Контакт

Свет

ФСБ: Водечките ИТ-фирми не соработуваат со специјалните служби, а терористите го користат тоа

Објавено пред

Директорот на руската Федерална служба за безбедност, Александар Бортњиков, вели дека несоработката на водечките светски ИТ-компании со специјалните служби во борбата против тероризмот во сајбер-просторот претставува голем проблем што им оди во прилог на терористите, пренесува „Спутник“.

Како што појасни Бортњиков, основниот инструмент за комуникација и понатаму се интернет-месинџерите, кои се шифрирани, што претставува проблем за специјалните служби.

„Способноста на хакерите што работат за терористите да ги маскираат своите сајбер-напади и да ги претстават како напади од одредена земја може да доведе до реални политички и воени конфликти“, предупреди тој.

Бортњиков укажа и на тоа дека е во пораст заканата од користење на новите безжични технологии, кои не зависат од мобилните оператори или од конекцијата на интернет, при изведувањето на терористичките напади.

Меѓу другото, тој ја спомена вештачката интелигенција, која им е широко достапна на сите, па и на терористите, кои би можеле да ја искористат при изведувањето напади.

Кога станува збор за Русија, Бортњиков вели дека безбедносните служби блокирале околу 8.000 интернет-страници чија содржина била составена од терористичка пропаганда. Покрај тоа, ФСБ спречила 39 терористички напади само во 2019 година на територијата на Руската Федерација, а 32 терористи биле ликвидирани.

Регион

Нови мерки во Црна Гора: Кафулињата се отворени до 23 часот, полициски час од полноќ

Објавено пред

Министерката за здравство на Црна Гора, Јелена Боровиниќ-Бојовиќ, најави дека од сабота до 23 април ќе биде забрането напуштање на станбената зграда по полноќ, пазарите и продавниците ќе бидат отворени од 7 до 22 часот, а угостителските објекти од 7 часот наутро до 23 часот, известуваат медиумите во таа земја.

Истите мерки што ќе се применуваат од 17 до 23 април во Подгорица и Даниловград, претходно важеа за општините Плав, Гусиње, Петњица, Херцег Нови, Забjак, Тиват, Котор, Плузин, Будва, Тузи, Рожаје, Бар, Улцињ, Бијело Поjeе и Цетиње.

Во Никшиќ, Мојковац, Беране, Колачин, Шавник и Андријевица, сегашните мерки се прошируваат, бидејќи бројот на заразени лица на 100.000 жители е поголем од 800, рече Боровиниќ Бојовиќ.

Организирање забавни и рекреативни активности за деца и возрасни на отворени јавни места сè уште е забрането, а забраната за меѓуградски сообраќај за време на викендот останува во сила, рече таа.

Боровиниќ Бојовиќ рече дека контингент од 200.000 вакцини, а можеби и повеќе се очекува до крајот на април, а масовната вакцинација ќе започне три или пет дена подоцна.

Прикажи повеќе...

Европа

„Фајзер“ или „Модерна“ им се препорачуваат на бремените жени во Велика Британија

Објавено пред

Бремените жени во Велика Британија треба да се вакцинираат со вакцината на „Фајзер“ или на „Модерна“ затоа што постојат реални податоци дека се побезбедни, објавија институциите што ги издаваат упатствата за вакцинација.

Заедничката комисија за вакцинација и имунизација изјави дека околу 90. 000 бремени жени биле вакцинирани во САД, претежно со тие две вакцини и дека немало сериозни несакани ефекти.

„Врз основа на овие податоци, комисијата советува бремените жени во Велика Британија да примааат вакцини на ‘Фајзер/Бионтек’ или на ‘Модерна’ секогаш кога е тоа е можно“, се вели во соопштението.

„Нема докази дека другите вакцини се небезбедни за бремени жени, но потребно е дополнително тестирање“, додаваат од комисијата.

На бремените жени во Велика Британија претходно им беше советувано да не се вакцинираат затоа што нема доволно податоци за несаканите ефекти.

Прикажи повеќе...

Европа

ЕУ: Ситуацијата на Западен Балкан бара отворена дебата

Објавено пред

Министрите за надворешни работи на ЕУ на следниот состанок закажан за 10 мај со физичко присуство како тема ќе го имаат Западен Балкан, а Советот на ЕУ нагласува дека ситуацијата во регионот бара физичко присуство и искрена и отворена дебата на министрите на ЕУ, пренесуваат медиумите во регионот.

„Ситуацијата на Западен Балкан се менува во различни насоки, не сите се позитивни и затоа мора да имаме добра дебата во живо“, рече официјалниот претставник на ЕУ.

Во пресрет на видеоконференцијата на Советот на ЕУ, што ќе се одржи на 19 април, во Брисел, тие потенцираат дека дебатата за Западен Балкан е избришана од агендата на состанокот исклучително поради техничките промени за одржување на самиот состанок кој првично бил планиран да се одржи со физичко присуство на сите министри во Луксембург.

„Западен Балкан бара искрен и отворен разговор меѓу министрите, во консултација со Мирослав Лајчак. „Од Косово, преку БиХ до проширувањето, имаме голем број важни прашања и затоа има потреба оваа дебата да се одржи во живо“, констатирале во Брисел.

Се додава дека Западен Балкан е веројатно „првата точка на агендата на шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел“.

„Тој го потенцираше тоа на почетокот на неговиот мандат, и тоа сè уште е случај“, заклучи официјалниот претставник на ЕУ.

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за ситуацијата во Украина, Грузија, Етиопија, Индија и Мјанмар на видео конференција на 19 април, пишуваат медиумите.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион3 часа

Јанша го негира нон-пејперот: Тој документ не постои

Нема документ, па дури и нон-пејпер, со кој Словенија би се залагала за промена на границите на Балканот, е пораката...

Македонија5 часа

Судот одреди домашен притвор за Драги Рашковски

Ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, доби домашен притвор, кој му е изречен од Кривичниот суд. Судијата кој одлучуваше, го...

Македонија7 часа

Нови 908 заболени и 31 починат од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 3.616 тестирања, а регистрирани се 908 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија7 часа

Заев за Рашковски: Нема недопирливи, но никој не е виновен додека за него не се докаже вина

Во однос на истрагата за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, премиерот Заев вели дека нема недопирливи, но пресумцијата...

Македонија9 часа

Богдановиќ укажува дека ако се суспендира планот за зградите кај „Холидеј ин“, штетата ќе ја платат граѓаните

Во стариот Закон за урбанистичкото планирање општините немаа никакво ограничување за тоа колку да трае суспензијата или неспроведувањето на плановите...

Македонија9 часа

Филипче: Ќе преговараме Институтот „Торлак“ да ни стане стратешки партнер за набавка на вакцини

Министерството за здравство следната недела ќе преговара со српскиот Институт за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ да стане наш стртепки...

Свет11 час

СЗО: Стапката на новозаразени се ближи до нов рекорд

Бројот на нови случаи на коронавирус во светот на неделно ниво е речиси двојно зголемен во последните два месеца и...

Европа12 часа

Првите „ковид-фри“ возови од денес превезуваат патници од Рим до Милано

Денес, тргнуваат специјални „ковид-фри“ возови, во кои патниците ќе може да се качуваат само со негативен тест на коронавирус, што...

Регион12 часа

„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу

Граѓаните на Србија развија имунитет најбргу со вакцината на „Фајзер“ и тоа две недели по првата доза, што е за...

Македонија12 часа

Во болниците во земјата се лекуваат 1.708 ковид-пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во земјата е пријавено дека се лекуваат вкупно 1.708 пациенти со коронавирус...

Регион13 часа

Србија ги отвора училиштата

Кризниот штаб на Србија донесе одлука децата да се вратат на училиште. Според членот на Кризниот штаб, Предраг Кон, состојбата...

Македонија13 часа

Приведен Драги Рашковски, Обвинителството бара притвор

Полицијата го приведе поранешниот секретар во кабинетот на премиерот и поранешен генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, во рамките на истрагата...

Европа1 ден

Четири лица починаа по примањето на вакцината на „Астразенека“ во Италија

Четири лица во Италија починаа од ретки тромби, откако беа вакцинирани со вакцината на „Астразенека“, се вели во извештајот на...

Македонија1 ден

Во Македонија 890 нови случаи на коронавирус, 35 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 890 нови случаи на коронавирус, 35 лица починаа, а оздравени се 1.024...

Македонија1 ден

Мицкоски: Илјадници луѓе се заведени во Избирачкиот список со два матични броја

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, на денешниот брифинг со новинарите обелодени нов скандал со назив „Мафија 2“, кој се однесува...

Европа1 ден

Фон дер Лаен обвинета за кршење на дипломатскиот протокол

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, е обвинета за кршење на дипломатскиот протокол како одговор на поканата на...

Македонија1 ден

Кинеските вакцини ќе пристигнат на 28 април

Министерот за здравство најави дека на 28 април во земјата ќе стигнат 200 илјади кинески вакцини додавајќи дека потврдата ја...

Регион1 ден

Објавен нон-пејперот што го потресе регионот: предлози за нови граници на Балканот

Словенечкиот портал „Нецензурирано“ го објави нон-пејперот, односно неофицијалниот дипломатски документ за новите поделби на територијата на поранешна Југославија. Документот, кој...

Регион2 дена

Борисов ја достави оставката пред Националното собрание

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, утрово ја достави оставката пред новоизбраното 45-то Национално собрание на раководениот од него Совет на министрите,...

Европа2 дена

Две години од пожарот во „Нотр Дам“ – се очекува катедралата повторно да биде отворена во 2024

Катедралата „Нотр Дам“ во Париз, уништена во пожар пред две години, повторно ќе биде отворена во 2024 година, вети во...

Досие