Контакт

Свет

Француската војска ликвидира регионален водач на Ал каеда во Мали

Објавено пред

Француските сили го убија воениот водач на северноафриканското крило на Ал каеда за време на операцијата во северниот дел на Мали, објави министерката за одбрана на Франција, Флоренс Парли.

Поранешниот полковник на армијата на Мали, Бах аг Муса, познат и како Бамуза Дијара, е убиен во операцијата на француските сили, објави „Ројтерс“.

Клучната фигура во џихадистичкото движење во Сахел се верува дека е одговорна за неколку напади врз меѓународните сили и силите на Мали, се вели во изјавата на француската министерка за одбрана, Флоренс Парли.

Бах аг Муса беше десна рака на водачот на најпознатата џихадистичка група во Мали, ЈНИМ (Јама ат Нусрат ел-Ислам вал Муслимин), кој редовно напаѓаше војници и цивили во Мали и Буркина Фасо.

Потегот на Франција следуваше по низата операции во изминатите неколку недели, во кои војниците од оваа земја убија десетици исламисти.

Франција распореди повеќе од 5.100 војници распоредени во целиот регион, а во голем број во Мали, каде што спроведува акции против милитантите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Во Србија 7.782 новозаболени од коронавирус, 69 починати

Објавено пред

Во последните 24 часа во Србија се тестирани 22.497 лица, од кои 7.782 се новозаразени. Починале 69 лица, а 270 пациенти се приклучени на апарати за дишење.

Во институциите за социјална грижа и домовите за возрасни и стари лица во Србија, потврдено е присуство на коронавирус кај 1.677 корисници и 738 вработени, објави Министерството за труд.

Вкупниот број на излекувани корисници на установи за социјална заштита е 1.488, а бројот на излекувани лица кои се вработени во институциите за социјална заштита е 649.

Прикажи повеќе...

Регион

Во БиХ 52 смртни случаи и 1.200 новозаразени

Објавено пред

Уште 52 лица починаа во Босна и Херцеговина како последица на коронавирус, додека повеќе од 1.200 нови случаи беа пријавени во земјата денеска, според податоците објавени од институтите за јавно здравје.

И покрај тоа што дневниот број на нови инфекции во текот на целата недела е значително помал отколку во Хрватска или Србија, сепак бројот на смртни случаи во БиХ е сè уште релативно голем, а од почетокот на епидемијата во март до сега е 2.864.

Во четвртокот регистрирани се 24 нови смртни случаи во Федерацијата БиХ, каде што тестовите идентификуваа 832 нови случаи на инфекција, додека во Република Српска имало 28 починати и 383 новозаразени.

Во изминатите 24 часа, тестирани се нешто повеќе од четири илјади примероци.

Во БиХ сè уште се на сила релативно благи рестриктивни мерки, освен во областа Брчко, a на сите угостителски објекти им е дозволено да работат во согласност со епидемиолошките мерки. Носењето заштитни маски е задолжително на отворено, а ноќе има мерка за ограничување на движењето за луѓето кои не се врзани со работни циклуси.

Прикажи повеќе...

Свет

Во Северна Кореја стрелан маж поради кршење на корона-правилата

Објавено пред

Северна Кореја одржа јавна егзекуција пред стрелачки вод за да го казни граѓанинот за кршење на правилата утврдени поради коронавирусот, велат извори од таа земја.

Мажот обвинет за шверц преку затворената граница со Кина бил застрелан на 28 ноември, со цел да се исплашат луѓето и да ги натераат да ги следат правилата, пренесува Радио Слободна Азија.

Иако Северна Кореја официјално тврди дека немала случаи на Ковид-19, режимот на Ким Џонг-Ун воведе итни мерки на карантин на високо ниво и на војниците им е наредено да пукаат во минувачите на кинеската граница, велат извори.

„Стрелачкиот вод изврши јавна егзекуција за да им се закани на жителите околу границата, бидејќи имаше многу контакти со луѓето од другата страна на границата, вклучително и криумчарење“, рече изворот.

Убиениот маж наводно имал педесетина години и бил обвинет за криумчарење со кинески деловни партнери преку границата, која беше затворена во поголемиот дел од 2020 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Мицкоски: Од комисијата има признание дека се преговара за идентитетот, Заев лажеше

Од изјавите на историчарите од комисиите дознаваме дека бугарската страна се противи за терминот Македонски кој што го означува нашиот...

Македонија46 минути

Историската комисија заглави кај цар Самуил, спорна придавката македонски

Мешовитата македонско-бугарска историска комисија на 11. средба не постигна напредок во преговорите. Историчарите се обиделе да ги надминат разликите за...

Македонија1 час

Вакцинирањето во земјата ќе почне до март и ќе биде бесплатно

Вакцинирањето против Ковид-19 ќе почне во првите два-три месеци в година, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Ќе се примаат...

Македонија3 часа

Холандската амбасада демантира дека Холандија го поддржува ветото

Холандската амбасада попладнево ја демантира и ја оценува како лажна вест информацијата дека Холандија го поддржала бугарското вето за Северна...

Европа4 часа

„Астразенека“ и „Оксфорд“ презентираа различни тврдења за нивната вакцина

Компанијата „Астразенека“ и Универзитетот Оксфорд дадоа спротивставени тврдења за начинот на дозирање на нивната вакцина против коронавирус, што е редок...

Македонија5 часа

Нефи Усеини не е повеќе советник во Општина Охрид

Дванаесет советници на Општина Охрид гласаа „за“ прифаќање на оставката поднесена од охридскиот светник Нефи Усеини. На наредната седница Советот...

Македонија6 часа

Пензионерите бараат приоритет за вакцинирање против Ковид-19

Сојузот на здруженија на пензионери апелира приоритет при вакцинирањето против Ковид-19 да имаат пензионерите. „Во име на над 300.000 возрасни...

Топ7 часа

Разбиена криминална група која шверцувала дрога во македонски затвори

Криминалистичката полиција во соработка со СВР Скопје, поднесе кривична пријава против 27-годишниот А.М. од Дебар, поради сомнение за сторено продолжено...

Регион7 часа

(Видео) Силна експлозија во центарот на Белград, еден загинат и двајца повредени

Утрово, нешто пред 10 часот, се случи силна експлозија пред зградата на српската државна телевизија РТС во Белград. Едно лице...

Топ8 часа

Кавадарчанец со секира се обидел да ја убие сопругата, па загинал фрлајќи се во река

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со увидна екипа од МВР изврши увид во куќа во селото Шивец...

Регион8 часа

Курц: Секој што ме познава знае колку сум приврзан за Балканот

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, реагираше на критиките кон него поради изјавата дека повратниците од годишниот одмор го донеле коронавирусот во...

Македонија9 часа

Македонските и бугарските историчари и денеска ќе расправаат за средновековниот и раноосманлискиот период

Македонско-бугарската мешовита комисија за историски и образовни прашања и денеска ќе расправа за средновековниот и раноосманлискиот период, по состанокот одржан...

Македонија9 часа

(Видео) Пендаровски: Здравствените производи треба да бидат достапни за сите

Здравствените производи со сертифициран квалитет треба да бидат достапни за сите, истакна претседателот Стево Пендаровски во обраќање на специјалнатата сесија на...

Македонија9 часа

Градоначалниците на Битола и Гостивар се позитивни на коронавирус

Градоначалниците на општините Битола и Гостивар – Наташа Петровска и Арбен Таравари, преку социјалните мрежи известија дека се заразени со...

Регион9 часа

ЕУ и Грција ќе формираат нов прифатен центар на Лезбос

Европската комисија потпиша меморандум во кој се опишува деталниот план договорен меѓу грчките власти и агенциите на Европската Унија за...

Свет10 часа

„Модерна“: Околу 100 милиони вакцини против корона ќе бидат достапни на почетокот на годината

Американската фармацевтска компанија „Модерна“ објави дека очекува да може да испорача меѓу 100 и 125 милиони дози на експерименталната вакцина...

Европа23 часа

Шведска ги отфрла препораките на СЗО, тамошните експерти велат дека маски не се потребни

Сè уште нема потреба да се носат маски во Шведска, изјави денес водечкиот здравствен службеник во оваа скандинавска земја со...

Македонија24 часа

Заев: Да профитираме од извоз на сушен цвет од канабис, а дома да ја легализираме марихуаната

Ако успее парламентот до крајот на годината да го донесе законот за измени и дополнување на Законот за опојнит дроги...

Македонија1 ден

1.342 новозаразени од Ковид-19, починаа 22 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.399 тестирања, а регистрирани се 1.342 нови случаја на...

Македонија1 ден

МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА бараат во преговорите со Бугарија да не се погази достоинството на народот

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Македонската православна црква (МПЦ-ОА) и Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) истапија со...

Досие