, посочува текстот преведен од мониторинг-групата „Палестиниан медија воч“.

Министерството за верски прашања на Палестинската самоуправа, кое секоја недела дистрибуира инструкции во кои се наведени идеите што треба да се проповедаат во сите џамии во Палестина, им наложи на имамите да ги повикаат арапскиот и муслиманскиот свет да го соборат договорот за понижување и велепредавство од ОАЕ и Бахреин.

Т.н. Аврамски спогодби потпишани на церемонијата во Белата куќа во понеделникот се за унапредување на културата на мирот меѓу трите аврамски религии и целото човештво.

Сепак, верниците во џамиите во Палестина беа потсетени дека „нема ништо што ѝ штети на Палестина и на нејзините свети места повеќе од сојуз со Евреите, да бидат поврзани со нив и да се потпрат на нив“.

„Послушноста кон Евреите и влечењето по нив ќе ја одведе нацијата кон слабост, беззаконие, понижување и срам“, се вели во документот.

Овие изјави беа поткрепени со цитати од Куранот, вклучувајќи ја и Сурата 2: 120, во која се вели: „И никогаш Евреите и христијаните, додека не ја прифатиш верата нивна, нема да бидат задоволни со тебе “.

Верниците биле предупредуваат дека нормализацијата на односите со ционистичкиот ентитет е велепредавство против Палестина, Ерусалим, крвта на мачениците и страдањата на затворениците, потсетувајќи ги на палестинските терористи живи и мртви.

Палестинското раководство жестоко ги критикуваше и двата договора како „убод во грбот“. Претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, ги опиша ОАЕ како „предавник на татковината и нашата кауза“ и рече дека нивната одлука за нормализирање на врските со Израел е „отровен бодеж“.

Палестинците се повеќе се изолираат од другите арапски нации. Во низата понижувања, Советот за соработка во Заливот (ГЦЦ) побара извинување од Абас и од Палестинската самоуправа за употребата на „неодговорен јазик на поттикнување и закани“, а Арапската лига поништи резолуција со која се осудува ОАЕ во врска со договорот со Израел.

Прикажи повеќе...

Свет

Одлучено: Трамп ги забрани „ТикТок“ и „ВеЧат“

Објавено пред

Доналд Трамп одлучи да преземе радикален потег против кинеските апликации.

Министерството за трговија на САД објави дека од недела ќе ги забрани бизнис-трансакции помеѓу САД и апликациите „ТикТок“ и „ВеЧат“.

Ова значи дека, почнувајќи од задутре, ќе биде невозможно да се преземат тие апликации на територијата на САД.

Наскоро ќе се открие дали американскиот „Оракл“ ќе преземе дел од бизнисот на „ТикТок“ во таа земја и не е јасно дали оваа објава на американското Министерство за трговија значи дека Трамп нема да објави што се случува на релацијата Оракл-ТикТок до недела.

„Под упатства на претседателот, презедовме значителни чекори за борба против кинеската злоупотреба на податоците на американските граѓани“, рече државниот секретар Вилбур Рос.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

Мицкоски: Јанкулоска ја судеа без докази затоа што не одбра да биде слуга во скутот на Заев

„Мафијата на власт потроши над 8 милиони евра за службени возила, а за набавка на едно службено возило кое го...

Македонија1 час

40 илјади деца немаат компјутери за да следат онлајн настава

Училиштата ќе отпечатат материјали за учење од дома за 40 илјади деца кои немаат техничка опрема за следење на онлајн...

Македонија2 часа

Интегра го тужи Мицкоски, од него бара 100 илјади евра за клевета

Партијата Интегра поднесе тужба против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку која бара 100.000 евра, поради изнесени клевети и лаги...

Македонија2 часа

Обвинителството поднесе жалба за условната казна за сообраќајната несреќа кај Млечен ресторан

Основното јавно обвинителство Скопје до Апелациониот суд поднесе жалба на пресудата за условна казна за сообраќајната несреќа што пред две...

Регион3 часа

(Видео) Редок циклон пристигна во Грција, јахти летаат на сите страни

Исклучително редок медитерански циклон, „медикејн“, кого Грците го нарекоа Јанис, погоди делови oд Грција. Медиумите јавуваат дека јахтите се удираат...

Свет4 часа

Национален парк на Тајланд по пошта им го враќа на туристите ѓубрето што го оставиле зад себе

Посетителите на националните паркови на Тајланд, по враќањето дома, може да почнат да добиваат пакети во кои им е испратено...

Македонија4 часа

Јанкулоска оди во затвор, Врховниот суд ја потврди пресудата

Врховниот суд, по една година вонредно преиспитување на предметот „Тенк“, ја потврди четиригодишната затворска казна, која ѝ беше изречена на...

Регион4 часа

Балканот се подготвува за исклучително редок метеоролошки феномен

Грција почна со подготовки за редок вид бура, медитеранскиот ураган познат како медиган. Според хрватскиот „Јутарњи лист“, се очекува невремето...

Македонија4 часа

Се расчистува дивата депонија кај СЦ „Борис Трајковски“

Општина Карпош почна со чистење на теренот во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, кој изминатава недела гореше во два...

Свет5 часа

СЗО: Рекорден број нови случаи во Европа, пред нас е сериозна ситуација

Најновиот неделен биланс на бројот на нови случаи на коронавирус во Европа ги надмина бројките забележани кога пандемијата првпат го...

Свет5 часа

Кина спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против Ковид-19

Кинескиот министер за наука и технологија, Ванг Џиганг, изјави дека земјата во моментот спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против...

Економија5 часа

Жените сè уште значително помалку платени од мажите за иста работа

Надлежните институции во соработка со приватниот сектор и синдикатите да развијат ефикасен механизам кој ќе придонесе за изедначување на платите...

Топ6 часа

Тачи на Трамп ќе му додели Орден на слободата

Косово ќе му ја додели највисоката награда на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата улога во помагањето на Косово и...

Европа6 часа

Чешка соборува рекорди: за еден ден 3.130 нови случаи на Ковид-19

Во Чешка се регистрирани 3.130 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е најголем број нови случаи за...

Свет6 часа

Повеќе од 200 озлогласени криминалци избегаа од затвор

Затвореници во Уганда успеале да ги совладаат чуварите и најмалку 219 од нив успеаја да избегаат од затворот со петнаесетина...

Регион6 часа

(Видео) Голем пожар во Мостар, состојбата е критична

Огромен пожар избувна синоќа во јужните предградија на Мостар, пренесуваат босанските медиуми. Според нив, пожарот зафатил површина од неколку километри,...

Македонија18 часа

Мајките на протест, бараат породилното отсуство да биде продолжено до крајот на годинава

Со барање за укинување на одлуката на 23 септември да се вратат на работа, мајките на деца до шестгодишна возраст...

Топ18 часа

Лажна дојава ја блокираше „Партизанска“ – место бомба, пронајдена вага

Голем број полициски екипи има пред познатата пекарница „Силбо“ во Скопје. Според досегашните информации од полицијата, станувало збор за дојава...

Свет18 часа

Навални номиниран за Нобелова награда

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е номиниран за Нобелова награда за мир, најави Сергеј Ерофеев, професор на универзитетот „Рутгерс“ во...

Македонија19 часа

Мицкоски: Власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на нападот на Палевски

Власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на ваквиот крвав инцидент, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по веста...

Досие